Ама боледување... Нема проблем нормално, ќе плаќа државата. Истото нема врска со мерките. Плус, матичниот може да ти даде 15тина дена боледување ако не се лажам, после треба комисиски да се тера за патолошка која е 70% од плата.
Комотно ќе преседи дома? Затоа што она во тие твои 3 години што ќе ги преседи дома не прави ништо, така? Не зависи бебе од нејзе, она така си седи од чиста мира? Засрами се. Има жени со тешки бремености кои не смеат од кревет да мрднат ама на работодавците како ти што би била кад би била ич не им чуе ни за жената, ни за бебето. Битно они работник да имале. И да, ако е законски ќе плаќаш 9 месеци а она дома да си седи немај гајле. Има други начини ако не плаќаш
Господ да ти е на помош. Кутри газди испропагаа поради труднициве АХА, ама има вакви ко тебе со 'осет' ке работат за 200е плата и ке го спасат. Срцки
Точно, еве јас сум во приватна фирма со работни места на кои може и на кои не може да се работи од дома, сите трудници сме дома без оглед дали може или не да работиме од дома. Јас од денот кога кажав дека сум бремена сум со работа од дома без никаков проблем од страна на работодавачот. И да мерките важат и за приватниот сектор не е само за државните институции. Само инспекторатот треба малку посериозно да си ја врши работата и почесто да е на терен да види што се случува.
Кај нас демек не важиле веќе. Јас од дома не можам да работам не ми е таква работата и плус законски не смеам да одам 3та смена. Ќе видеме со матичниот што ќе направиме.
За жал пак се сведува на вољата на работодавачот, а не треба така. Се надевам со матичниот ќе средите. Секое добро
Морав отпочеток , зошто мора да мирувам. Сите знаат сега, некако не ми е сеедно, шубе ми е да кажам пред 3 месец, па сите те прашуваат како си, шо си
Јас кажав истиот ден ко видов позитивен тест, така да уживај си во бременоста и не му ја мисли многу за тоа. Може да прашуваат ама ти си одлучуваш дали сакаш, кога и што ќе одговориш
Не знам дали имаш деца, ама многу е грубо кажано ова. Ќе и давам плата 9 месеци, ќе ја одјавам. А бебето треба ли даима да јаде, пелени и ред други работи.. Ама како би се чувствувала ако фати корона и бебето е во деликатна ситуација? Како би живеела со таа грижа на совест, ако ја имаш, нормално. Многу нефер од твоја страна кажано.. Затоа јас да сум, на вакви работодавци како тебе, секој месец инспекција има да доаѓа.. Засрами се од мислењето. Поздрав
Одлуката велат претпоставените дека била ,,Ослободени од работа и работни обврски со физичко пристуство". Така да ако има можност работата да ја одработуваш од дома ќе си работиш од дома. Тоа е малку дискриминирачки, бидејќи исто си оптоварена само што не си со физичко присуство. Во мојот случај е така. Јас работа од дома не ме ослободија целосно
Одлуката откако е донесена се однесува за ослободување од работа со физичко присуство заради намалување на ризик од заразување со ковид. Никогаш не било за целосно ослободување од работни обврски.
На тоа и мислев за физичко присуство. Но доколку не постои можност работата да се работи од дома, тогаш е ослободена од работни обврски. Мислам дека кога реплицирав со тоа мислење, членката имаше пишано дека не поарои опција да работи од дома. И јас работам полно работно време, но од дома. Не те разбирам зошто дискриминирачки, одлуката е да се намали можноста од зараза не за да се намали работата на трудниците.
Дали сеуште важи законот трудниците дека се ослободени од работа. Прашувам бидејќи денес дознав дека сум бремена. А работам таква работа каде што има и физичка работа. Па да се заштитам. Колешка моја сега е 6ти месец, докторот од почетокот и рекол дека законот сеуште важи. И таа кога им кажала на нашите претпоставени и рекле овде кај нас не важи законот. Јас и велев да се распраша подобро зошто мислам дека не е укинат тој закон. Таа се плашеше дека ќе и дадат отказ и доаѓаше на работа. Иако бремена не смеат да избркаат од работа. Да скратам, во фирмава наша слушнав дека им стигнало некое писмо и одма и рекле на колешкава од утре не доаѓај на работа седи дома со мерките. И еве таа дома е со мерките,6ти месец е. Сега како да постапам, дали ќе ми речат и мене дека не важат мерките. Треба нешто потврда од гинеколог или како во овој случај.
Извади си потврда од гинеколот и дади ја на работа. Јас ја дадов и сеуште нема одговор поминаа 3 или 4 недели веќе. На боледување сум сега не одам на работа.
На гинеколог ми рекоја на преглед после недела,две на преглед за да може да се види нешто. А може потврдата да ја извадам уште утре пример?
Мојот гинеголог ми рече да. Иди кај твојот гинеколог види што ќе ти каже, ама мислам ќе ти даде сигурно.
Ginekologot dava potvrda za osloboduvanje od rabota koga kje slushne srceva akcija...taka najcesto e kaj site trudnici sto gi znam, a i kaj mene
Мене ми даде одма потврда без проблем, ама ако сака да чека твојов тогаш може да ти даде боледување 2 недели па после ќе си земеш потврда, во случај ако не сакаш да одиш на работа ова.