1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога кажавте на претпоставените на работа дека сте бремени?

Дискусија во 'Бременост' започната од Rusi, 14 февруари 2014.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Работата ти е канцелариска што значи немаш опасност за бременоста и веројатно ќе ја одиш до крај. За терен исто немаш опасност освен што не треба да одиш на гласни бауштеле, на висина да не се качуваш и едноставно да се штитиш имаш право. Теренот нема да ти го тргнат во бременоста зошто не се класифицира во опасност.

    Не е истиот термин. Правењето на мутер пас трае речиси саат/саат и половина. Ќе треба нов термин за тоа. Ќе ти земат крв да ти испитаат се ( крвна слика, сипаници, останати вакцини итн). Ќе ти дадат понуда за испитување токсоплазмоза и останати две чинат околу 95 евра се плаќа приватно ( убаво е да ги испиташ ).
    Имаш и како листа од три страни да одговориш на медицинска историја. Тежина, притисок и урина.
    Затоа и трае долго изработката на мајчина книшка, сите податоци ти ги внесуваат во компјутер и ти отвараат како картон за кај матичниот гинеколог.

    6 недели пред породилен термин ( кој ќе ти го внесат во книшка) настапува на сила мутершутц. Тоа значи дека законски не смееш да одиш веќе на работа кај нас преведено породилно. Оваа заштита важи до 8 недели после породување. 6+8 ти се мутершафтс гелд пари кои ти ги даваат за породилното 100% од плата. Дел плаќа работодавач дел касето. Важно се 100% од плата. Законот вели: после 8 недели после породување сакаш да се вратиш на работа или сакаш да одиш од една до три години на породилно? Елтернгелд започнуваат после овие 8 недели да се исплаќаат во висина од 70% мислам од плата дека се. Можеш да земеш 12 месеци и два сопругот. Вкупно 14 се платени. Можеш и три години да земеш породилно ( една платена две не) Можеш две да земеш ( по половина да ти пуштаат од парите 24 месеци).
    За секое барање писмено имаш рок на поднесување и известување. На нет имаш се објаснето со рокови. Внимавај да ги запазиш.
    Известување до работодавач исто така е со рокови кога известуваш за мутершутц и елтернцајт. Моја препорака е да си испринташ на еден лист и да си закачиш на ѕид дома за да пратиш кога што треба да правиш. Јас со ексел табела ги минев сите процедури. Исто важат рокови и за партнерот кога да поднесе за елтернцајт.

    Најчеста грешка е мешање на мутершафтсгелд со елтернгелд. Значи првите се 6 пред породување и 8 недели потоа, па тек потоа внесуваш датум за почеток на елтернгелд.
    Имаш и киндергелд документација.

    Звучи сложено, али е едноставно ако имаш план :)

    Што треба пиши ќе ти објаснам.
     
    Последна измена: 26 јануари 2019
    На kikikikirika, Vaga~, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти најмногу за овој исцрпен одговор. И јас вака слично сфатив за елтернцајт и мутершутц. Видов и дека има рокови, морам тие убаво да ги запазам да не направам некои пропусти.
    Ова директ да го барам на нет, или на пример има ли логика да изгњавам адвокат за арбајтсрехт (имам рехтшутц осигурување)?
    Можно е да те изгњавам уште за некое прашање / две.. :))))
    Ама не можам да ти опишам колку сум благодарна за деталниот одговор!
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Не ти треба за ова адвокат, а она осигурување ти е добра работа што си го доплатила за случај да имаш случај во Германија. Убаво осигурителен пакет ќе ви се најде некогаш.
    Ова се си е по закон за бременост само следи си ги термините и на писмено се нека ти е. Никогаш ама никогаш во Германија на усно не се оставај. И да договориш нешто прати имејл после во стил како што веќе зборевме ...,

    Мене оваа страна ми беше најдобра за се што ме интересира да пратам баш е детално се објаснето и за бременост и за чек листи во болница што ти треба и за правила:

    https://www.penaten.de/checklisten

    На истава страна ќе ги најдеш и сите овие за кои зборевме со рокови со се:
    https://www.penaten.de/sites/penate...nancial-checklist-after-birth-de-20181018.pdf


    Толку е убаво скоцкан системот во Германија што нема шанси да промашиш ако си имаш план. Исто имаш додатоци што ти следат пример од кранкенкасето чистачка кога ќе се породиш 4 недели ( земаш документ од болница дека ти треба помош и се доставува во касето). Пумпа за молзење се позајмува од аптека со документ од болница дека ти треба за некој минимален износ месечно ( ако ти треба секако да не купуваш).

    Значи има милион ситни ствари да ти олеснат живот овде само треба да имаш добри колеги да ти ги објаснат :) И после Германија од 4та година е прекрасна кога ќе навлезеш тактички во систем и се понашаш како германец.

