Каква е серијава веќе никого не жалам. Лејла си знаеше каков е Огуз и дека од поштена работа за кратко време не се земаат големи пари. Шефкет сам си е крив за се, никој не го тераше да се пријави, ама што вели баба ми убаво направи. Ем нема да им пречи ем таму не мора да заработува за леб(закон е бе баба ми, ко ќе рече нешто речено е). Али Крпа(како што љубам да го наречам јас) нема лице на никој да му префрли, а најмалку на онај не знам како се викаше татконо. Тој што направи со Лејла, иста ситуација. Дали се кае или не, не е битно се дури не попушти и не ја побара сам. Серијана станува тежок крш, крајот го знам, ама ќе ја гледам за да видам кој како ќе се доглупира!!
Завршило семејствтвото Текин за неа! Колку е само лоша.Е тоа семејство ја собра од улица,кога ги направи најголемите глупости! Дури до септември ќе чекаме.Е стварно нема смисла.
Е па оваа Лисјата како што почнале ќе трае 5 години. Абе нека си ја даваат сега, до септември не се знае дали ќе ја има А1
До крајот на серијата остануваат уште 15 епизоди од последната сезона. како што ги делат ќе бидат 30 кај нас .
Беше на гости кај родителите на овој новиот дечко, и се потсети на фамилијата Текин и почна да плаче. Греотка, немаше салфетка, а ја и подавам од тв тоалетна, она нејќе.
Ќе заборавиме што се случува до септември, абе живи глупости А1 само туку изведуваат, зашто во лето да не ја даваат не ми е јасно
ЈА САКАМ СЕРИЈАТА ДОКРАЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ........ПА НЕ Е ФЕР!!!!!!!!! Ќе се јавам на А1 отворена линија нема кај да се обратам ќе им кажам да не се глупираат и да ги догледаме сите епизоди.Ќе ми фали Џеврие летово
Леле бе не ги можам А1, глупости за малце ни ја прекунуваат серијава. Аман бе луѓе ај да има уште многу да ве разберам ама за уште месец ипол нема смисла. Па шо ќе праиме без Џеки до септември?
Ех Таксин Таксин,шупаче едно ццц... Ова треба за памет на сите машки да им биде Едит. Ццц ја скратија,срам да им е, крајот нема да го даваат веќе. Кај делеа по една епизода на пола,сеа и крајот не го дочекавме.Преваранти.
Јас си се изнаплакав,и уште си плачам Незнам зошто ама ептен ме погаѓа серијава,се навикнав на нив секоја вечер времето ми беше резервирано за семејството Текин,дури и за Ферхунде ми падна жал последниве неколку епизоди. Кој ќе чека сега септември?А штом сега се изнаплакав,последната епизода незнам што ќе биде со мене.
се расплакав кога Шефкет рече на мајка му да му пренесе на татко му дека конечно направил нешто добро и тоа не ради себе него ради сестра му.....За Неџла не коментирам,ни за Фикрет почнаа да ме нервират...за Лејла ми е многу жал.... А1 ги помина веке сите граници-идиоти...