Одлуката не е од април туку е од ноември 2020…и не се препораки…во време на вонредна состојба одлуките на владата имат законска сила…а првичната одлука за ослободување на трудници беше во РМ кога имаше вонредна состојба…ова од правен аспект Од практичен аспект знам дека во пракса не се почитува ова…јас имав среќа што сум опружена со право воедно тоа и работам и работодавецот ќе завршеше пред инспекција без око да ми трепне еве ви го во прилог потсетувањето од влада, зошто работодавците ги лажеа вработените дека мерките не важат па владата мораше да излезе со соопштение
Првата одлука беше во април, па после апдејт во ноември како што кажа и после имаше на 15.06.2021 каде што мерките од член 13 и точка 11 се избришани, т.е не ни постојат на што приватниците се вадат. Е сеа јас не сум правно лице и не ги познавам законите колку ти, па би било убаво ако можеш да ни кажеш како оди процедурата за сите трудни дома да седат оти очигледно само на форумов има многу на кои не им е дозволено да користат мерки. Поздрав БТВ да напоменам дека јас сум во приватна фирма и користам мерки, ама кај нас од сам почеток на короната ниедна трудница не дојде на работа ниту еден ден.
Да ти кажам искрено не сум многу во тек, ова горе што го пратив ми беше за една колешка таа ме прашуваше дали сеуште важат мерките и тоа го најдов, сега ги читав одлуките од седницата што ја спомена ти од 15.06.2021 и таму никаде не пишува дека се укинуваат мерките за трудници...еве извадок од седницата -Се задолжува Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да направи споредбена анализа на земјите во регионот во врска со наредената мерка за ослободување на бремените жени од работа и работни обврски со физичко присуство на работно место. само ова го пишува во врска со мерките...значи јас колку што се сеќавам одлуката во врска со бремените жени никогаш не ја чепнаа...ја донесоа и не ја чепнаа...ги вратија хронично болните на работа во јуни 2020, го укинаа породилното ама мислам дека оваа одлука за бремените никогаш ни ја укинаа ни сменаа...знам многу пати пишуваа феминки во министерство прашуваа од таму рекоа дека мерките важат...мислам има читано во под форумот Корона...ама изгледа кој како сака си ја почитува
Јас да сум работодавец и да ми дојде и да ми рече трудна сум, дома ќе си седам 9 месеци, одма ќе одам да ја одјавам.. Трудна е, не е болна па да не оди на работа...
Фала ти на деталниот одговор, веруам дека како поединци потешко оди терање процедура, ама кога би си ги знаеле правата и би се бореле сите заедно нема вака да е. Жално е колку не сме заштитени како трудници и мајки општо. Поздрав.
Незнам дали некаде го пишува, но се сеќавам дека кога почнаа да ги враќаат хронично болните на работа, се направи галама и за бремените и тогаш рекоа дека тие се ослободени се додека не се прогласи крај на пандемијата, а тоа е уште далеку од нас за жал. Е сега, пак ќе речам, незнам дали некаде е баш вака пишано некаде, ама очогледно е оставено да лебди и да си го толкуваат работодавците како си сакаат
Директорот знаеше уште пред да почнам со инвитро,колегите дознаа покасно нормално, работев до 6.5 месеци и поради цервиксот ме ослободија дома да работам, еве активно секој ден од дома работам ама подруго е, не си таму 8 саати на столче и без ризик од ковид, супер разбран директор имам а исто о колегите ми се топ. Ќе тераме вака до крај
Ако си жена не би размислувала така. Од кај знаеш на која каква и е бременоста, по кој пат одела за да стигне до бременост (ивф), ги жалам вработените кај тебе!
Да, се сеќавам на тој момент, знам дека и пишуваа маилови по министерствата и од таму одговорија дека враќањето на работа не важи за трудниците…затоа викам дека трудниците никогаш не ги чепнаа…првичната одлука од март или април 2020 мислам дека никогаш не се промени Проблемот е што работодавците се прават паметни, а трудниците од страв чутат…секако не сите…јас отворено си кажувам ќе терав до крај ако не ми дадеше да си користам мерки…ама имам ресурси и можности…немаат сите за жал
ова не е точно, прво не важи само за државните, а второ не се препораки не знам дали работиш со право, пошто спомна дека си правник, ама јас работам како адвокат и ви тврдам дека мерките сеуште важат. само што не се почитуваат во пракса за жал, а многу од луѓето се плашат и се пријавени на определено и нормално во оваа наша држава ништо не се почитува. иначе бремена жена не може никој да избрка од работа, освен со истек на договор тогаш не може да тужи... едит: има и приватни фирми кај што се почитуваат мерките да не ги ставаме сите во ист кош, иако во најголем дел не се почитуваат.
Со оглед на тоа дека секоја втора жена има по најмалку еден спонтан и повторно кога останува трудна и е со крварење нормално ќе седи дома. Зошто ќе прашаш сега, бидејќи животот е стресен работодавците гледаат што повеќе стрес да му зададат на вработениот, а не да го наградат. И да бремени жени треба дома да седат, ако не дај боже исходот е смрт на бебе ради работодавец јас ќе го изгорам и ќе одговара за човек дека убил. А и враотувај си жени во менопауза така да нема да раѓа воопшто.
Аха, ќе и давам 9 месеци плата додека е бремена, па 10 месеци државата ќе и плаќа додека е на породилно, па после ќе донесат некој закон дека доилки се ослободени од работа, и она комотно 3 години дома ќе ги преседи, а некој ќе плаќа.. Треба прво да праша дали има можност од дома да работи бидејќи е бремена додека има можност за тоа, а не одма да дојде и да рече еве ти извештај, трудна сум, не доаѓам на работа, ако ме одјавиш, ќе ти викнам инспекција.. Или да праша дали може да не биде толку изложена на контакт со луѓе, има решение ако се сака.
Девојче, патолошка бременост ја покрива фондот, породилно исто - ништо нема да платат сиротите газди. Полека малку со изјавите, овде има и жени кои дете во 8/9 месец бременост изгубиле. Кармата е кучка, да знаеш.
очигледно е дека не ни била бремена, а богами не знам ни дали била вработена... што се запнала да ги брани газдиве како мислиш на нив многу гајле им е... има причина зошто трудниците се сметаат за ранлива категорија и баш само тие се ослободени од работа...
Девојче ќе дојдеш на нашето место па ќе те видиме тогаш. Зборував на работа ми рекоа ако сакам боледување можело да си земам немало проблем да имало. Ќе зборувам со гинекологот што како ќе ми каже.