И јас тоа приметив, каде живеат сега? Изгледа нова куќа си изнајмиа, мислам дека тоа им беше и намерата, сега имаат и паричка плус де. Ем Шефкет работи, ем книжарница имаат .
Не се знае кој е полош дали Хајрие,дали Неџла..И двете а видат пари им зина уста и заборават на се....
денес пропуштив што зборуваа шевкет таксин и мидхат кога излегоа некаде :/ Spoiler ке може ли некој да ми раскаже
Епа се начукаа добро прво и после раскажуваше таксин како згрешил фикрет го игнорирала се срамел и балблабла.А овој Шефкет кажуваше кко се осекал кога го изневерила Ферхуднде како му било кога дознал и тако то .....
Не знам дали ова припаѓа на темава али морав да искоментирам дека на сликава Фреди Меркјури многу ми личи на Огус.Да напоменам,само на сликава.Можеби е индивидуално ама сепак мене ми личи. Spoiler Инаку Неџла јас лично многу јас сакам како појава во филмот,преубава е. Мене филмов одамна ми е здосаден,ниту го гледам,можеби 2-3 пати во неделата.Се тоа па тоа...
Не ја можам оваа Неџла! Се бунтува дека татко и ќе и простел на Лејла, а не е свесна самата што направи!
незнам ни јас што и е финтата на простачата (тато јас ти купив книжара живееш кај мене во мојата куќа те пробрав бидејќи нема каде и сега ти не смееш ни под разно да и простиш на Лејла)пссс простачка се служи со толку ниски удари а иницијатор за целата таа мешаница и брука беше самата таа а ни незнам зошто се прави толкава драма околу гревот на Лејла,била со Огуз пофторно па што?тоа е нејзина одлука и да пати таа ќе пати то ќе биде нејзина грешка проста работа сите дечиња околу чичко Али се чесни поштени и му помагаат само Лејла е црната офца да таа што на крај и таа ќе ги прибере кај нив додека нивната му мила Неџла за секој нивни чекор во нејзината куќа отпревртва очи незнам ни како ја гледаат, а уште помалку трпат незнам како Али Риза кога дојде Лејла пред книжарата во таа состојба со полни очи солзи имаше срце да и заврти грб и да не ја гушне неговата ќерка се разочарав од човекот
Абе Фреди или Farrokh има азијско потекло, ништо чудно што личи на Турчин (Огуз во случајов), сигурно има мн што личат на него. Што се однесува до серијава, ептен стана депресивна, сите се нафрлија на Долина на волците, а ова не да мава на психа, убива...
Според мене за жалење се и Неџла и Лејла, а се е заради глупостите на братот Шевкет ( видовте како Хајрие одма за Седеф праша??, да си го среди она синчето со фино девојче, а он криминалец и муфљуз што нема ни 3 грама мозок ), а особено за тоа што не се поднесуваат Лејла и Неџла најкрив е Али Риза и Хајрие. Како само они да згрешија во фамилијата. Оној во затвор отиде и уште го тапшаат, Лејла малку ли испашташе , психички се поремети жената, а Неџла за да избега од дома се омажи за Џем, па и вдовица млада остана, а сега и за Али се мажи само за да се тргне од нејзините да не ја доутепаат со нивните муабети и глупости. Фикрет си се омажи тајно, за ни виден ни знаен, ама нема г'з Али риза да и пререче зашто он и ја расипа веридбата во Анадолија, заради глупост. Серијава е толку реална, такви ситуации има во вистинскиот живот, што ми се плаче кога ја гледам некогаш.
Башка Очајни домаќинки што е серија со висока интелектуална и уметничка вредност, тоа муабет да не се прави. Додека ги рангираме серииве според тоа дали се дојдени од Америка или не во сапуници и не-сапуници, далеку ќе дотуркаме. Треба да се проучи терминот сапунска серија па да се збори. Па од очајни домачици ми нема полоша сапуница. Ова ко ситуација на фејсбук ако ставам песна која е од некој украински, португалски или (Боже сачувај) турски изведувач одма оговарања у стил „леее која сељанка.“ Али тоа е...ќе не биде