Секоја чест на тие редовно шо учат ама јас си учам неколку дена пред колоквиум Е тие денови не спијам се трујам со кафиња и енергетски пијалаци се ретардирам на сите можни начини и секогаш положувам иако студирам на еден од потешките факултети. Лошо кај таквото учење е тоа што после една недела од испитот забораваш што си учел
Мене најтешко ми е да седнам да учам, како сега Зависи кој предмет, ако е пообемен и ми е интересен го учам редовно ако не пред испит се притресувам ама дефинитивно подобро учам кога сум под притисок Најчесто си пишувам се на листови, преведувам затоа што книгите по некои предмети ми се на англиски, па после го читам и раскажувам. Инаку можам во секој период од денот, што знам не сум приметила до сега дека сабајле ми е полесно или па навечер
Порано учев се навечер ама сега некако ми се спие, па и преку ден учам. Инаку неможам да запамтам ако не го напишам на листови. Прво читам па пишувам на листови и така веќе 80% ми е запамтено. Малку е понапорно така, ама само на тој начин сум сигурна дека сум запамтила
Ако појдам на предавање ,материјалот го учам таму . Ако не ,тогаш исклучиво в студентски ( дома нема шанси да научам било што ) и тоа навечер ,откако ќе ги заспијам сите . Никаква мака немам со учењето ,не учам напамет ,ми се случувало и два три часа пред испит да научам и да си положам со убава оцена .
Очигледно ми треба Хелп!! Неможам да седнам да учам и кога седнам само ми снемува концентрација воопшто не памтам и поради тоа се нервирам! Ем јас ем родителите дополнително зошто не учам и имам заостанато со неколку испити!! Како да си создадам навика кога ќе седнам да учам да биди научено а не иста реченица по сто пати да ја повторувам? И ми се плачи зошто сакам да учам и да успеам во животов мој и немам мотивација и самодоверба (( Се чувствувам како изгубен случај.
Мими123 Една утеха..јас сум вистински изгубен случај..не ми се учи и не учам..за двојка тоа од нашкола шо ке запамтам хмм ако големо АКО запамтам а дома јок бате..едино пред тест кај одредени професори по некои стручни предмети што ми се..и мојве дома се крстат,свеки палат..ГОЛЕМИ ПОФАЛБИ ДО ГОСПОДА..сум зела книга враце а јас само ја земам да ги снимам лекциите на моб и толку да небидам офф ако сум сабајле вечерта ги снимам лекциите,а ако сум поручек ко ке стам од спиење еден саат пред да заминам нашкола
Навечер. Во дневна кога никој не се закача по дома, сите спијат и можам да се сконцентрирам без нешто да ми одвлече внимание. Учебникот пред мене, листови, маркери и остали тракатанци кои праваат да ми изгледа листот со лекцијата толку шарен. Имам стикери, стрелки, ливчиња како срце итн што ги употребувам за курташак, ама некако поубаво ми изгледа се пред мене.
Јас сум навикната да учам во тишина значи кога јас учам дома им гасам телевизор музика, ги терам да седат во една соба јас во друга. И земам книгата учам мора да е буквална тишина иначе ништо нема да влезе во тиквава моја. А особено како што ми се трупаат лекциите и учам во пет до дванаест ужас сум невиден.
