Многу повеќе учам од предавања/вежби/семинарски....и потоа буквално ми е повторување. И никако не можам да учам преку ден, само ноќе
По скоро сите предмети учам од книга,ги подвлекувам најбитните работи ии бубање тајм. Лошото е што учам на памет и ептен време минтреба да научам една лекција саглам. Почесто станувам од сабајле(и за прва и за втора смена)тогаш сум одморена и полесно ми оди..
Кога слушам предавања и вршам други факултетски активности,3 дена пред колоквиумска ги поминувам сите материјали и добивам солидна оцена.За некои предмети ми треба повеќе време по една недела ги простудирам,потешко е и напорно и најважно од се,добро се наспивам пред полагањето и не се преоптеретувам.
Отидов наназад низ темава и видов дека сум пишала дека си раскажувам на страна... Си се изнасмеав убаво.. Беше тоа во средно, ама сега ако земам 150-200 страни да раскажувам, до следната сесија ќе пишувам Сега на факултет е друга приказна, учам со читање, подвлекувам, читам уште два пати и готово. Ептеен некој график ако има да се нацрта, го цртам во тетратка, или формула некоја и толку. Нема шанси да раскажувам. Плус во книга од страната со стрелки за некои покомплицирани работи си објаснувам самата на себе Некој да види ќе ми се изгази од смеење ама јас така си сфаќам поубаво. На пример- тоа е така затоа што.... Инаку временски после 18 часот, зависи колку имам, ама најубаво ми е навечер. Сабајле ем не сум продуктивна, ем кога сум слободна не ни станувам рано фала богу И во читална неможам ич.. еднаш бев абе 100 пати се мрднав мислам ќе ме исфрела. Мило креветче дома под ќебенце, мераци. А да, и само во собата моја можам да си учам, на друго место не памтам..
OO мене голем проблем ми е тоа што кога ќе фатам да подвлекувам.... се ќе подвлечам.. си мислам дека се е важно и се подвлекувам... На пример, јас историја лекциите ги учам пред да испрашува (ги ракажувам на лист и потоа од него учам), а кога ќе испрашува изненадно.. минус е кога си имам научено, петка или точка за петка најголем проблем јас си имам со сите други предмети.. географија и биологија ич не ми ги спомнувајте најголеми непријатели... биологија ај ќе научам ама географија, коолку сакате терајте ме, во глава мене ништо не ми влегува.. и на тест препишувам... тоа е.. во средно друг режим Ништо неможе да ме натера да учам.. се си седам нешто друго правам....
Лесно учам, фала богу. Немам одредено време за учење, кога сум сабајле учам 2-3 часа најмногу преку дента, а кога сум попладне учам кога ќе се вратам од училиште најкасно до 10 часот. Многу лесно памтам и лесно разбирам. Не учам напамет и 1 лекција, на пример од околу 3 страни, ќе ја научам за петка за 20-30 минути. Една другарка една лекција по 2 саати ќе ја учи бе и после на тест повеќе поени ќе имам од неа. Цццц
Најубаво и најбрзо учам од сабајле. Кога сум втора смена на школо милини си станувам во 8h и имам време да научам од сабајле. Свежа сум, одморена и наспана и одма учам. Преку ден не можам никако да учам многу тешко и ми треба повеќе време.
Прво морам да го слушнам предавањето од страна на професорот, после морам да го сфатам материјалот зошто учам со разбирање и ако не сфаќам што се работи неможам да го научам. Учам наутро, тогаш најбрзо памтам и полесно ми е да ги спојвам работите и убо да разберам за што се работи.
Трик за полесно сфаќање не постои. Сето тоа е до твоите способности. Но, и твојата моментална состојба може да влијае. На пример, ако си изморена или поспана потешко ќе сфаќаш од обично. Затоа најдобро е да учиш кога си најсвежа. Јас учам по 20-30 минути дневно, и домашните влегуваат овде. Кога е топло времето во мојата соба, а кога е ладно во дневната. Ако лекцијата е по некоја општествена наука, ја читам лекцјата еднаш и толку. А ако е по некоја природна наука, не ја ни читам бидејќи ја знам од часот.
