Mногу ми падна жал за Лејла, а особено за Шевкет што ке се жртвува и ќе оди во затвор ни крив ни должен
Ooоф тоа мулето е криво што е живо. Дa не беше тој ништо од ова немаше да се случи, а не сите шо ја криват Ферхунде. Шефкет и Седеф делумно ја почнаа цела трагедија. На крајот на краиштата не ги запозна Ферхунде Неџла и Огуз, Седеф го напраи тоа, не ја опљачка Ферхунде банката, Шефкет го напраи тоа, па уште и и ја блокираше кредитната. Мореее, јас да сум Ферхунде немаше така лесно да помине, ќе фатев добар адвокат и ќе му го соберев и тоа малце шо му остана, па тогаш да го видам на кого ќе се свети муле едно.
Ја немам гледано 1 недела а гледам имало интересни работи што се случило со Огуз, зашто Шефкет во затвор?? Ај ќе ве замолам на кратко да ми резимирате што се случи неделава во спојлер или во ЛП ако не го мрзи некој.
Spoiler Огуз го уби овој неговиот стршен газда затоа сега Шефкет ке оди во затвор...ја жалам Лејла... Него видовте вчера како Хајире подбуцнуваше кога оваа тепаната збореше како родителите се откажале од неа и оваа гледа под око накај Али Риза демек за лејла да се сети...
Јас не жалам никој, секој си е крив за ситуацијата во која се наоѓа. И синока се пресмеав кога Ахмет рече "Е не ќе ја чуваме за туршија де" (за Седеф)
Може некој да ми каже како Алиризовците отидоа во станот во кој се сега? Под кирија им е или пак ќерките им го купиле? Не гледав еден период и се вклопив во содржината ама ова станот бе од кај им е ,ептен ми се допаѓа и онака раскошно е среден.
Џеврие бабичке закон си За Лејла мн.ми е жал па никако да и се насмевне среќата бре е Шефкет што е колбас не прокопсан е ама да плати за нечие убиство и тоа жално е не го бидва згреши и тој многу но сепак си ја плати цената изгуби све и одлежа взатвор но има луѓе кој едноставно немаат среќа тоа ти е
Мене не ми е жал за Лејла, си знаеше каков е Огус, па фала богу дека од поштена работа толку пари за кратко време нема, ама она ти е тежок материјалист. Незнам кој спомна, ама и Неџла и Лејла избегаа од дома, оти незнам кој би издржал таму. Со таков човек се знае што те чека. Еве една поука за девојкиве дека со такви типови вака се завршува. Лејла е таков лик, лекоумна девојка, која го сака луксузот и се води според страста, без да размисли за последиците, а потоа се кае. Лабилна е. Шефкет ти е друга приказна, остај што нема среќа, па и кој копук е бе. Ај што не го бива за ништо па и овој е како Лејла, глупи бе, Огус ги упропасти, а тој за него ќе оди во затвор . Неџла ми е царица, си знае што да одбере. И она Џем го зема за да избега од дома, арно си кажа Хајрие, ја натераа да се мажи па после ќе страда девојкава. За се се криви Хајрие и Али Риза. На оваа само пари и дај, а овој живее во некој свој свет, па си ги упропасти децата. И ако е филмот е турски, ама слика прилика ми е за многу вакви ликови кои ги сретнувам секојдневно.
Ја жалам Лејла- маж кој секогаш влетува со прљави работи и уби човек , не му бега затвор и тоа во последна епизода! Па брат и Шефкет пропалица тешка, ни леб од продавница не го бива да купи. Татко и мајка и редовно во некоја караница. Сестра и Неџла на висока нога си живее, не ги ферма како порано.
Неџла ја сакав како лик онака порано, сега видов дека тешка материјалистка била заедно под рака со мајка е Хајрие.За греотка Лејла бе што не виде и претрпи, сестра е и го зеде мажот од пред очи, Огус ја силуваше и со сила ја омажија, ја изневеруваше Огус со Џејда...стварно жално.А ова Неџла од к*Р на к*р де со Огус, де со Џем, сега со овој се зеде не дочека ни да помини време од смртта на Џем.Ќе го умрат кутри Али Риза, за греотка ќе умри човекот и тоа многу жално ќе биде.А овој Шефкет смотаниот кога ќе излези од затвор ќе оди да го види татко му а тој кутриот во инвалидска количка тогаш испушта душа, а сите ќе бидат собрани на свадбата од Седеф, а овој во градината ќе држи ружи ќе ги стегни и ќе му протечи крв од трнот и ќе се потсејќа на се и ќе почини.Така ми го раскажа една другарка го гледала.
Да така е, нема да го најде Шефкет жив Алириза. Кога ќе излезе од затвор ќе појде кај свадбата од Седеф, а потоа заедно ќе си одат дома и ќе го најдат Алириза во дворот починат.
После Ферхунде,Неџла е најлошиот лик во серијава и ја мразам! Тешка материјалистка е,се омажи за Џем само за тие пари,никогаш не го сакаше (а и тој самиот си беше крив до негде.Што му требаше повторно да ја бара,со неговите приоритети во животот можеше да одбере која ја сака,а не онаа простачка),не го сака ни Али,не мисли на нејзините,ќе направи демек нешто за нив,а потоа сто пати ќе ги прекара (ко некој да ја терал тоа да го прави,како што ги прекара дека им отворила книжара и ги примала дома)Ејјј сопствените родители да си ги прекараш дека си ги примил дома После се што и` направи на Лејла,сега се лути на Хајрије зошто ја примале дома Па ако е толку паметна како што се прави,нека размисли малку дека да не беше Лејла,сеуште ќе скиташе по улици како некоја кучка. Спротивно на неа,Лејла е многу помека и подобра личност,се оттрагна од Огуз,но после случката со тој вереникот,се разочара и повторно среќата си ја побара кај Огуз.Кому згреши таа?Никому.А сега Неџла ја окривува ко нејзи да и` направи нешто.Се мислам што ќе беше Лејла да и го направеше тоа на Неџла? Е затоа ја мразам и малку и` е тоа што ќе остане сама на крај!
вчера не ја гледав многу,само 5-10мин. и ми се згади од Неџла кога Али и кажа дека нема пари ќовекот во момент за некој проект со бившиот и свекор а она наместо да даде нешто од себе само кути па уште не сакаше Али да се понижил на свекорот и...ма дај девојки слегни на земја И со кое лице Али Риза му држеше предавање на овој човекот (на комшиката таткото) кога и он ја направи истата грешка па ке држи предвања и совети ке даде....
Епа баш дека и го направи тоа на Лејла затоа појде кај него, и кога се враќаше нели се сеќаваше на Лејла се што и викаше, наверојатно човекот во дуишата се кае ама не попушта А инаку Шефкет глуп е преглуп, нека лежи сеа за Огуз ко е најглуп уффффф