Јас преска се јавив на гинекологот ми кажа наредниот четврток да одам на преглед, а за потврда кога сакам, тогаш или утре, задутре.
Честито бременост на убав ден убава вест, јас на твое место одма би си извадила потврда од гинекологот и би поразговарала со претпоставен да ме упати во правна служба да ми одобрат се што ми следи по закон. Тешка или лесна работата штом одиш во 3 смени имам некоја претстава каква е и јас би ти кажала да си реагираш побрзо.
Ова важи ако си вработен во државна институција. За приватните фирми зависи од вољата на работодавецот.
Немам намера да објаснувам, вчера во друга тема имаше дискусија за истово. Законски е така, доколку си на неопределено можеш да си ги користиш мерките ако не да ја пријавиш фирмата. Доколку договорот е од месец за месец, работодавачот има право да те одјави кога ќе ти заврши договорот.
Јас сеуште не сум бремена, ама работам во фирма каде што трудниците после коронава воопшто не доаѓат на работа, ослободени се. Се враќат после 9 месеци откако ќе се породат, и додека детенцето не наполни годинка мајката оди само прва смена, барем вака е во нашата фирма. Мене работава не ми е баш лесна и одам 3 смени, така да мислам да кажам веднаш штом добијам позитивен тест, не сакам да ризикувам.
Ама не се објаснувате, но реалноста е таа. Моја познаничка десет години во иста фирма, остана трудна и ја снајде реалноста на македонскиот работодавач - не беше ослободена по основ на оваа одлука поврзана со пандемијата, си зеде патолошка. Истото ја снајде моја бивша колешка, 4+ год во фирмата. Така да, ние сите знаеме што пишува таму некаде на некој си лист како закон/одлука, ама реалноста е друга и истата се вика - како ќе ти се 'смилува' работодавачот.
Официјално нема прогласена епидемија колку што знам. Имаше, па као заврши, ако прогласат пак тогаш ќе важат мерките.
Одма кажав, веднаш кога дознав, со цел да се заштитам од кревање тешко. Работев уште еден месец по своја воља за да ги поминеме гужвите и после користев корона мерки.
Пандемија прогласува светска здравствена организација. Не е епидемија па да одлучува влада. Во пандемија сме сеуште и според новата калкулација на СЗО ќе биде така и во тек на 2022 година. Иначе јас сум вработена во приватна фирма, работев од дома, со 100% плата без никаков проблем. Читајте малце, информирајте се не однесувајте заклучоци пребрзо. Некој ќе прочита ваква информација и веднаш ќе се откаже од своите барање.
Прашав сега ми вели завршено било тоа гинекологот вели важи уште ќе ти извадам потврда. Не знам што да правам сега.
Земи потврда и однесија на работа или доколку имате кадровска служба во фирмата исконтактирај ги нив. Вчера се обидував во друга тема да кажам дека мерките не важат за сите, се надевам ќе успееш да седиш дома.
Секоја држава си прогласува официјално епидемија според ситуацијата во која се наоѓа и донесува закони и одредби кои важат за време на епидемија. Ако се подобри ситуацијата, се отповикува. Некои прогласуваа па отповикаа, па "заборавија" пак да прогласат иако едни мерки уште важат, други не. СЗО дава препораки а државата како сака така ќе менаџира.
Немаш потреба ни да се објаснуваш, ни да бидеш дрска. Правник сум по професија и ти кажувам што вика законот, а ти како сакаш. Поздрав.
Немав намера да бидам дрска. Се извинувам доколку ти оставив таков впечаток. Каде во законот пишува дека важи само за вработените државните институции?
Кај нас во мк мерките за бремени жени да седат дома важат се додека сзо не прогласи крај на пандемијата. Со сигурност е така. @pamelche во приватен сектор ќе ти дадат мерки само ако сакаат. Не може да користиш мерки во приватна фирма оти така пишувало во закон. И џабе ќе ја пријавуваш фирмата, само нерви ќе си трошиш.
Баш вака, пошто се препораки и немаат законска сила, ниту пак работодавецот одговара некако ако не ги почитува.
Токму така, препораки се па работодавецот одлучува дали ќе ги ослободи или не... Во друга тема ова вчера 10 пати го пишав ама сите ми ја препратија одлуката на владата од април 2020, која во меѓувреме се смени.