    Слободно што сакаш прашувај го минам истиот процес и додека не ми се заборавени процесите тука сум :)

    Ќе заборавев нешто што мене ми беше битно за прегледите кај гинеколог. Ако си на работа со штембл да се куцаш кога си влегла или излегла од работно место обавезно вади си потврда од гинекологот за времето кое си го поминала на преглед. Пример од 08 до 09 и потпис и печат. Тие часеви за гинеколог, а ќе ги имаш во цела бременост многу фирмата е должна да ги преземе за да не ти ги одбиваат од твоите уберштунден.
    Ако си на доверба без куцање тогаш не ти треба потврда само доверба нели :)
     
    Последна измена: 26 јануари 2019
    На kikikikirika, Kaetana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    2.031
    Пол:
    Женски
    После првиот преглед одма кажав. Брзо после тоа останав и на боловање оти иако знаеше дека сум во рана бременост,ризична, се иживуваше, ме оставаше да стојам цела смена на нозе( иако има опција да седам). Плачки нервози крварења одма така да најубаво е одма да си знаат да не те оптеретуваат, доколку немаат душа како мојот шеф да си земеш боловање и мирна глава.:nod:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    @Kaetana фримајнд се убаво објаснила.
    Со единствена разлика, до праксата на гинекологот е претпоставувам, што веднаш ја добив мајчината книшка, при утврдување на срцева реакција. Секако се чекаат рецултатите од крвните анализи, па при наредниот редовен термин, додека чекам и сум на преглед, сестрата ги внесе резултатите од сите крвни анализи, односно лепенките од истите.
    Од анализи, покрај мала крвна слика, крвна крупа и рх, беа хив, хепатитис, сифилис, херпес, кламидија, рубеола... кај мене не испитаа сипаници. Доплатив за таксоплазмоза, листерија и витамин д.
    Јас се “вратив” порано на работа, после пола година.
     
    На kikikikirika, cresa-jagoda и Kaetana им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Во благодарам женски за информациите. Не знаев дека и саатите можам да ги оправдам и да не треба да ги доработувам т.е. враќам.
    Уште последно прашање - најдов листа за барање Hebamme, бев советувана да пишам под итно оти биле презафатени. Што да им пишам - јас сум таа и таа, живеам таму, бремена х недела, и барам поддршка за бременоста? И тоа е подмирено преку здравственото осигурување?
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    Да. Телефонски јас се договорив. Плаќа здравственото. Еднаш се видовме додека бев трудна, зеде податоци. После и се јавув од билница, кога се породив.
    Можеш и од здравствената каса да побараш писмо со сите хебаме во околина, со нивните телефони и инфо. да ти пратат.
     
    На kikikikirika и Kaetana им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Kaetana треба и термин да знаеш и тој да им го пишеш при барање. Иначе така му доаѓа текстот сосем кратко.
    Да, плаќа касето.
    И курс за трудници имаш за подготовка на бременост и за после бременост вежби и тоа го плаќа и за тоа порано треба пријава. Најчесто во болниците се организира. Мој совет е да одиш убаво е.
     
    На kikikikirika и Kaetana им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @FreeMind @danichap
    Уште една кратка консултација со вас.

    Го најдов ова како некој водич, што треба да се направи кога. Ваше искуство?

    https://www.baby-und-familie.de/Schwangerschaft/Checkliste-fuer-Ihre-Schwangerschaft-189693.html

    Не можам да ви опишам колку сум ви благодарна за поддршката. И да најавам, дека има шанси да ви пишам во лична порака дополнително, да не ја трупам темата тука. Најголемо фала!
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Баш убав патоказ си нашла. Според мене оди си по листава и направи си се со време.

    Јас имам ексел табела по месеци. Можеш да си ја направиш од овие листи и месец по месец да си ги знаеш обврските и пријавувањата. Си ги боиш во црвена боја извршените. Исто на партнерот му правиш листа да не седи така туку пола од работите он треба да ги изврши :)

    Нема на што, затоа сме тука, слободно.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Јас не знам кога да кажам после првиот ли преглед да биде бидејќи кај нас бремени жени не одат на работа.
    Не знам ни како ни кога да кажам, сега тоа се мислам.
    Само се кажува или некој документ нешто се носи?
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.760
    Чисто земи си потврда од матичниот за ако ти побараат.
    Штом бремени не одат на работа, кажи им уште одама.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    17.756
    Пол:
    Женски
    Јас кажав само на една претпоставена тука после првиот преглед, а на газдите (во странска фирма работам) и останатите колеги им кажав после прв скрининг.

    Ако се ослободени од работа бремените побарај си потврда од матичниот дека си бремена и кажи си уште одма.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    И јас планирам да кажам на еден мој претпоставен само не знам после прв ли преглед да биде.
    Кај нас не одат откако почна короната, претходно и бремени жени си одеа на работа.
     
  15. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Јас мислам најубаво после прв преглед кога ќе чуеш срцева акција Една недела плус на работа нема да ти смени ништо ама само доколку работата не ти е тешка
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Планирам така да направам, да слушнам срцева акција, па ќе прашам гинеколот што како да биде.
    Работата е и така и така, не е канцелариска, работам во 3 смени, ама гледам да не се уморувам многу.
     
  17. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    3.155
    Пол:
    Женски
    А оти би чекала? Земи си потврда од матичен и кажи му на претпоставениот не мора на цела фирма,кога вејќе сте ослободени од работа ич не чекај
     
    На cresa-jagoda, pamelche и shz им се допаѓа ова.
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    17.756
    Пол:
    Женски
    На прв преглед веројатно ќе си чуеш срце, 6+ недели ќе си. Јас на твое место би кажала, чим работиш во смени одмори бар првите месеци дур да се навикне телото на новата состојба. Плус корона итн, јас би седела дома ако има опција. Со лесно нека ти е бременоста.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja, Razvigorec и 2 други им се допаѓа ова.
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    За мене дали ќе важи тоа не знам бидејќи ја прележав короната.
     
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.760
    Без разлика.
    Во одлуката стои дека сите бремени жени се ослободени од работа додека да заврши пандемијата.
     
    На Anaroz1, cresa-jagoda и shz им се допаѓа ова.