1. Повеќе внимавам на час, слушам како објаснуваат професорите, и ако кажат нешто што го нема во книгата,а треба да се знае задолжително веднаш земам пенкало и запишувам. 2. Е сега за некои предмети морам да ги раскажувам лекциите на лист.Зашто така повеќе запомнувам,го запишувам само најважното и ги учам дел по дел како запишувам на листот. Можеби зазема малку повеќе време,но подобро така да научам отколку да се влечам цела недела со учење на материјалот 3. Од јазиците учам само за тест,писмена а секојдневно само разлистувам (колку да пратам кај сме, и ако нешто ми е интересно веднаш го памтам) 4. И најважното: Никогаш не учете наеднаш за некој предмет.За да не ви дојде многу за учење треба редовно да се прочитува последната лекција барем двапати. И колку можете навреме одговарајте,зашто доколку одолговлекувате добивате + предмети за учење, а со тоа и се помалку време за совладување на материјалот. Спојлер Доколку не сакате ова да ви се случи задолжително почитувајте го правилото
Таблети за зголемување на менталната способност имаш многу,билобил не ти препорачувам зошто и да ги земеш сега нема да имаш ефект најмалку два месеци,тие се наменети за повозрасни лица со деменција,така да јасно ти е за што се употребуваат. Имаш и гинко билоба е овие се за брзи резултати, брзо ќе ги запамтиш информациите,но и брзо ќе ги заборавиш. Можеш да научиш ако пред се си го испланираш времето,одмориш главата,земи чоколадо и шише со вода,пиј многу вода или овошни сокови,сконцентрирај се и ќе посигнеш. Со среќа! :wink:
Тие гинко билоба зошто ми се ако брзо заборавам, мене ми треба барем 1 месец да памтам колку да положам Значи нема ништо ефикасно најубаво да се сконцентрирам и да си учам
Абе не до толку,ти може ќе памтиш и повеќе од еден месец,ама сепак тоа е малку,не е работата само положи,помини извади супер резултати,некако си се снашол,небитно на кој начин а од знаењето во главата нема ни трага. Утре ќе треба детето да го пратам кај неписмени професори? Кај доктори што не ги разликуваат лековите? Ма дајте,ве молам.Не е само заврши го факултетот,учете за себе а не за оцена,испит или диплома.
Не бе зошто ми се ако брзо заборавам, ќе научам колку за 6 ка не ми треба повисока само тешко ми оди по цели денови учам и ко ќе излезам ко забегана сум , то ме нервира на дечко ми само му викам за глупости...... мене изгледа некој апчиња за смирување ми требаат
Ako vise resite da gi piete Ginkoto nemojte na vasa raka da si gi zemate!! Konsultirajte se so doktor. Jas gi pijam vise mesec radi zdrastveni pricini, kaj mene primetiv deka samo sum povekje skoncentrirana i deka ne mi leta pametov. Mada sto ne se oslonuvajte na apcinja za da naucite nesto! Mozat da vi pomognat delumno, a mozebi i taka samite kje si se zalazuvate. Bitnoto e da go naucite. Site ste zdravi, pametni i mozete da naucite se! Samo sto mozebi ve mrzi ili samata pomisla deka imate tolku za ucenje vi pravi nemir. Taka da sednete si ubavo, razbistrete mozok i ucete!
Во право си , од самата помисла дека имам многу за учење не можам да се сконцентрирам , а не дека не можам иначе еве си учам и си правам паузи позз
Треба кога ќе се земи лекцијата готова предадена професорот то ест наствникот кога си ја завршил рабоатата треба и ние да си ја ззавршиме.На час да се внимава-но и да се учи!Некои лекции полесно на час ми е да ги сфаќам,за кога ќе дојдам дома само да си повторам едно репетиториум да направам...треба секоја предадена лекција да се учи веднаш дома бидејќи ако се собере многу материјал за учење од тоа:ај утре ново ќе земаме,не ќе испитува,ај и така утре се само вежби,ова она...НЕ!Веднаш дома кога ќе си земиме термин за учење и си учиме!Ако правилно си распоредиме време,ќе имаме време и за забава,рекреација,прошетка,разговори на мобилен и слично....Рационално да се користи времето...Бидејќи луѓе сме-ќе на фати паника и нема да ни влези правилно тоа што треба во главата и ’’знаењето’’ ќе испари како евтин дезодоранс од 100 денари 3 за сто онаквите...еете така И да сте заслужиле некогаш поголема оценка од таа што ви ја напишале-не се разочарувајте! Не е се’ во оценката...нека..знаењето ќе си биди ваше,а не нивно...Ете така јас си учам континуирано,некогаш правам исклучоци си таложам лекции за учење и така се ми собира како чавки во лет кога се собираат..а не треба..ама кога има обемен материјал и дури ни времето некогаш не ми стигнува,морам кога ќе дојди време за испитување или тест по 1 или 3 лекции плус да си научам...ете тоа е...не можам како во Топ-шоп рекламите со она нивното и тоа не е се’...толку си напишав де...
