Во период кога скоро сите се споулавени по турската серија Кога лисјата паѓаат, ајде да видиме кој ја прочитал и книгата.. Во некои ситуации поразлична од филмот, настаните некако за мене се случуваат пребрзо.. оваа книга ме изненади, но непријатно... некако очекував повеќе, а добив малку... не велам дека книгата беше лоша, но сепак... мене најчесто повеќе ме воодушевуваат книгите, но ова е ситуација кога филмот е далеку, далеку подобар... Какви беа вашите впечатоци???
и јас ја имам читано книгата и се согласувам со тебе, работите се случуваат некако пребрзо за разлика од серијата, очекував нешто повеќе но тоа е ќе си продолжам со серијата поинтересна е ма да во последно време ми станува досадна но за разлика од книгата добра е
Стана актуелна серијата, а со тоа некој висок рејтинг си доби и книгичката за тие што ја немаат прочитано. Ја прочитав за некои си три часа и ми остави лош впечаток, дали дека знам некои делови што ке се случат во серијава, или оди во друг правец - не знам. Колку што знам книгата на турски била пообемна и било рескажано до детал, додека некој што преведувал на македонски доста скратил. Во целост не ми се допаѓа книгата, а и серијата
Јас ја немам прочитано книгата ама имам слушнато дека доста работи биле изменети во серијата, како и тоа што многу ликови фалеле. Џеврие ја немало, а и Фикрет имала сосем друга животна приказна Може накратко некој да раскаже ?
Книгата врска си нема со случувањата во серијата..Темата е задржана ама филмот неможе у 10 вакви книги да го собере.Сите ликови се со поинакви карактеристики и се далекууууууу далеку поинтересни од филмот.Али филмот е ноу комент више ги преминаа сите граници. own: Офи приказната за Фикрет е како таа е најгрда од сите сестри и се мажи за 50 годишен маж.Од Џеврие нема ни џ туку се споменува некоја си роднина на Таксин незнам баш ама тоа у 2 реченици.И да не претерам со раскажување тоа е се у кратки црти.
Книгата е катастрофа, не ни може да се спореди со серијата и мислам дека ова што испадна кај нас не е правата книга туку мал дел од неа, па претпоставувам дека правата книга е веќе нешто друго.
кога ја најдов книгава во библиотека пред 2 месеца бев доста среќна бидејќи го гледав филмот од самиот почеток и очекував книгата да биде доста подобра од него .. 90 проценти од случаите е така .. но оваа книга ( барем на македонски ) е тотална катастрофа .. скоро ништо не е како во филмот .. ги прочитав првите 60-70 стр и ја вратив книгата доста разочарана own:
Книгата, мене ми е подобра, иако се е изменето...А овај авторов на книгава ни од 1000000 милји не е турскиот Толстој ;]
Многу ја сакам серијата, заради тоа ја прочитав и книгата и останав крајно разочарана. Не беше како што очекував. Точно е тоа дека книгите обично се подобри од филмовите, но овојпат не беше така...
Книгата е далеку различна од филмот.Прво Џеврие ја нема,Лејла и Неџла дома си прават забави а Али Риза не вели ништо,Фикрет е грда со лузна на челото абе глупости,филмот е далеку поубав од книгата.
Мене искрено воопшто не ми се допадна книгата кон крајот, може затоа што очекував да биде иста како филмот а таа е различна и со глуп крај
1. Точно е дека дејството во книгата се разликува од она во серијата. 2. Исто така точно е дека дејството во книгата се случува малку пребргу.... но тоа е само затоа што не сте го читале оригиналот, туку македонското издание на книгата, кое покрај недоволно добриот превод, е и доста скратено и осакатено... Не верувам дека би ги имале истиве мислења за романот доколку би го прочитале оригиналот на турски јазик. Романот едноставно плени со својата топлина, начинот на кој се прикажува секојдневниот живот и ситуациите со кои се соочува едно типично патријархално семејство. Толку чувства во една книга.... просто боли кога ќе ја земеш во раце.
Јас пак го мислам спротивното!!! Откако ја прочитав книгата, видов колку серијата е шпанска (знам знам дека е турска, ама кога на напишам така мислев на растегната со непотребни заврзлами). Можам да заклучам дека книгата на сценаристот му послужила само за давање на имињата на ликовите во серијата.
Ја видов книгата во библиотека и од пуста радозналот ја земав. Но не, не ми се допадна книгата, залудно потрошени часови во читање. Во книгата има некои настани од серијата што повеќе мислам дека прво е серијата па книгата направена. Книгата ми е по шпанска од серијата, си заврши така што Али Риза, Хајрие, Лејла и Ајше си живееја среќно до крајот на животот, додека Шефќет не е спомнат никаде. Ликовите во серијата и книгата имааат видни разлики, како на пример Фикрет која во книгата е сосема друга личност од онаа во серијата. Џеврие не е ни спомната во книгата, туку е спомната сестрата на Таксин која е вдовица и живее со нив. Друго нешто е што децата се премногу млади прикажани. Во серија па и Фикрет и Шефќет не се баш млади. Ај доста е. Се на се, книгата не ми допадна се е набрзина случувано и почнато не довршено.
Многу се различни книгата и серијата, имаат мал дел на сличности. Од книгата очекував мноогу повеќе, воопшто не ме воодушеви. Не ми се допадна. Настаните ептен набрзина се случуваат, што мене ме нервира. Филмот беше подобар, повеќе и поинтересни настани, ама толку може да се вметне во книга од неколку страници.
Помалку жалам за неброените часови изгубени во гледање на серијата отколку за тој час и половина читање на книгата. Очекував поголемо расплинување ,детали ,описи ,а добив само прашалници над глава и чудење.