Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога кажавте на претпоставените на работа дека сте бремени?

Дискусија во 'Бременост' започната од Rusi, 14 февруари 2014.

  1. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Еве јас работам од дома а а сите класови се во училиште.
    Тоа личи на се' само не на час.
    Ама тоа е. Не ми дадоа да не работам. Ми рекоа ако сакаш извади си патолошка бременост и ќе земаш 70% плата
     
  2. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    13.761
    Пол:
    Женски
    Е не ми се верува дека и тоа го има:)
    Имам блиска личност што работи во државна институција се уби од седење дома од ко почна пандемијава, што за првото дете мало, па трудна, па породилно, па што све не, мислам дека работата трпеше да работи од дома, ама ни институцијата каде работи го побара тоа од неа, ниту па она. Еден ден не сработи.
    Е сега зошто образование е секогаш ,,задна дупка на свиралото,, го смислиле и ова сите во улилиште наставникот од дома.
    Јас сум исто во образование и би сакала да имам некоја обврска, а не да се легачам само, зашто така 300 глупости во глава ќе ми се вртат. Е сега здравје боже ептен сум рано, планирам полугодиево да го истерам да видам како што ќе биде, па ме замисли како кај мене ќе го решат тоа
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Децата си прават журки додека јас од дома предавам. Ставена сум на мјут. А од училиштето ми се Закануваат со казна ако не ги држам учениците во училиница (од дома не знам како би влијаела). Исклучуваат камера многу пати предавам на празна училница.
    Они немаат интернет немаат кој да ги надгледува ама јас ќе сум била виновна. Ми викаат плата земаш снајди се.
    Ќе пријавам изгледа за мобинг оти сакаат по секоја цена да ме понижат а одлуката на Владата ме штити
     
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Нема некое правило нешто ако исклучат камера да им ставиш неоправдан? Не ги снимате часовите?
     
  5. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Забрането е снимање на часовите, а за било што да се случи ти си тој кој од дома треба да најде начи да се вклучат. Стресно е ептен
     
  6. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    13.761
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека си во средно училиште, иако и во основно не се подобри. Ако ти е ептен стресно консултирај се со некој што малце повеќе го разбира законот, одлуките и препораките од влада и барај им се на писмено од училиште, сите задолженија што ти ги даваат и евентуални закани. Можда така ќе олабават малце.
    Кај нас само со уцени и закани на жалост функционира се
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Прашање со сите: Ако сте бремени и работите од дома дали ви се забранети други активности? Мене ми се јави директорот од училиштето и ми рече под итно да престанам со мојата приватна активност (1 час неделно проба со градска драмска секција која е под Центар за култура) бидејќи наводно му јавиле дека како тоа сум работела од дома а сум одела на проба (еднаш во неделата со 10 души).
    Јас знам дека тоа е од злобата на мои колеги ама не знам што да правам.
    Имаат ли право на тоа? Каде да се обратам да бидам сигурна што да правам?
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Како бе може да ти се меша во приватни активности?
    И не, нема право.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  9. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    13.761
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе таа завист и злоба ќе не убијат. Одлуката си е јасна за бремени жени, ослободени се од работа со физичко присуство. Е сеа во останатиот дел од денот ако трудницата сака може и по кафани да оди тоа си е нејзин избор. Затоа не им дава за право на работодавците да ни го контролираат животот 24/7. По нивната логика несмееме ни во маркет да одиме. Ајде ќе се затвориме дома 9 месеци и ко ќе се породиме ако може и породилно да не користиме за да се вратиме на работа за да имаат они на кого да се истресат, зошто по дома очигледно никој не им прави муабет!
    Уф, извинете на долгиот пост, ама многу ме нервираат вакви исфрустрирани ликови кои мислат дека се семоќни
     
    На warrior, Anaroz1, Алек*** и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Fino lepo na advokat. Neka ti sprema edno baranje za osloboduvanje od rabota zaradi koristenje kovid merki, vo prilog izvadok od zakonot - po so neli ti ne go izmisli, zakonot postoi, pa seto toa vo dva primeroci, eden zavren so potpis primil za tebe a drugiot za niv. Obavezno napisano da ti vratat odgovor na pismeno. E POSLE koga ke dobies odgovor deka si oslobodena od rabota, mojot broj daj mu go na direktorot i mene neka mi se javi jas ke mu kazam zosto odis na dramska sekcija ednas nedelno! Kolku ubavo ke mu objasnam! :swear: :punch:do sesto koleno ke mu objasnam.. Abe ja preteraaa, znaci preteraaaaaaa! Kako naogaat samo takvi bukuzi i iskopmpleksirani za direktori?
    Podnesi baranje i svirkaj si:rock:
     
