Здраво девојки ми треба помош. На работа им однесав од гинеколог за мерките дека ке ги користам. Но наводно тоа поминало и тој закон не важел. Па сега бара боловање да и однесам. А боловањето колку ке е 7 дена или 1 месец. Како секаде важи тој закон во струмица не важи. И ако знаете некој добар адвокат запознаен со оваа област?
Трудниците се ослободени се додека трае пандемијата нема не важи тој закон важи,незнам каква работа работиш,ако е можно треба од дома да работиш ако не нема да работиш и ќе седеш дома.
Важи сигурно. Имаше погоре некоја членка мислам и одлука од службен весник пишано, каде е наведено дека трудниците се ослободуваат со физичко присуство до завршување на пандемијата. Е сега приватен или државен сектор си? Зошо приватниве може да прават проблем или пример да ти речат работата дека не може да се извршува од дома. Имаше мислења на членки кои си одат на работа..
И на мене ми кажаа така демек не важиле, па подоцна важиле и сега сум дома ги користам мерките. Ако си приватно како сакаат така си прават. 15 дена боледување може да ти даде гинекологот мислам беше, а за повеќе треба патолошка бременоста да ти е.
Приватно. Но ми бара боловање дека неможела да ме плака цела бременост. И кажав до април месец после ке се префрлам на патолошка. Дека за патолошка мислам дека бараат 6 месеци работен стаж. А знам дека во службен весник го има законот. Треба да и го копирам и да и го однесам. И после ако не признава едино по судски пат. Јас би одела на работа не е тешка работата но она има тројца позитивни на корона и не ги пушта дома дека нема кој да работи. И лугето идат.
Со такви работодавачи незнам дали се излегува на крај искрено. Јас баш денес однесов потврда за ослободување ок ми ја прифатија, ма да јас сум државно, па ќе видиме како ќе биде
Два пати препрочитав и не можам да поверувам. Позитивни ги тера да одат на работа? Абе ич не се мисли, ако не прифаќа тоа од Службен весник, тужба и крај. Ненормални човече
Кај нас никоја не одеше, која останеше бремена дома ги користеше мерките и кога отидов да прашам дали важат демек не важиле тие биле на боледување, па почнав процедура за патолошка и кога ги добив сите документи ми звонија дека сум ослободена од работа, па ја прекинав патолошката. Не можe едни да одат други не или сите или никој.
Нелуѓе. Знам дека секому му треба плата, ама за некого едноставно не вреди да работиш па незнам колку да си платен. Како тоа ги присилува да доаѓаат позитивни на работа? Им се заканува ли со отказ? Нека си ангажира замена за болните, тоа не е нивни проблем, туку на менаџерот. Мерката важи токму за да те заштити како бремена жена од ковид, таман работа свесно да одиш меѓу позитивни. Твоите колеги треба да си направат ПЦР, да влезат во здраствен систем. Потоа да и достават на твојата шефица решение за изолација. Законски, по добивањето на решението работодавецот те води како во изолација и неможе да те води како да си отсутен по друг основ и да ти крати денови од одмор и сл. А ако не признава се вика трудова инспекција (не одма на суд), па да видиш дали ќе прави пак така.
Не им се заканува со отказ. Не се осигурани. Но немала вработени и затоа идала кога и кажав тројца позитивни едниот со брз тест од аптека а другите двајца од него префатија. Не бе ми вика обична настинка е. Но ке видам понеделник ке и однесам тоа од службен весник и ке видам шо ке каже ако не инспекција па нека ја затворат.
Од убаво, поубаво. Значи и непријавени работат? Не се работи само што нема да им одат придонеси во пензиски фонд туку недај Боже да се разболат посериозно сите трошоци за лекување, хоспитализации ќе ги плаќаат приватно. Тоа се огромни суми. Се надевам дека барем се работниците осигурани преку некој од нивното семејство за да можат да се лечат. Вакви фирми не се грижат за луѓето кои им работат, ниту пак работат законски. Го користат очајот на луѓето кои тешко наоѓаат вработување и ги злоупотребуваат.
Како бе да ја затворат? Да, точно не е во ред. Ама после инспекции како ќе се вратиш во таа фирма да работиш? Иди си од таму и готово.
Е добро де има и други фирми. Не е венчана за фирмата. И нормално дека ако прекршиле нешто треба да си одговараат. Со ќутење стигнавме на ова дереџе.
Не е само кај тебе така, во многу фирми е исто Газдите уценуваат или боловање или отказ а да седиш дома и да те плаќа неможело Мене договорот ми е на еден месец па така да ако не извадев боловање ќе си добие отказ Знам дека не е лесно со документите за патолошка ама боље нешто него ништо а реално законот важи за администрација и за тие на неопределено а за нас другите нема закон Ако се инаетиш многу може само отказ да добиеш затоа што и за тоа нема закон трудните се отпуштаат без око да ни трепне
Кај членката мислам дека поголем проблем е тоа што таканаречената газдрарица со цел памрт ја тера да оди на работа меѓу позитивни. Што е вон памет, мерките се затоа донесени, да се заштитат трудниците. Друго, она не ги почитува здравствените протоколи што важат низ цел свет. А да, членката немаше пишано дали е на неопределено или на договор, зошто ако е на договор може едноставно да не и го продолжат, за жал така функционираат повеќето приватници во државава...
Службен весник бр 263, од 4 ноември 2020, среда, член 13, став 11- се ослободуваат бремените жени од работа и работни обврски со физичко присуство на работно место. И член 16 -оваа одлука ќе се применува до завршување на Пандемијата прогласена од СЗО.