Форумџика на годината 2020

Кога кажавте на претпоставените на работа дека сте бремени?

Дискусија во 'Бременост' започната од Rusi, 14 февруари 2014.

  1. Snow white

    Snow white Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Зависи од работното место јас кажав во 5-6недела оти во конфекција работев и мора да кажиш на главните оти инаку ќе си креваш вреќи картони ќе си работиш со стоење сепак напочетокот не ти пишува на чело бремена сум неможам да кревам ама одма од ко кажав по 1недела па на боловање заминав :/
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  2. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    63.268
    Одма по првиот преглед односно 8 ма недела, и нормално отказ од работа :D Си добив.
     
  3. Искра 90Ј

    Искра 90Ј Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2018
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    167
    Кога е најсоосдветното време од бременоста до која недела, треба да се соопшти на шефот дека си трудна?
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    6.010
    Допаѓања:
    35.013
    Пол:
    Женски
    Лично јас соопштив кон 9та 10та недела мислам. Од кога дознав бев 3 недели на боледување па кога се вратив им кажав. Морав толку рано поради тоа што моите работни обврски се забранети за бремени жени.
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    4.953
    Jas eve skoro ke bidam 12 ta nedela I uste ne im kazuvam pa sto znam koga ke im kazam a zatoa sto ne se poznavam i ne mi se losi ne me pocnale znae samo edna koleska koja za nekoj raboti me pokriva ;)
     
  6. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    758
    Пол:
    Женски
    Сериозно ова? Што ти рекоја?

    Јас им кажав кога бев трет месец. Многу ми беше страв првите три месеци да не се случи нешто и затоа чекав.
     
  7. Lavica2016

    Lavica2016 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    3.476
    Пол:
    Женски
    Jas odma kazav u sredata koga doznav deka sum bremena..i na menadzerkata i na direktorkata..ne mozev ni da krijam i da sakav..zapoznaeni bea so celata procedura so inseminaciite taka da ocekuvaa vo sekoj slucaj..inaki ne bi kazala samo od aspekt sto ze ceka do 3ti mesec ne se kazuva i slicno..koj ke doceka 3ti mesec :)
     
    На elimkd и eta им се допаѓа ова.
  8. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Уште на почетокот им кажав 4 или 5 недела.морав да кажам и одма шефицата свика состанок ги извести колегите ( секако со моја дозвола) и побара од сите нив да ми излезат во пресрет и тешките физ. раб да ги извршуваат они. Секако беше така ама јас не се штедев мислев можам и се случи што се случи заминав на боледување. Ете уште си потпишувам секој месец не верувам ќе ме отпуштам. Супер се..поддршка голема од сите добив. Мн им фала од срце
     
  9. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    63.268
    Па не знаев добро јазик и не знаев да читам и ми дадоа да потпишам нешто демек во врска со работата а тоа било дека се согласувам за прекинување на договорот од работа, потоа поднесов тужба се жалев ама џабе таа кажа дека има сведоци дека јас знам германски а јас немав сведок и се откажав бидејќи ќе изгубев.
     
  10. mamaJana

    mamaJana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Дознав дека сум бремена на 14 Април, а на 17ти требаше да летам на деловно патување, бидејќи ми беше страв да летам веднаш си кажав.
    Добро беше прифатено, без никакви компликации, дури и замената ќе биде примена на работа 3 месеци пред да заминам на породилно за да имаме време да ја внесам во работата бидејќи е малку специфична, па се надевам и мене ќе ми олесни работата во тој период..
     
    На cresa-jagoda и Martka им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    14.205
    Пол:
    Женски
    Јас му кажав сега во 19 недела, и ми рекоја да му прекажам во 7ми месец, бидејќи треба да бараат замена за мене и да обучуваат за работа јас му кажав порано е сега на нив е, а за два месеци нема шанса да обучат некој за да работи.
     
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    5.319
    Допаѓања:
    50.699
    Пол:
    Женски
    Јас кажав одма на работа и од другиот ден веќе отворив боледување.
     
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.377
    Допаѓања:
    9.057
    Пол:
    Женски
    Кажав во 5та недела одма после првиот преглед. Не правеле никаков проблем досега на трудници и затоа сметав дека е коректно да ги испочитувам и да кажам веднаш.
     
  14. Charlotte*

    Charlotte* Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Чим ја потврдив на лекар.
    Не може да се скрие едноставно, ми се чинеше секој ден. Од авион се гледа.
    А нема и зошто да се крие.
     
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    11.385
    За бременостите знаеја од одма. Не се случило трудница да избркаат кај нас, плус и работам многу специфична работа каде нема кој да ме замени така лесно па додека бев на породилно работев од дома.
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.671
    Допаѓања:
    11.794
    Пол:
    Женски
    Читам негативни коментари,добро жени не сте можеле да тужите? Закон ги штити бремените,ако не им одговара да имаат вработена бремена жена нека си платат оштета и чао со здравје.
     
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    4.325
    Јас само кажав на претпоставениот дека сум на боледување и прва прилика ќе се вратам, таква е ситуацијата морам да лежам, но веднаш си претпоставуваа сите колеги/колешки за што се работи одма му се јавија да прашаат одоколу па си кажав :D 6-7 недела беше. Што и да биде немаше да можам да сокријам бидејќи бев на боледување за прв пат а со години сум таму.
    Супер беше прифатено и од претпоставени и од колеги, со честитки.
     
    На tina2018, Kaetana, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    13.925
    Пол:
    Женски
    Искуство за оние што се во Германија кога се кажува на работа? Во МК ми беше лесно, бев блиска со директорката, одма си кажав, ама тука не знам како одат работите. Ако некоја има искуство, нека сподели. Благодарам.
     
  19. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.640
    Допаѓања:
    37.980
    Пол:
    Женски
    Кога ќе идеш на прв преглед да ти потврдат бременост и срцева акција треба да направиш термин за мајчина книшка да ти отворат. Штом ја добиеш мајчината книшка ( тоа на еден термин се завршува) ќе им речеш на сестрите кај гинекологот дека ти треба потврда за работодавец дека си бремена.
    Потврдата ја доставуваш лично или на мејл до шефот, персонал абтајлунг и бетрибсрат од твојата фирма. Од истиот момент влегуваш под закон на мутершутц. Тоа значи ако работиш тешка физичка работа ќе ти најдат друга работа, ако одиш трета смена нема да одиш веќе, ако работиш во градинка ќе бидеш под надзор итн.
    Со тоа процедурата на информирање е завршена.
    Потврдата е околу 15 евра кај гинеколог.
    Потврдата за кранкенкасето се вади на крај исто на писмено треба да ги известиш. Негде 33 до 34та недела.

    Што работиш? (не мислам детално, мислам на канцелариска, фабрика, медицина, угостителство итн).
     
    Последна измена: 26 јануари 2019
    На cresa-jagoda и Kaetana им се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    13.925
    Пол:
    Женски

    Фала на исцрпниот одговор. Работам како проектант - градежен инженер. Скоро 100% од времето сум пред компјутер, ама има шанси и да сакаат да ме пратат на терен за надзор. Би сакала да го избегнам теренот, ама рано е уште за тоа да планирам.

    Значи не е на истиот термин мајчината книшка? Читав за мутершуц ама не сфатив што е со тие 6 недели пред терминот. Ама ај, за тоа има време.