Со потврдата си ослободена од работа со физичко присуство. Значи ако фирмата има опција да ти дава домашни задачи ти треба да ги извршуваш. А со потврдата и писменото барање кое ќе го дадеш на правникот и ќе чекаш да ти го заведат со архивско бројче и обавезно да ти дадат примерок од барањето за ослободување од работа со физичко присуство - од тој момент Владата те штити да не си на работа со физичко присуство.
Веројатно како маж, не сум компетентен да зборам на темава - ама морам да кажам дека кај нас избркаа две девојчиња што кажаа на *почеток* на бременост дека се бремени. Никогаш не разбрав зошто (ок, освен за пари нели) ама претпоставувам зависи од тоа каков тип на човек е газдата..
Не, пошо таквите газди у глобала на определено даваат договори, како секаде у државава, освен админситрација нели? Едноставно истекува и ќао ѓаци ... ниско ..јбг
Хмммм како само треба да се средат ваквиве газди...сепак мислам дека постои закон и за оваа ситуација
Ако си под договор и ако ти заврши договорот и тоа како ќе те избркаат без разлика дали си бремена или не
Во приватен или државен сектор си? Зошто рече ти одобриле. Јас и еве неколку другарки што се бремени само потврда однесовме, не поднесовме барање ни па чекавме одобрување
Во приватен сектор. Не знам претпоставениот што ми е ми даде барање да потполнам тоа е исто како слободни денови да земам и однесов исто потврда од гинекологот.
Кога ја имаш дадено потврдата на работа, не смеат. Кај нас неколку колешки дадоаа потврда и утредента веќе не доаѓаа. Никој не ги избрка. Законски е така. Сега сигурно има и такви "јаки" газди кои наоѓаат дупки во законот.
Ама не постои такво нешто како 100% со меркиве ако си вработен во образование. Во овој случај можеш да отвориш патолошка бременост и да ти кратат 30% од плата. Или да земаш 100% плата ама да работиш он-лајн.
Зошто во образование би било поинаку од другите државни институции? Да, онлајн може ама ако паралеката што ја водиш е онлајн, но ако си предметен наставник и предаваш во повеќе паралелки со физичко присуство работата онлајн е невозможна. А ризикот со 30 деца во просек затворен по 40 мин 5 до 7 часа на ден е стварно голем, посебно што до сега и вака и така се отвараа прозори по училни, ама сега веќе не, ладно им е на децата
Па целта на мерката е да нема физичко присуство, а не да си 100% ослободен од работа ако е изводливо работа од дома.