епа вака, прво го читам целиот дел, па после го учам пасос по пасос, и на крај го повторувам целиот дел, инаку паралелно со тоа подвлекувам, обележувам, шкртам- кога се нервирам дека нешто не ми оди
Навечер имам најдобра концентрација а учам неколку дена пред испит. Читам еден дел, потцртувам најбитни работи, го повтарам, одам на друг дел, потоа ги повтарам двата дела заедно, па трет и така целата скрипта.
Секогаш учам во моја соба, на топличко лежејќи во кревет, никако неможам на биро хихи мора да биде тишина, не сакам никаква музика ни тивка ни гласна, не можам некој да ми седи во соба зашто ми руши концентрација а учам на глас, и мрзам коа само ми влагаат и излагаат од соба.и брат ми кога ме брка од соба да седне на пц. ке прочитам една реченица па ке ја повторам, или едно пасусче ке го прочитам два три пати ке го повторам па после првата страна ке ја повторам цела после втората, накрај ке ги одговорам прашањата на крајот од лекцијата.единствено не учам математика не ни сваќам ни ме интересира и хемија страшно мрзам.физика текстот го учам најчесто задачите не ги знам хаха тие лекции шо ми се интересни и лесни, ме интересираат ги учам брзо или тие од тој предмет шо го сакам, на пример биологија и историја така така.зависи какви лекции ке ми се паднат.за прва светска ми се баш боза.географија баш не сакам, не ми се свига и така.еве сеа ке идам да учам историја утре ке ни става оценки, па да глеам да научам. поззи^^
Дефинитивно најубаво време за учење ми е од 23 - 3/4h наутро, учам во седечка положба најчесто на биро, зашто ако седнам во кревет под ќебенце на топло знам и за задремам и ништо од учењето Инаку, имам добра фото-меморија па користам маркери во боја и ми помагаат полесно да запомтам што каде се наоѓа и не практикувам да `бубам` по цели саати и на крај резултат = ништо! Така правев само во втора год. кога имавме социологија .. едноставно не ми одат општествените науки
најпрво ја читам целата лекција, да ја запознаам суштината и да ги забележам главните делови. потоа ја делам лекцијата на пасоси, го поцртувам со маркер најважното, и до пасосот (од страната) исто така го пишувам најважното (само по мое, за како да го сфатам , оти не знам на памет да учам). така ја разработувам целата лекција, и потоа целата ја раскажувам (онака со шепкање никогаш на глас, или во себе). понекогаш ако ептен е за напамет (набројувања или слично ) правам еден убав шаблон на лист хартија и според тоа го учам. па така на испит ми се појавува сликата пред мене (шаблонот) и полесно го препознавам или го раскажувам потребното. не сум кажала когааа? е па после 10 навечер, и до сабааајле најубав период за учење
Обавезно навечер, никако на денска светлина. И по добро познатата формула-читање пасус по пасус на глас, па повтарање на целата лекција..
Го читам текстот,подвлекувам најбитни ствари и го учам.Што запамтам-запамтам ,само пред колоквиуми и испити ќе го преповторам материјалот уште еднаш и толку
Време, секогаш после 6 попладне! Наспиена, најадена. Читам дел по дел, па тој дел си го раскажувам во себе. Секогаш лекцијата си ја анализирам во глава, како приказна, за да ја запамтам повеќе. + никогаш не учам на памет. Добро освен некои важни дати, и зборови кои ќе ги сретнам прв пат.
Читам. На глас. Во исто време ги сврзувам работите.... ...на пример, анатомија или физиологија, сликовито ќе си ги прикажам стварите (посебно за вториов предмет) или ќе ги најдам тие и тие коски на раката, ногата, градниот кош. Значи учам со разбирање, плус ме занима премногу, така да тоа и не го доживувам како некое учење, повеќе како листање на списание. А за другите, пример хемија, вежбам равенки ова-она, македонски и сл. апстрактни предмети (за мене се апстрактни) учам на памет.
А и заборавив да кажам моиве секад ме замараат да учам одма после школо а ја не можам така.морам првин да се одморам да се изнаглеам ТВ да јадам и така негде почнувам од 3 ипол, 4 па натака .и пред да седнам да учам ќе и се помолам на книгата ке ја гледам ке ја листам ќе глеам некои др работи што не ми се за сеа, ќе си ги читам од што ми се интересни, на пример биологија пошо ептен сакам. еве сега учевме за сите коски на човекот а пошто тоа е многу обемен материјал 5 страни ни се и ем напишано на ептен високо ниво ко за на медицина полесно ми беше сликовито да си претставам, на мене си покажував кај е таа коска, ги гледав сликите и така. мн е полесно така гледајќи ги сликите - фото меморија и кога правев сеа тест биологија ми искочи пред глава таа лекција и ич не ми текнуваше баш таму што пишуваше и ми текна на сликата и што беше обележано на нејзе и си напишав и си добив 4 на 5 хах така и на др тестови ми се дешава, таму кај што има слики обележано на нив верувајте, помага
Јас учам навечер, некако преку ден не ми одговара. Инаку можам да кажам дека лесно го совладувам материјалот. Брзо паметам, така да некогаш е доволно и едно читање. Обично учам ден-два пред испит, секоја вечер и до сега супер поени си вадам .