    На Anaroz1, V.N. и Norah Jones им се допаѓа ова.
  11. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Види нема да ме ослободат од работа бидејќи е училиште и ми рекоа да работам од дома. Тоа е ок.
    Ама да ме плашат дека не смеам нигде да одам оти сум работела од дома тоа нз дали смеат.
    Прво јас и да сакам да продолжам да работам со физичко присуство он не смее да дозволи имајќи ја потврдата од мене дека сум бремена. Бидејќи во одлуката на Владата стои дека: Бремената работничка дури и да побара да работи со физичко присуство раководителот не смее да и' дозволи бидејќи се' што ќе се случи ќе одговара лично тој.
    Е сега моја љубоморна колешка која е нон стоп у канцеларија кај директорот му го пере мозокот дека: Како тоа јас сум ослободена од работни обврски со физичко присуство и работам он-лајн а одам на драмска секција?
    Вчера часовите ми почнуваат од 11 они од 9 на телефон ми се закануваат како ќе сум работела од дома инспекција ќе ме казнела бидејќи сум земала плата а не сум работела како другите.
    Чекам 6 месеци да поминат да имам опција да пријавам мобинг.
    Вчера ќе умрев почнав да се тресам неконтролирано устата ми пресуши. Ми го навредија достоинството. Како јас да одлучив дека сум бремена и ќе работам од дома.
    Злобата е најголемиот непријател во меѓучовечките односи.
    Не можам сега кај адвокат бидејќи сум во мало место каде сите се Знаат. Едно влегување кај адвокат за 1 час цел град ќе дознае што сум барала. А знаеш дека сегде се главни партиските војници. Кај што има сила нема правдина.
    Кажете ми каде да се јавам да прашам дачи смеат да ме уценуваат да не правам ништо додека работам од дома?
     
  12. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Каде да прашам да се јавам дали се во право или не смеат така да ме уценуваат?
     
  13. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Како да бидам сигурна дека немаат право? Се плашам да не почнат да ми прават проблеми со инспекции и сл
     
  14. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Незнам кој месец си и дали си под договор или на неопределено ама јас би ти рекла отвори си патолошка и свиркај си Ќе зимаш помала плата ама ќе бидеш на раат Патолошката секако не се пресметува за породилно
     
  15. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    3 месец на неопределено сум.
    Што значи тоа дека патолошката не се пресметува за породилно?
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    17.133
    Дека после можеш 9 месеци породилно да користиш.
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека патолошка не влегува во просек за породилно За породилно се зема просек од 12 плати пред патолошката
     
    На Norah Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    13.761
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Lavica2602
    Ако си во мало место сигурно имаш некој познат, пријател, роднина во друг град. Консултирај се преку нив во друго место на живеење. Македонијава е едно село кај што се некој ќе најдеш, па сигурно и некој познат адвокат од друг град кој би ти излегол во пресрет.
    Исто можеш да им пишеш и на независниот синдикат за образование, они пружаат и бесплатна правна помош доколку ти е потребна.
    Мобинг е многу тешко да докажеш, вака изгледа као лесна работа, ама во нашава држава....треба ептен на писмено да имаш се што ти налагале како обврски и ред други работи па и тогаш тешко кај нас.
    Се надевам дека во најскоро време ќе го решиш ова и не се стресувај за работа, гледаш нив уво не ги боли за тебе, гледај си го тоа што е во тебе и чувај си го незнаеш каква среќа и радост ти е тоа:l:
     
    На Norah Jones и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.472
    Ако отвори патолошка,а се шета ,ќе ја види некој и бетер беља. Незнам колку сте запознаени но работодавците пуштаат инспекција од фондот за да се провери патолошката.Некои одат и до таму што ангажираат приватна детективска агенција звучи ко на филм , но сепак го има.

    Спрема мене фер е да не оди на секцијата.Од една страна бара да не оди на работа нели ослободена од ковид а оди оваму кај што можеби ќе фати ковид. Па се створило револт.
    Правата може да си ги побарате но сепак дел од ослободените што ги знам работат од дома.Секако ако ја има оваа опција.
     
    На cresa-jagoda, Estella, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Па според ова значи не смеам ни на роденден да отидам. Ни во маркет, ни на кафе во кафич. Или пак не смеам дома да славам роденден да речеме до 15 души.
    Ова нема смисла. Револт секогаш има но прашањето е дали е основан. Дали е утврдено дека бремените жени кои работат од дома немаат право на никакви други активности.
    На пример да запише Јога или аеробик за бремени жени итн
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.