Џенцкииии вчера не гледав тоа лисјата, ај накратко што се случи кога се сретнаа сестрите, огуз и али? И општо во епизодата што имаше? Пак нема да ја фатам репризата денес...
Кој е овој што беше кај Ферхунде во станот? Немам гледано неколку епизоди, не сум баш во тек... Нова жртва на повидок или?
Филмов додека беше интересен го гледав, а искрено почнав заради Џеврие да го гледам Немам гледано неколку епизоди сега ми се смаче, ај ако се случи нешто интересно пак ќе почнам.
Па нејзе жртвите и‘ се милионерче не си играј давај давај Овој е келнерче и ми изглеа на добар момак. Spoiler Иначе и‘ се најде у пресрет коа оваа неуротичнава сакаше да се самоубива, т.е да рипа од еден гребен и после случајно му се најде кај него у ресторан и од тогаш комуницираат
Ууф, ваква била, таква била. Аман бе луѓе, не е мажена Ферхунде, со кого сака ќе си оди (и со колку сака). Демек другиве женски ликови од серијава све пристојни се...ццц шо мразам коа ми ја вреѓаат Феци, а така е фина Животот е таков во градови како Истанбул, „ако ти не ме зае*еш, јас со задоволство ќе го сторам тоа“. Еее, Истанбул има 10-15 милиони (не сум сигурна, драстично се мења тоа секоја година), сите се борат за успех, многу кандидати, малку место, баш тоа јас што го викам „метрополска тепачка“. Огуз и Ферхунде се стереотипи за типови на луѓе кои би можеле да се снајдат во толкав град.
Напнато беше кај Тениковци до пред малку!! Лејла, Неџла, Нехир, се јавува Седеф и кажува вест во најнепогоден момент, Шефкет свиснува...абе аман!!
оваа хајире ке полуди од завист..демек се наместила седев кај и била љубовта за син и...арно и кажа неџла прв пат да се сложам со неа....кај и беше шутракот од син кога малава трчаше по него...еве ти га мац сега ахаахаха
мн.ми стана досаден филмов премногу една епизода на 3 ја делат аман бе кога ќе заврши овај филмот ни Али Риза уште не е парализиран ехееееееееееее досадно стана веќе само цимолат
Абе факт е дека за една работа имаше Хајрие право, Седеф стварно излезе најпокварена од сите. И беше интересен Шефкет коа беше у брак, успеа да му го растури и сеа у стил „ама мамо ја нејќам криминалец“. Морее, од таквите ко Седеф да се плаши човек, не Ферхунде.
А1 веќе осет немаат со ова нивно кратење на епизодите.од една пет прават.Се губи смислата на серијава Но да не бидам офф-морам да кажам дека Неџла ужасно ме нервира Толку дволична и алчна личност немам видено.За што и се лути на Лејла не можам да сватам.Оваа кутрава колку е наивна па уште и зборува и и` се понижува.Побегна со мажот на сопствената сестра па сега уште ќе шири некој морал.Да не беше кутриот Џем да видевме до каде ке беше сега.Ама паметна е знае каде да се намести одсекогаш се лепи за богати мажи и така успева,а не со нејзината 'способност'
Јас уште од на почетокот на филмот...видов дека Седеф глуми наивно чупенце аа уствари и нее толку наивна..Добро и Шефкет не е цвеќе за мирисање ама сепак..за толку кратко време да го заборај и да се сврши за друг стварно е покварено...Тој женет тааа 24 часа дома му седеше....па и јас да сум и јас ќе полудам знаејки дека ми го сака мажотми и дека намерно ми седи овде и пополека пополека го заведва....А за Лејлна и Неџла....Неџла е далеку полоша од Лејла...намерно го остави прстенот за да го види татко му цццццц шо нема да види чоек во овие сериите
Не гледав вчера. Нели тој прстен беше на Лејла? Таа ли го остави намерно во станот? За да дознае татко и дека била таму?
Не.....Лејла го заборави прстенот и Неџла го виде дека е таму...но намерно го остави за да види Али Риза дека била таму Лејла...
Eeeeј сестра е во прашање, Бог да чува, па ств незз како може да се оправда ова понашање на Неџла. Ете што прават парите од искомплексирани сељанчиња. Ама Али Риза и Хајрие штом дозволуваат, тие се уште повиновни. Абе сестрички да нејќе да ја види...не знам, ако и е се што ќе и се деси и малку и е.