Ми го продолжија договорот пак на 3 месеци. Уште не сум им кажала, за две недели ке им кажам па како ке биде така.Мн се нервирам од целава ситуација.
Така планирам, ке им кажам за 2 недели после првиот скрининг здравје, и ке си одам на патолошка, секако ми следува, куп дијагнози имам.После ако сакаат нека ме избркаат, немам друг избор.
Начин/идеи како да побарам од претпоставен да работам од дома? Ова го правам за да не отварам боледување. На почеток на бременоста сум, константно повраќам и имам мачнини, и не можам со ова константно да се соочувам на работа пред колеги. Да напоменам, ИМА можност за работа од дома, канцелариска работа работам, и само претпоставениот знае за мојата состојба.
Ако ти ја знае претпоставениот состојбата, а постои можност за работа од дома тогаш најотворено кажи дека сакаш да работиш, ама не можеш да ги извршуваш обврските од работно место. И јас сакам вака, ама ние сме голем колектив и не верувам дека ќе направат отстапка за мене. За време на короната имаше многу злоупотреби на работа од дома и сега многу се стегнати па и тие што работевме од дома повеќе и од канцеларија сме на некој начин "казнети". А мене ми фали да сум ангажирана, ама да работам и да ми кратат од плата ми е нефер. Се вклучувам само ептен кога ќе згори и тоа само заради колегите од канцеларија.
Здраво, Се мислам доколку се е ок на прегледот и ми потврдат бременост кога да кажам на претпоставените? Поради тоа што одам во смени, прва, втора, трета… дали веднаш по прегледот?
И јас не би кажала одма, ама морам затоа што ми се напорни смените, затоа не знам кога е најдобро да се соопшти.