Во основно и средно, имав едноставен концепт на учење-по завршувањето на часовите, веднаш пишував домашна работа, а новата лекција ја учев навечер, дека повеќе памтам Сега на факултет, имаме пообемен материјал за учење, такашто ми е потребно повеќе време. Кај нас, предавањата вообичаено се досадни и непродуктивни , затоа учејќи си го дома материјалот, го совладувам полесно. Е сега, предметите кои се поврзани со задачи, во главно ги учам на вежби (во зависност од способноста на асистентите да објаснат), и после вежби истите задачи ги пререшувам. Материјалот за колоквиум го учам две недели пред полагање, дека знам колку ми е ограничено времето и дека морам да научам. Учам на глас, затоа ми е потребна максимална концентрација и тишина. Вообичаено учењето ми почнува попладне, околу 2 часот па до 2, 3 по полноќ. Ако предметот што го полагам е тежок, останувам и до покасно, 5,6.. Концептот на учење ми е-потцртувам што е најглавно, потоа на памет/со разбирање учам. Ако материјалот содржи графици, неколку пати на листови цртам, за да го научам, исто така има некоја дефиниција/збор кој не ми влегува во глава, го запишувам на хартија.
Јас учам ден пред да правиме тест или имаме испрашување. И тогаш едвај научувам, не пак да ги учам секој ден лекциите што сме ги учеле тој ден, аха да. Со учењето најрано почнувам во 18 часот, а некогаш кога ме мрзи да учам или кога ќе ми почне Фатмаѓул или кога нема да имам време, станувам сабајле. Денеска пак станав да учам Хемија зашто вчера ме мрзеше А многу тешко учам, другарка ми вели дека за 15мин научува една лекција Јас за 15мин една страна
Си го пуштам Енрике и навистина подобро памтам во присутство на неговите песни ми ги чистат мислите и ослободуваат простор хихихи
Не знам ни самата јас. Колку и да се обидувам да учам лекција по лекција за на крај да ми биде потешко, мене ме мрзи.Само географија си учам со ред, све друго само коа правиме тест или испитува. Учам урок по урок, делче по делче.Го читам неколку пати и го прераскажувам усно.
На час 85% бидејќи слушам што зборуваат професорите(иако сега не баш ).Потоа одам дома пишувам домашно за наредниот ден.Го читам новиот урок(некогаш и не ни го читам),доколку ни имаат закажано испитување малце повеќе ќе седма да учам.А по некои предмети учам само пред тест. За разлика од сестра ми помалку време на книга поминувам,а побргу сфаќам.Односно јас учам со разбирање и за да ми остане за секогаш,а не напамет и за тест.Така само граѓанско учам. Ама ова второво полугодие некако малце повеќе забушвам
Дел од лекциите ги сфаќам на час, дома само пролистувам. За музичко пак, утепувам глава учејќи (не секогаш) и на крај пак од страв кон наставникот ништо не кажам ко што треба.. А по некои предмети не учам воопшто, на час го сфатам и не ми треба повторно читање, млатење време безвезе. За тест исто така не учам по сите предмети: Математика, Англиски, Италијански, Македонски не ги учам. Тие си ги знам дури и кога на час летам десет метри под Атлантида Паметна особа, што да кажувам
Зависи.. кај некои наставници кога ќе објаснат убаво учам 70% од материјалот после дома доучувам ама ако не ни го објаснат тогаш ја читам на делови лекцијата и ја прераскажувам, еднаш,двапати...
Секогаш пратам на час и правам забелешки (доколку професорот не пиши на табла/диктира план за наставната единица). Потоа зависи по кој предмет, Хемија учам редовно урок по урок, така ми е најлесно за да ги совладам реакците, Биологија учам цели теми наеднаш, јазиците само пред тест повторвам се убаво но редовно пишувам домашно па тоа ми се фаќа како вежбање. А Педагогија го учам она што го запишуваме во тетратката и потоа само еднаш ги читам убаво уроците од учебникот.
Јас сум одлична и сите мислат дека учам многу, ама не е секогаш така. Јас си учам, ама не учам толку многу како што знам. Единствени предмети на кои седам и читам лекции се историја и музичко. Јас си имам голема тетратка и тамо најважното од лекциите си го пишувам и така учам. Математика лекции никогаш не учам, на час се си запамтам, по други предмети (хемија, физика, граѓанско, биологија и сл.) ја земам книгата подвлечувам главни работи го сваќам тоа што сме го учеле и си запишувам во голема тетратка. Јазици што учеме, само за тест граматика си повторам, затоа што сум лесна на јазици.
Не знаев каде да пишам па си реков тука дали има некое апче за побрзо учење или за памтење многу имам за учење, а многу споро учам 1 предмет за да го наулам ми треба 3 недели а имам 5 предмети за 3 недели . Ај ако има нешто такво слично кажете очајна сум