Кога сум прва смена учам негде околу 14h-18h, а кога сум втора учам кога ќе се вратам од школо, а кога ме мрзи некогаш и 20h-23h... Учам така што потцртувам со маркери или зборовите ги препишувам на бел лист.Кога некој збор не ми е јасен или барам на интернет или прашувам некој дома со поголемо знаење.Откако ќе научам тоа што сум го запамтила го прераскажувам во тефтерот (си имам посебен за учење).И да, никогаш неучам на памет.Туку, поголемата сестра ќе ми прочита разбирливо околу 6 реченици и јас тоа што сум го запамтила го кажувам.
Јас ќе научам(набубам) недела пред испит зашто ако учам пред време ќе го заборавам материјалот.Е, сега постои веројатност и од тоа што го знам нешто да не ми текне во моментот али сега колку толку имаме среќа зашто се е на заокружување на УКИМ.Али па имам проблем со предметиве што неможат напамет да се учат, ќе ми смени една реченица наоупаку и ќе се изгубам.Со задачи немам толкав проблем одма ги сфаќам постапките само треба да се наканам да ги повежбам малце Ама кога е во прашање теоријава се потам и по две кутии пушам цигари од нервоза мислам и косава почна да ми паѓа
порано, сфаќав подобро и учев брзо и со разбирање. После коа стигнаа долги лекции од неколку страни, ги учев само пред тест и после се заборавав. Тоа е најнеквалитетно учење за оценка.
Јас го совладувам материјалот за учење така што учат редовно,одговарам редовно и добивам +,редовна сум со домашни и никогаш не ги оставам ненаучените лекции за другиот ден.
Како да не е среќа што се е на заокружување! На раскажување можеш да го искажеш наученото, а на заокружување не можеш. Плус, од понудените одговори може едно, две, три, може сите да ти се точни, а често разликата е мала. Но, тој начин е полесен за тие што "бубаат".
Јас конкретно за УКИМ се изјаснив како е зашто јас сум на тој иначе знам дека не е кај сите на заокружување
Што подразбираш под УКИМ? Универзитет Кирил и Методиј или нешто друго?? xD Значи ако збориш за универзитетот пак ќе ти речам зависи на кој факс си ! Има факултети каде што треба на мноооогу повисоко ниво да го покажеш знаењето а не со заокружување ! Поздрав
E да, ја не сум се изразила ко што мислам.Иначе мислев на економски.И знам колку е глупост за ова со заокружувањево зашто за нешто што стварно го знаеш можат така убаво да те збунат донекаде е полесно и усно одколку ова а за нешто што немаш поим имаш среќа што е на заокружување како и да е нема да имаш неодговорено прашање на тоа и мислев
Најтежок предмет за учење ми е историја (стандард, но можеби не за сите, незнам). Но и со тоа некако се снаоѓам. Имало моменти кога сум плачела поради тоа што ништо не ми влагало во глава а учам за утредента. Сега со тоа сум избалансирана xD. Најлесно за учење ми е кога ќе ја раскажам лекцијата поради тоа што од книга никако неможам да се снајдам. Вака раскажано се на готово ми е. И потоа пасус по пасус ја учам лекцијата *на глас* и на крајот ја повторувам целата. Неможам да кажам дека е лесно и јас се мачам повеќе, но сепак по практичен начин ми е. Позз
Учам по 30 страни на ден, утредента ги повторувам и така, некогаш кога мора останувам и преку цела вечер за да стигнам да научам.
Воглавно ноќно време во читалната 24/7 што работи, групната енергија на другите студенти ти дава подршка - сите околу тебе учат па ти иде да почнеш и ти да учиш. И задолжително црвено пенкало со кое се подвлекуваат клучните информации во текстот.