Кога кажавте на претпоставените на работа дека сте бремени?

Дискусија во 'Бременост' започната од Rusi, 14 февруари 2014.

  1. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,
    Ме интересираат ваши мислења и искуства, позитивни или негативни на оваа тема.
    Дали сметате дека вработените бремени жени се доволно заштитени и можат и во рана бременост да ја соопштат вестта на колегите и претпоставените или треба да се кријат?

    Доколку темава е дупла, се знае .... :)
     
  2. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    395
    Јас на газдите кажав кога бев веќе 3 месец бремена.Можеби и порано ќе кажев но бидејќи газдата не доаѓаше многу често се оддолжи тоа.Реакцијата му беше нормална (честито ова она) и само ме праша дали после пораѓај планирам да се вратам на работа,секако мојот одговор беше да планирам,но со тек на време шефот ми кажа дека нема да ме вратат назад на работа (а колку што знам законски мора да ме вратат) па здравје ќе видиме како ќе биде.
     
  3. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    191
    Јас со првото кажав кога бев некаде трети месец дека тогаш потпишавме нов договор, и таман пред истекот на тие 6 месеци, отидов на трудничко, со второто исто малку покасно кажав ама мораше пред договорот дека веќе се познавав, и нормално реакции ај честито ова она и кога дојде време за нов договор ме летнаа од работа во 5ти месец :D
     
  4. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    74.219
    Пол:
    Женски
    кажав веднаш на почетокот и за првото и за второво и останав на работа.дали ке ме вратат-живи били па видели :?:
    точно е дека законски бремените се заштитени ама колку тоа се почитува во оваа каубојска држава е знак прашанје.
     
  5. katta123

    katta123 Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    bremenost i rabotodavci

    i trudnici imavte li problemi na rabotnoto mesto otkako soopstivte deka ste trudni?
     
  6. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    мене само 1 ден ми каснеше и одма дознав дека сум бремена,а претходно на работа ми се лошеше и шефот ми рече ако си бремена да кажеш да не криеш,јас викам незнам уште но во ред.на 1 ви јануари дознав и уште наредниот ден им кажав на сите и на вработените,и на шефовите и на директорот .хахаха.после еден месец ми измина договорот и пак ми го продолжија.па за понатака ке видиме како ке биде дали ке го продолжат,ама кај нас немаат никој до сега така зезнато.
     
  7. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Знам случај кога жена која работеше во конфекција, бремена со второто дете одеше на работа со стомак до заби, а за првото дете исто работела таму и го искористила породилното. Кога влезе во девети месец и сакала да отвори породилно, ги носи документите и и кажуваат дека таа е одјавена пред еден месец, во која фирма ќе носи документи за породилно. Значи работела цел месец непријавена и остана без пари од породилно. И после ќе ми кажуваат дека ги штитат трудниците - како да не.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. katta123

    katta123 Нов член

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    и кај мене катастрофално лошо се однесуваа, се обидуваа да ми извршат притисок ,да изнајдат начин сама да си дадам отказ, со триста приказни дека лошо сум работела, (нели не смеат да избркаат трудница) среќа што отворив боледување и онака имам тешка бременост па уште и тие проблеми ми фалеа, дури и на боледување кога бев ми се јавуваа цело време, да сум отишла на работа да сме виделе што ќе правеле со мене, а бев дури четири дена дома кога почнаа да се јавуваат, сум можела да отидам,не ми било ништо и на крај го пратив мажот ми.Безобразиие невидено, стварно не ги разбирам. Е со дете ,па кај мене и второ не можеш да остануваш после работа кога ќе им текне на нив и колку сакаат или не даваш 100% на работа според нив.
     
    На mama89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    6.146
    Допаѓања:
    93.580
    Пол:
    Женски
    Штом дознав во 4та недела. Одма им кажав за да не ми стои ко грутка. Фер се бар за сега, па ќе видиме на даље.
     
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    13.408
    Пол:
    Женски
    Во 7-8 недела.... Во 4 дознав, во 6 бев на гинеколог да се потврди, и после тоа им кажав...
     
  11. pink95

    pink95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Во бутикот-Со менаџерката на департмент сме блиски зборам со неа како со мајка, па и кажав на 10 недели. А со hiring менаџер не сум зборела ни знам што е планот ни па ме занима. Работам дури можам(Цел ден на нозе сум затоа не знам до кога ќе издржам)
    Во библиотека- Не сум кажала уште ќе кажам и ќе се распрашам штом почне мешко да се познава.(канцелариска работа е и нормално планирам да ја задржам.)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  12. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    858
    Јас кажав у 8ма недела. :rock:
     
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.457
    2 den otkako doznav. za da mi najdat zamena dur me nema :)
     
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.479
    Допаѓања:
    26.785
    Пол:
    Женски
    На главната шефица и кажав веднаш по првиот преглед во 8ма недела. Таа ги извести газдите. На останатите дури неделава, чекав да помине првиот скрининг... ама веќе на сите им беше јасно, уште пред цел месец почнаа да ме задеваат за мешето, ама јас не признавав. :)
     
    На LadyC и DigY им се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.957
    Пол:
    Женски
    Несакав да кажувам додека не почне да се познава, но имаше активност на работа која морав да ја избегнам поради здравствената состојба.Па испадна уште на почетокот да кажам.
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    39.072
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење, може се зборувало друг пат за тоа но не сум била во тек со темава, кога е најзгодно и кога треба да ги известам на работа за бременоста?
    Еве денес ќе мора да земам ден зашто имам вртоглавици, па ќе мора и на писмено да го пријавам денов кај директорот.
     
  17. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    667
    Пол:
    Женски
    Се зависи од работното место и фирмата јас пример ги известив уште во 9-10 недела бидејќи многу ми се лошеше имав стомачен и требаше со време да ми побараат замена на раб.
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    39.072
    Пол:
    Женски
    Па јас се надевам дека ќе терам до крај на работа, не е физичка работа, во просвета сум.
     
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.839
    Допаѓања:
    30.938
    Пол:
    Женски
    Јaс пoсле 13тa неделa ги известив. Дo 36тa неделa oдев нa рaбoтa.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    5.120
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Се е индивидуално. Ти најубаво знаеш какви се условите на работа и како се осеќаш. Јас дека со ин витро се знаеше уште оф почеток. Аки останев природно и немав некоја поголема мачнина ќе чекав до 12-13 недела. Никој не би ми правел проблем и порано ако кажам, ама едноставно сметам дека е моја лична работа и би одложувала. Веќе после овој период фер е да се каже за навремено обезбедување замена.
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.