Ќе ве молам за совет… Прва година на факултет сум а со тоа и први испити. Испити ми се биофизика и општа и органска хемија. За хемија имам две недели да научам, за физика имам три недели ама повеќе страни се околу 300-400 а хемија има 250 страни отприлика… како да учам? Како ке стигнам да научам? Во меѓувреме треба да учам и други два предмети кои се полесни и имаат помалку материјал…
Ќе стигнеш само без паники Ќе ти пишам како јас го совладував материјалот, најпрво го читав целиот материјал и во меѓувреме подвлекував она што сметав дека е битно да се знае, во меѓувреме пред мене и скрипта, потоа се навраќав на материјалот и го учев само она што сум го подвлекла. Е сега бидејќи си бруцош убаво е да запознаеш и некој од постарите генерации и да се консултираш на што повеќе да обрнеш внимание и што најчесто се паѓа на испит. Со среќа
Мислам дека имаше на инста на студентарија краток концепт околу ова. Ако го најдам ќе ти го испратам. Иначе и јас лани бев прва година (бруцош) и исто паники, треми, напнатост ама потоа ќе увидиш дека поминува тоа и ѓабе стресови и годинава по кул сум. Така да, воглавно гледај да си го организираш времето.
Во прва и 250 страни ги гледав како многу за испит, но седев и по 2 недели ги учев за да положам и со цел тој труд не добивав повисоко од 8ца. Сега сум апсолвент имав испити од 500 страни и повеќе ги спремав за една недела и добивав 10ки. Разликата е што стекнав капацитет за да можам полесно да го разберам и научам испитот. Не е убаво да се напнуваш, мора да си направиш да ти биде интересно за да го совладаш. Пробај да си запишеш тоа што ти е најбитно во тетратка и обој го во најразлични маркери, запали свеќа и само смирено терај.
Делам по три теми. И комбинирам по два предмети и учам бар 15-20 дена пред колоквиум Пример: денес предмет А и В по 3 теми од секој утре Б и Г по три теми 3ден: втори три теми од А и В 4ден: втори три теми од Б и Г итнн прво гледам колку теми имам за колоквиум, најчесто имам 6 па затоа делам по 3
Математика, хемија, физика учам така што решавам задачи додека нема да ми стане јасно, но исто така читам и од учебникот лекцијата. Предметите каде што се раскажува, како историја, ја делам лекцијата на неколку дела и секој дел го читам по неколку пати и неколку пати го раскажувам. За дефинициите правам прашања на еден лист, на друг лист одговори и така се проверувам колку сум научила.
Учев кога ќе ми дојдеше јајцето на гзот, ден пред испрашување или тест. Не знам на факултет како ќе се снајдам, немам навика за учење многу материјал и за учење рутински.