Како да спремите и положите испит? Кај некои студенти, учењето и мотивацијата доаѓаат по природен пат. Ако го читате овој пост, најверојатно не сте меѓу нив, но не очајувајте, надеж постои и за вас! Вашиот успех во училиште или на факултет зависи од вашата способност да учите ефикасно и ефективно. Од друга страна, резултатите од лошите работни навики се залудно потрошено време, фрустрации и слаби или лоши оценки во индекс. Работните навики и способности мораат да се вежбаат за да можете да напредувате. Не е доволно само да размислувате дека треба да почнете да учите, туку треба de facto да ја „загреете„ столицата. Со SQ3R (Survey, Question, Read, Recite, Review) методот, во кратки црти ќе ви поедноставам што треба да сторите откако ќе ја отворите книгата. Преглед – разлистајте го материјалот пред да започнете со учење. Тоа е исто како разгледување на пат на мапа, пред да одите на патување на непозната територија. Додека читате, поставувајте си ги прашањата што, зошто, како, кога, кој и каде. Битните работи од материјалот кои треба да се запомнат, се најчесто одговорите на овие прашања. Читајте – тоа не значи само да „прошарајте“ со очите преку материјалот, туку кога читате, да читате активно. Обрнете внимание на здебелените и закосените букви, како и на слики, графикони, табели и илустрации. Тие ја пренесуваат идејата многу помоќно од обичниот текст. Повторете што сте научиле, без да читате – обидете се да се присетете на главните наслови, дефиниции и пасуси кои ја појаснуваат идејата на лекцијата. Направете концепт од она што сте го прочитале, со свои зборови. Поврзувајте ги работите кои сте ги прочитале со оние кои веќе ги знаете, за да запомнете побрзо и поефикасно. Повторување – препрочитување на материјалот е битен дел од повторувањето. Разгледајте ги белешките кои сте ги фаќале додека сте читале, за да ги утврдите термините и поимите кои сте ги испуштиле или не сте ги сфатиле. Најдобар момент за повторување е веднаш откако ќе ја научите лекцијата. Илјадници студенти го имаат употребувано овој метод и успеале да го зголемат просекот, со помалку стрес. Спојлер извор fakulteti.mk
Во прва година си е утнав работата,ич не почнав да учам од почеток учев само кога имав испрашување или тест.И немат петки епа немат. Или пак најверојатно учев кога ќе имам нешто јас за раскажување. Иначе повеќе следам на час,тоа што ќе запамтам тоа,и кога немам научено со тоа што сум слушанала нашколо можам да се извадам на испрашување. Друго сега од втора година починам да учам редовно,мислам со ред Секоја нова лекција учење! Е добро сега со исклучок од матетматика и онака не се сакаме многу.
1.Се затворам во соба. 2.Гасам телевизор,компијутер сакам тишина додека учам. 3.Ја читам лекцијата два три пати и се обидувам да ја разберам и потоа ја разкажувам со мои зборови,и се така додека не ја научам. 4.Го затворам учебникот и со затворен учебник ја разкажувам лекцијата за да бидам сигурна дека сум научила.
Прво кога се враќам од школо се одмарам малку се релаксирам и потоа се гасам затоа што ми прече и ако некој ми дише, се сконцентрирам на она со треба да го научам го читам 3-4 пати и потоа самата си го раскажувам..
Секогаш вака сум учела. Прво ја читам еднаш цела лекција. Па ја делам на делови, па дел по дел на глас ги учам. Ги прераскажувам на глас со мои зборови и така се додека не ги прераскажувам без книга. Малку одзема повеќе време и понапорно е бидејќи зборуваш цело време, ама ефективно ми се покажа. Некогаш и сум вадела зборчиња настрана или реченици, ама и така одзема време. Сум подвлекувала во книгата што е поважно. Сега од сепмтември ќе ги пробам сите техники и таа со која ми оди најлесно и најбрзо, а и со која најмногу ќе разбирам таа ќе ја применувам, а може и да ги комбинирам. Ќе пробам со пишување на страна, со фаќање белешки, со цртање. А, да, едно време си ваѓав на ачетири формат прашања од лекцијата и после си ги одговарав и на тој начин се учеше. Постојат повеќе начини, треба само да се учи бе, поважно е да сфатиш што учиш, а не како учиш. Некој учи на кревет, некој на маса и стол, некој во веце. Марама ја читам учела вртејќи се околу маса , а пак јас едно време на земја си учев. Клекната, книгите распослани на земја и така си учев. А пак сестра ми, на земја пишуваше домашна, како да немаме бироа.