Ако главата не ми е тука, односно ако мозокот ми е на пасење, тешко иде потребно ми е милион пати да го прочитам и кажам, за да го научам. А ако сум сконцентрирана максимално, и читам со разбирање, тогаш доволни се и до 1-2 читања. Најубаво учам отсабајле. Имам приметено дека истиот материјал ке го научам за дупло пократко време наутро отколку навечер. Мозокот буквално ми упива се, и баш ми е драго но тоа не значи и дека навечер не учам.
Учам најчесто навечер и многу брзо. Доволно ми е да ја прочитам неколку пати лекцијата. Но за историја да не зборуваме, да седам да учам 3 часа нема повторно да научам, па затоа не ја ни отварам книгата
Порано ноќе учев, ама по саат и пол... Сега се будам, одам во библиотека, учам по 2-3 саати, после дома, ќе повторувам, го делам материалот, на пример-30 стр денес, па уште 30 утре, ги запишувам дефинициите и се обидувам напамет да ги научам, и така. Понекогаш ќе испадне нешто, и нема да можам да учам, ама whatever , ќе поминам, немам многу за учење.
Секогаш учам преку ден, ќе станам накај 10 саат и веќе во 11 саат сум на книга до 16 саат максимум, со паузи нормално, потоа тоа сум слободна за шетање, ако земам навечер да учам ќе заспијам во рок од 10 мин па и да не ми се спие Најчесто го делам материјалот, денеска 20 страни да поминам, па утрето повторувам тоа што сум научила претходниот ден, да не го заборавам, јас така глупичка и после си учам новите 20 тина страни. Само што проблемот е тоа шти никогаш не научувам тоа што ми е планирано
Откако сум на факултет се навикнав да учам навечер. Најмногу концентрација имам навечер, па до сабајле. Од голема помош ми е што одам редовно на предавања, па материјалот го слушам таму и дома го читам за да ги изработам вежбите, па ми е полесно за разбирање и учење и во итни случаи само го читам и толку. Понекогаш чекам до последен момент - неколку дена пред испит, па учам со полна пареа и дење и ноќе. Кога учам, учам со разбирање, гледам да го сфатам тоа што го читам, па го повторувам за да ми стане појасно и за да го научам. Прво правам план што ми е за учење и си распределувам кој ден што ќе научам, па седнувам, читам, потцртувам понекогаш и во тетратка ги запишувам најважните работи, зашто полесно учам така,па ги повторувам и тоа е тоа. Кога ситуацијата е нож до коска само читам за да ја сфатам суштината и тоа што мислам дека е поважно го повторувам.
Јас најдобро учам навечер, има тишина и плус нема што друго да се прави Секогаш запишувам и си правам планови со различни бои, за полесно да запамтам. Учам прилично брзо. Секогаш седнувам пред испит, што е нели лошо треба редовно ама реално кој го прави тоа?????
Порано учев поредовоно, секоја лекција, но сега учам пред тест. Седнувам читам еднаш и прочитаното го раскажувам на лист. Потоа уште еднаш до два пати читам од листовите и спремна сум за другиот ден, било за испражување или за тест!
Мм, јас сум најчесто навикната да учам попладне, некаде од четири часот до 6 ипол, седум.. А ако следниот ден имам испрашување или тест, учам и до 8, 9, 10.. Некогаш се случува и до 11 да заглавам. Ама сега како што ќе тргнам во средно, верувам дека бетер од ова ќе биде. Е, сега сакам да ве прашам нешто. На пример, кога сте втора смена во школо и седмиот час ви завршува во 7 и 15, потоа најчесто се возите со автобус нели и дома стигнувате да речеме во 8 - потполно изморени, истоштени, мислејќи само на храна или па уште подобро.. кревет. Епа, тогаш кога го учите материјалот? Верувам дека не можете да постигнете да учите вечерта, додека јадете и се одморите ќе помине многу време а потоа ќе сакате и да легнете. А па јас рано сабајле воопшто немам навика да учам а и никогаш до сега не сум учела, зашто во основно се бев прва смена. Мене некако ми е многу чудно да станувам во седум ипол, 8 за да учам, ја немам таа навика и неможам едноставно да учам од сабајле. Поспана сум, додека се расонам ми треба половина час, потоа нели треба да се измијам, облечам, јадам, да се спремам за во школо.. А и многу бавно учам, така што за да научам една лекција, зависи од тежината на истата - ќе ми треба од половина до еден час, а па што ќе биде ако треба да учам повеќе лекции или пак ако имам и други предмети за учење? (што сигурно ќе ги имам.) Туку, се расприкажав јас на долго и на широко и малку (повеќе!) забегав оф топик, ама навистина незнам како ќе постигнам со материјалот кога ќе сум втора смена. И да , знам дека заврши школото ама сепак загрижена сум јас.