Прво читам од прилика да си создадам некоја слика, потоа подвлекувам и на крај го пишувам најглавното
Најубаво си учам после полноќ, коа сите спиат ! Си сварам кафенце, се затворам во соба сама, се изолирам буквално од се, книгата пред мене, светлечки маркер и си неам гајле После си затварам книга, и најбитните работи си ѓи бележам у тетратка. Нели викаат, паметниот пишува, глупавиот памти, така некако Само една мана имам, демек мана , мајка ми постојано ме предупредуваше порано дека на кревет не се учи! Мене ми е навика
Може ќе ми се чудите или ќе ми се смеете, ама за мене учењето е до некаде и задоволство.Посебно затоа што го учам тоа што отсекогаш сум го сакала. Кога сум расположена можам да научам многу за кратко време. Си имам навика да фаќам белешки, па тоа уште повеќе ми ја олеснува работата. Инаку немам некои посебни филозофии, читам, понекогаш подвлекувам, запишувам некои важни работи и така. Настојувам да учам на време по малку, да не ми се собира многу, и така. Проверено најуспешна тактика. Тури му пепел ако оставиш за последниот ден. Инаку убаво учам навечер, ама и насабајле не е лошо, под услов да биде целосна тишина, и обавезно со кафе до мене.
Најголема концентрација имам наутро, но кога имам предавања тој дел од денот нели, не сум дома за да учам. За тоа ги искористувам викендите, слободните денови пред полагање и слично. Всушност, можам добро да се сконцентрирам било кој дел од денот, под услов претходно да имам неколку саати спиено.( А, никогаш немам останато над книга после полноќ, преку сила 1 саат ме нема фатено, и ден пред полагање, чим чукне 00:00, јас сум си у кревет.) Потоа, кафе. Е, кога станува збор за материјалов, прво разгледувам и препрочитувам вака набрзина што и како се работи, секогаш ми е поделен на делови т.е. на страни, од прилика 40 страни на ден. Подвлекувам,потенцирам најважни зборови, ги препишувам истите веднаш до текстот, прераскажувам на лист, на кратко, книгите ми вистински хаос, но поинаку не можам да функционирам. Повторувам во себе, ретко на глас. Спремам еден испит/колоквиум за неколку дена, па ако ги поделиме деновите во месецот на, во просек 6 предмети ( иако може да имам и повеќе ), му доаѓа од прилика 5 дена во месецот учење за секој поединечен предмет. А другите плус денови што остануваат до полагање,ми служат за повторување и слично. Распоредот не ми дозволува да учам редовно во права смисла на зборот, но...се трудам.
Мачно ми е но сакам да учам.За среќа брзо разбирам. Мислам дека најважно ми е да слушам на час.Се што слушам гледам дали го има во учебникот ако го нема одма втетратка оти во учебник не смеам (ама и таму пишувам)...затоа тетратките лудница ми се само јас разбирам.. Мислам дека кога го применив ова многу ми е полесно. Тетратките насекаде ми се испишани.Особено англиски.Ке кажат нешто потоа јас од кажаното пушувам.Бидејки англискиот слабо... Дома е друг филм.На училиште сум само претпладне па после 3 часот сум слободна. Обично одмарам тој период до кај 4 и пол па потоа почнувам. Овој период 17 , 18 , 19 до 20 часот ми е идеален. Моите одмараат дома тишина сестрами или на работа или по дома на комјутер јас сум слободна и учам. Отварам тетратка ,учебник. Почнувам да учам од учебник , гледам во тетратка ако има нешто повеќе за тој дел да научам и тоа. Потоа имам навика да најдам и на интернет .Да запишам во тетратка нешто +. Ем оценка подобра ем знаење подобро. За 2 часа завршувам. Инаку повеќе ми е вежбање, односно решавање. Па повеќе вежбам отколку учам..Но конкретно за предметите кои се за учење тоа е начинот.
Јас брзо разбирам но кога сакам да се преслушам, неможам да се искажам.. Да најдам зборови за да го кажам наученото ! Ова особено ми прави проблем кога на час ни даваат да ја научиме новата лекција и потоа да ја прераскажеме. И поради тоа некогаш и не ја учам лекцијата воопшто И кога имам тестови и повторувања останувам до дозна навечер и потоа на часот ми се спие ! Инаку мојата сестра беше ученик на генерација и често имам притисок од наставниците, дека не сум била како сестра ми! А јас знам.. Не дека незнам! Има некој совет?
Најчесто учам преку ноќ - почнувам некаде од 10 навечер и останувам до кај 5-6 сабајле. Кога имам колоквиумска или испитна, биоритамот тотално ми се пореметува, па откако ќе ми завршат испитите имам тешкотии да се вратам во нормала. Зелен чај, кафе и чоколадо ми се најдобра комбинација за будност и концентрација. Вообичаено учам тема за тема, како што ни ги предаваат. Ако заостанам со некоја тема, тогаш надополнувам за време на викенди. Секогаш го подвлекувам најважното и не знам колку маркери досега имам потрошено. Ама во такви обемни материјали, човек не би можел да се снајде ако не е подвлечено она што е важно. Вака пред испит доволно е еден поглед да фрлам врз страната, и веќе знам што треба да запамтам. За некои предмети пишувам и планови во тетратки, и баш пред некое време ги средував тетратките и тефтерите што досега сум ги потполнила. Имаше околу десетина, целосно испишани. Плановите ми се добри за повторување пред испит, особено ако материјалите за предметот се доста обемни и со многу непотребни информации.