Реално земено и во споредба со некои другарки, не ми треба многу да научам. Земам да учам само во дел од денот кога сум спремна да се сконцентирам, во спротивно не фаќам книга за без потреба само губам време, а зевам. Кога сум прва смена, учам попладне, секогаш сама во соба бидејќи во спротивно нема шанса да прочитам ни реченица. За редовно учење дневно ми зазема од 1-3 часа максимум, а за тест или испрашување и по повеќе. Кога нешто немам учено редовно цел ден може да го посветам на предметот за да имам резултат. Не можам да учам на биро, или легната, туку седната на термото и ставам столица пред мене-ги кревам нозете тука и додека термото дува топло (во зима ) јас учам.(Сега ќе ми стават радијатор,јас не знам што ќе правам ) Некогаш и шетам низ соба и се преслушувам на крај. Домашна кога имам, вежбам нешто или пишувам-тогаш сум на биро само. А кога сум втора смена учам само на сабајле станувам рано и завршувам до 12-1 часот и одам на училиште. Навечер никогаш не сум можела да учам и не практикувам да оставам за покасно. Околу мене мора да биде тишина, искучен телевизор,радио,компјутер-зашто во спротивно ништо не сум направила. Материјалот го учам така што ја читам еднаш цела лекција и на пасуси ја делам па ги учам поединечно и на крај ја повторувам целосно. Кога немам учено редовно и учам пред да добијам оценка, подвлечувам најважното и вадам белешки за да завршам побрзо.
Обично учев многу касно во вечерните часови, само кога сме имале тест или исппрашување, но оваа година планирам да си учам многу поредовно
Одлична ученичка сум и секогаш учам навреме зошто ми се случило да ми се насобере и да не знам од кај да почнам ама се излегувало на крај и тогаш Сепак најдобро, лекција по лекција и тоа јас на глас учам инаку не можам И да, најдобро ми е дење учењето зошто цел ден сум зафатена со училиште, едно друго и тогаш наоѓам време и за учење, зошто ако оставам за навечер уморна само што седнувам и на столче заспивам Само сега ќе бидам втора смена и пракса па денот ќе ми биде со различен распоред така што ќе видам како ќе се организирам
Се трудам на предавања да запаметам колку што е можно повеќе. А дома, најпрво си го потцртувам најважното, доколку тоа не го сторам на предавање, па го читам неколку пати и така го учам. На крај, пред полагање, си ги вадам на лист најважните работи, дефиниции, набројувања и слично. Ама прво добро ќе го простудирам професорот и типовите на прашања што ги дава на полагања, па си знам на што треба да се обрати повеќе внимание и што е поважно. На пример, имам професор што на испит дава три прашања на раскажување, ама имам и професор што дава 30 на заокружување. За првиот, морам да научам многу повеќе и тоа што ќе го научам да го знам и да го разбирам, а не да ми биде на памет научено. А за вториот, на пример ми е полесно, дадени се одговорите па и да не го знаеш прашањето, по одговорите ќе ти текне или логички ќе ти дојде одговорот. И овој начин се уште не ме издал. Сите предмети до сега си ги земав редовно. Не сум паднала на ниту еден испит. А во средно имав просек 5. И тогаш си терав по овој принцип.
Мене не ми е важно дали ќе учам преку ден или преку ноќ. Најважните работи ги издвојувам на лист, па ги учам од листот, а освен тоа брзо ми влегува во глава
Во основно учев лекција по лекција, на глас ги раскажував секоја посебно ама мал беше материјалот па се стигнуваше. Во средно нонстоп имавме тестови и испрашувања па на 3-4 лекции учев, иако некогаш ме мрзеше па ден пред тест ќе седнам 5 саати во тишина и ќе научам. Најчесто читав еднаш па ја повторував, па следниот ден пред испрашување уште еднаш ќе прочитав и толку ми требаше. Знаев и да цртам, да пишувам на страна најважното, и многу памтам метафорично, затоа после 2 дена не памтиш кој збор со што сум го поврзувала Сега на факултет, и да сакам да читам лекција па да ја повторувам , треба 3 дена и 3 ноќи да не престанам со зборење и никогаш да не стигнам да научам. Учам на тој начин што прво еднаш читам колку да видам за што се работи и памтам полесни работи, читам по втор пат и повлекувам и така повторувам тоа што го знам и запамтувам и нови работи, и третиот пат читам и ги учам последните најтешки работи што не сум можела пред тоа да ги запамтам. Запишувам и на ливче ептен кратко, некои латински имиња, термини. Важно со 3 читања памтам за колоквиум, сега после колоквиумот не гарантирам дека ќе памтам се