А да прашам кога барате да ве ослободат од работа? При прва потврда за бременост, прво ехо или чекате да помине барем некој период?
Јас после прв преглед ми даде гинекологот, ама можев и порано. Гинекологот ми кажа кога сакам, ама поради некои работи бидна после првиот преглед.
Еве ти кажувам дека се консултирав со адвокат и додека ги користам мерките на Владата за бремени жени не смеам да работам друго бидејќи е Злоупотреба на правото.
Сериозно ова?! Ќе ти го искуца, ко документ, пишува твои податоци, дека си бремена и си ослободена од физичко присуство на работа.
Ни сме ние жените ни се работодавачите... секој гледа са си најде дупка во закон и да користи. Има жени не оди на работа заради корона за да нема контакти, ама прави свадба, оди во диско, оди на додатна работа, работи на црно итн. Во фирмата кај што работам во Германија тоа се гледа многу. Тие ќе ти дадат дома да седиш, ама објави слика од свадба на ФБ одма синдикатот ќе ти дојде. Сум била и работодавач, нема фирма што на апликација на 30 годишна жена не коментира со "ај бе оваа скоро ќе е трудна" или "види има 5 годишно дете, ќе се ослободува од работа". Тоа сум го слушала и во МК и во Германија. Јас сум голем работохолик, до пред да останам бремена работата ми беше најважна од се. Сега веќе се знае дека паразитчево во стомак ми е најважно. Првите три месеци ми се ужасни. Повраќање , гадење, слабост од јаки лекови, па докторот ми рече да отвориме боловање, јас одбив. Често отсуствував па морав на работа уште во 8ма недела да кажам иако ми беше планирано многу покасно да кажам. Писмено не ги известувам до 4ти месец, оти имам важни семинари од по 10 часа, што ако ми е подобро не сакам да ги испуштам. Физички работата не ми е тешка, но понекогаш работам со микроорганизми штетни за трудници. Со директорот се договоривме најчовечки. Во иста канцеларија сме и гледа како изгледам. Тој фајде нема од жена што пола саат повраќа во WC и во секој момент може да се сруши. Затоа на работа одам по 4 5 саати во било кое време сакам и тоа претежно во канцеларија, дали еден саат минувам во производство. Остатокот го работам од дома. Сите мои колешки така направија, една дури беше и со ризична бременост. Јас се знам каква психа сум, да останам дома психички ќе се изреметам, на работа ми е поубаво. Е сега што испадна шефот стока, и откако му кажав го сопре планот за мое унапредување океј. После бременост, планирам одма второ здравје и кога помине мојот интерес, ќе им кажам "ауфвидерзен". Јас сум за тоа, ако не е ризична бременост туку корона е во прашање, да се направат услови да работи жената од дома. Е и тука мои пријателки што работат во маркет и Мекдоналдс уште во 2 месец останаа дома. За такви и да не е Корона, и да не е ризична бременост одма доктор дава потврда. Терминот ми е средина на летото, па здравје ако се биде во ред планирам од април и мај да ги работам пола, а јуни и јули да седам дома. Инаку во Германија, времето што го минуваме за прегледи и скрининзи, ни го сметаат во работно време .
Дали и во македонијс мозе да се издаде потврда за рана бременост. Иако сега скоро сум осигурана втори месец. А трудна сум 5-6 недели. Или треба стаж од 6 месеци за да не одам на работа.
Гинеколог ќе ти издаде потврда сигурно, ама ќе видиш од работа дали и како ќе ја прифатат. Мерките важат за сите без разлика на стаж, ама не почитуваат сите работодавци.
Мене ми истекува договорот во Февруари а останав бремена, уште не сум кажала на никој од страв дека нема да ми го продолжат.Патувам секој ден од друг град по 1 час во правец,Со предходните 2 бремености ми беа ризични и ми препорачаа мирување, со првото бев на патолошка, а со второто користев мерки, ама фирмата многу почитуваше закон и се беше дозволено.Кога го загубив детенцето и кога се вратив таму на раб неможев да издржам да одам таму на работа, бев во депресија и намислив да најдам нова работа, демек нов почеток, нови луѓе. Најдов одма работа во друга фирма ама овде не е баш така како во предходната, прво сеуште сум нова, ако кажам за бременост можат да ме отпуштат, друго овде боледување нема, ако си болен не доаѓаш на работа неколку дена а газдата ти крати на плата, до сега имале само една трудница,работла до термин, и се вратила на работа 2 месеци после породување.Јас мислам дека и оваа бременост ке ми ја водат како високо ризична бидејки е многу рано после предходната, после 8 месеци од предходен царски рез, и декаке треба пак да лежам.Дали ако користам мерки ке сум на терет на работодавачот? Од една страна не ми се седи дома, ке ме убие психа, не поминува време, кога одам на работа ми летаат деновите и подобро се чуствувам, ама од друга страна пак ми е страв од компликации, едно бебе изгубив не би можела да поднесам уште една загуба.
Да, работодавачот ќе треба да ти плаќа. Многу ми е жал што си во таква ситуација, се надевам дека во февруари ќе ти го продолжат договорот на повеќе месеци за да можеш да ги користиш мерките а при тоа да не може да те отпушти
Мила ако ти е посигурна варијанта почекај нека ти го продолжат договорот па после однеси потврда. Како си со оваа бременост? Ти рекоа ли да мируваш. Ако да, тогаш ништо не е поважно од бебушот. Сега не знам кои се опвиите да извадиш патолошка, зошто во тој случај си на терет на фондот. Ако мораат да ти го продолжат договорот тогаш можеш да ја разглдаш и таа опција. На нив ништо нема да им смени, платата ќе ти ја исплаќа фондот.
Јас кога бев бремена бев во ситуација да знаеше работодавецот дека планирам бременост и кога дознав уште првиот месец му кажав до мислење дека нема да биде проблем па такви стресови ми направи страшна работа до 4ти месец крварев. Така да тоа ти е непишано правило. Ако сакаш и сега кажи им само нека ти потврдат срцева акција на бебе и ако мислиш дека би те избркале отвори патолошка секако би ти следела. Ај малце помош и за мене . Не планирано останувам бремена во меѓувреме бев на разговор за работа бидејќи активно барав и најдов и треба да почнам. Но ради ковид позитивност ќе се одложи моето почнување. За на доктор е рано и ништо нема да се види. Се мислам одма да му кажам па што биде нека биде., а од друга страна секако ми треба работа ама не сакам да сум под стрес и да кријам па после дабиде до кавги.
Мое мислење е да си седиш дома штом ти е ризична бременоста, бебето е по важно од работата. Да под терет си на работодавачот. Јас ги користам мерките и сум на определено минатиот месец ми беше истекол договорот ми пратија друг, за кај тебе на работа не знам како е.