Се трудам да учам најредовно што можам,ама затоа што голем дел од денот ми е исполнет со предавања и вежби, некогаш ми се натрупува материјал. Најубаво учам наутро или откако сум спиела макар еден саат. Навечер не можам да учам,ниту можам да спијам ако сум останала да учам до покасно. Максимум до 10 ипол гледам да завршам со учење. Учам со подвлекување,некогаш и со вадење белешки на страна на листови,ако материјалот е конфузно напишан или ако има многу непотребни работи. Повторувам на глас. Многу голем паничар сум и ако не ми е се 80% барем спремно за полагање,кревам огромна паника,не можам ни да спијам,ни да доучам,нервозна сум и раздразлива. Во такви случаи преживувам прави стресови. Не знам да функционирам под притисок. И многу често не реално гледам на тоа колку знам. Затоа гледам да си ги завршувам обврските на време.
Многу тешко.Искрено незнам ни самата како. Тешко ми е бидејки морам да учам,тоа ми е обврска,потребно за понатака во животот и стекнувам знаење,а и со одлични оценки можам мн да постигнам,ама да ми беше нешто како хоби,нешто да сакав да го правев ке ми одеше мн полесно. И најголема мана кај учењето ми е што учам на памет,а не со разбирање.Кога ке бидам факултет па тек тогаш незнам како ке биде,ама неможам со разбирање.
Јас кампањски си учам Знам дека ќе ми се натрупа материјал, и ми се натрупува сега во средно по 30-40 страни по еден предмет, ама едноставно не можам да седнам да учам кога знам дека нема утре да ме испрашуваат, не можам да се одлучам да учам кога знам дека можам да се одмарам или да си правам нешто друго Можам да речам дека сериозно и со полн капацитет учам само за тест или за 2ри/3ти час испрашување, кога ќе ми стане густо и кога нема да смеам да ризикувам дека нема да ме фатат И така, кога ќе ми се натрупаат, седнувам 3-4 саата (за биологија ми треба цела сабота ) и го совладувам некако материјалот После пак ќе прочитам уште неколку пати, пред школо ако сум втора смена и на одморите во школо
Е и јас сум си таква спешл едноставно учам само кога се пишуваат оценки незнам и јас како ми успева, под 4ка немам добиено а учам и по 40 страни на ден пред испаршување успевам да научам се за наредниот ден но по 2-3 дена се заборавам како што пиша и ти и мене за биологија ми треба цела сабота еве баш вчера така си ја поминав саботата ...
Математика- не учам, на некој му фаќа црпката на некој не. Еве на пример ја сум таква среќлика па ја разбирам математиката и имам одено на натпревар земав трето место на меѓународен. Останатите предмети си ги учам не ми се проблем, освен јазиците (англиски, германски) и тие не ги учам затоа што ми се лесни и си памтам од час а и одам на курс. Но, страшно нешто е колку не ми лежи како предмет Историјата. Најомразен предмет, одсекогаш и засекогаш! Лекциите ми се трупаат и во пет до дванаест седнувам и бубам све, утредента одам на тест решавам и после 5 минути ништо не памтам од лекциите. И знам дека не треба така ама на друг начин неможам, сум пробала милион пати ама единствено што можам да си добијам е помала оценка.
Читате една ноќ и др ден одите на испит? Бравоо! Јас се мачам недели за да научам. Ако немам научено не ни се појавувам, знам ќе ме паднат одма. Ајде тие што се мачат како мене пишете колку време ви треба за да научите
http://artismylife001.blogspot.com/2013 ... utine.html <------ Јас вака учам. На глас ми е најлесно да запамтам.
Јас никако.Кога и да учам,колку и да учам,пак ништо незнам.Само едно знам:Ништо незнам.Потикната од 2 часовно читање,на буквално 2 реченици,кои неможам да ги запамтам решив да побарам помош од кого..?Од фемина.Дај луше кажете нешто,вечерва треба да учам спремам кафиња,нес,и други чуда,ама како да сфатам?Земав и гинко омега,апчиња за подобра меморија,ама не делува на мене ништо,и вода само голтам,ама ништо.Црпка празна,дај кажујте нешто,ми се плачи луѓе,не ми влага у глава ама 1 реченица што се вели.
Навечер сите ко ќе спијат во тишина учам исто така и многу убаво насабајле памтам . често ми се дешават пред компјутер да учам ама така ништо не памтам, паметот ми забегува на други места и џабе ми е
си вадам белешки, си раскажувам на глас како трето оделенче, одзема време но е продуктивно за мене лично инаку учев и јас една недела пред колоквоум испит, сега учам ден пред колоквоум ,испит не треба така ама тоа е и супер ми се оценките
Немам проблем со учењето.... учам навечер подобро ми е со дупла доза кафе но кога мора да се учи се уши и преку ден за да се стаса дури ми се има слу4ено и по 4дена да не заспијам и после кога ке излезам ми се гледа се што нема
Учам претежно ноќе, со многу течности во мене. Преку ден вниманието ми го одземаат многу работи , и не сум сконцентрирана на материјалот што треба да го учам. Инаку, немам навика да подвлекувам или фаќам белешки од материјалот, него она што мислам дека треба да се учи - го учам.