сакам да се надоврзам на коментарите! Не го гледав филмов, само онака го знаев. Сега почнав да го гледам и многу ми се допаѓа ама често плачам кога го гледам Али Риза затоа што ме потсетува на татко ми... Ќе кажам за моите омилени ликови по неко збор. за Али Риза веќе кажав, неговата жена Хајрие има интересно име и ми е многу убава! Огус е ИСТ како еден мој бивши Неџла е прекрасна! Лејла ми е смешна, а Ферхунде(тука некаде прочитав Ѕверхунде) многу ми е интересна и нема толку лоша душа. Тетка Џеврие ме нервира многу ама завчера се изнасмеав со чоекот ко беше болен си играа со него! многу реален филм со убави глумци, но ете често ме расплакува...
Ај ај, ја претепаа. Ама кога ќе им ги пушти сега духовите, тешко нив. Мене ми беше многу жал кога ја видов таква целата, претепана, со крвови, иако не заслужила.
Па не ја сметам Ферхунде за толку лоша! Кога ќе видиме и ние жениве сега сме скоро исти како неа! Не е ништо лошо што сака пари де ....кој не сака! А за тоа што дофрлува па и тоа не е толку лошо! Ние сме научени ништо да не се рече на глас ( мислам на тоа што е лошо)...и само чутенката, и никој со никој не збори! Вистината колку и да е болна се кажува...ама кај нас се крие.... Филмов ми е ставрно многу реален, сплет на карактери, ситуации, спој на конзервативно и модерно оденсување и размислување!
Оззу ферхунде нема лоша душа , такво нешто да му направиш на мажот, да го пријавиш во банка . Прав девил ми е, но Шевкет ми е убав но и многу добар,дури предобар. А за Џеврие леле само мене да ми била свекрва би ја убила-вистина. Не знам како можи Фикрет да ја трпи уфф
Не бе ич не е лоша, знае дека краде пари Шефкет дека се во криза и наместо да му помогне со тие нејзини пари што ги имаше во банка она уште толку го цица... сељанка
А крајот на серијава го знае некој? Знам дека има тажен крај, но што ќе се случи со Али Риза, Фикрет, Неџла..?
Ех... дури се пронаогам малку во Фикрет (во однос на семејството ) јас сум таа жртвено јагне што е а за мене на никој не му гајле ама ке се чудат некој ден!! а малку и во Ферхунде (во однос на дечкото значи многу сум строга...! и Ѕверхунде ме вика ништо ама баш ништо не му прекутувам а иначе убаво е што во серијата има многу работи кои се случуваат во реалиот живот не е како оние оваа и овој се главни личности па ги разделува 3 и бла бла
имам слушнато дека фикрет е во затвор и од таму ја раскажува целата приказна (нели раскажува и тогаш татко ми... тогаш неџла..) иначе е во затвор затоа што ја убила свекрвата џеврие добив таква информација првична
хммм ... не ми се верува лина значи како што имам сфатено, фикрет раскажува значи откако се' се случило, нели, еден вид на исповед не ми се верува дека ќе се случи тоа
Фикрет во затвор ?! Како бе ја убила старава ? И јас таква свекрва да имам ќе ја убијам ама и Фикрет ли ?Се зачудив многу еј ..Значи она уствари од затвор се тоа го кажуваа..
Еве една новост за филмов ....филмов сеуште не е досниман значи уште се снима и затоа никој не го знаеме крајот инаку се снима 3 год...
Ниту мене искрена да бидам. Ама да не биде, трпи трпи и на крај да и прекипе, зошто навистина има трпение за сите ама па баш на Џеврие да дигне рака... се сомневам.