И мене ме интересира кај ќе продолжи серијава. Само нека продолжи аман, кај сака нека е, на Сител, Канал 5.. И НА МТВ НЕКА Е
Дел од oвие што ги позајмуваа гласовите за Лисјата пребегаа во Канал 5, хе изгледа Џамбазов сам ќе си синхронизира на а2, ако навистина го даваат на а2 или ако опстои а2 телевизија http://www.youtube.com/watch?v=ObHpTL-e ... detailpage
Само што дадоа реклама на Сител дека ќе го даваат. Spoiler Рекламата беше со дрвото и песната и пишуваше наскоро. Така да не се грижиме. Инаку можеби се синхронизирани сите епизоди па потоа другите отишле во Канал 5.
Да да и јас ја видов рекламата пред малку на сител со музиката на Кога лисјата паѓаат и слика од чинарот, пишуваше само наскоро и ништо повеќе. Јупиииииии ќе ја гледаме Џеки пак одвај чекам
Што ви реков ? како Сител да испушти ваква прилика ? До сител тв прашање истата екипа ќе синхронизира или ? ! Ај нека биде истата
Само се надевам дека Сител ја купиле синхронизирана од А1, зашто ако ја синхронизираат тие ќе биде КАТАСТРОФА!! Како и другите сителови синхронизации...
Jeсссссссссссссссссссссссссс Хепи сум, фала богу, едвај чекам да почне, и да, и јас се надевам дека синхронизацијата е купена, зашо инаку крш ќе биде...
епа сереуијата е една меѓу најгледаните турски серии и сега луѓето батраат да ја продолжад некаде што има врска каде јас давале и дали биде во дообри односи сител и а1 а гласовите на лејла ферјунде и незнам уште на кој изгледа на сите кој што зборуваа во кога лисијата паѓаат (откако ги замениа гласовите на фиркрет,али риза и шефкет)ке зборуваат во турската серија лале на Канал 5
"Кога лисјата паѓаат" наесен на "Сител" Популарните турски серии "Кога лисјата паѓаат" и "Долина на волците", кои две сезони се емитуваа на телевизија "А1", се селат на "Сител". Гледачите повторно ќе се дружат со Али Риза Текин и членовите на неговото семејство во новите продолженија од третата сезона на најнаградуваната турска серија "Кога лисјата паѓаат", која ќе почне да се емитува на почетокот од есента. За љубителите акционите серии оваа телевизија ги откупи и правата за емитување на "Долина на волците", која важи за една од најскапите снимени ТВ-проекти од ваков вид на Балканот. - Откупувањето на "Кога лисјата паѓаат" е исклучиво поради фактот што покрај својот квалитет, таа емисија имаше и одлична гледаност во претходната сезона. Гледачите постојано се јавуваа кај нас со барање последната сезона од серијата да ја емитуваме што поскоро. Ние ги откупивме и правата за емитување на продолженијата на сериите "Долина на волците" и "Солзи на есента". Се разбира, освен сериите, ќе се емитуваат и останатите забавни содржини кои ќе бидат дел од програмската шема - вели Игор Мурговски, уредник на филмска редакција и одговорен за набавка на програмата од странски дистрибутери. Овие серии ќе бидат дел од новата програмска шема на "Сител", а нивното емитување е планирано за почетокот од есента. Извор: http://www.Dnevnik.mk
мн.сум среќна што ја откупија уште еднаш би ја гледала од почеток единствена серија што ја гледав само се надевам дека ќе траат подолго епизодите
Ама мислам дека нема да почне од почеток, дека прво ќе ги даделе последните епизоди неколку, за да сме се потсетеле, а после новите. Барем така слушнав, не е сируно!
Се надевам дека гласовие на Лелја, Хаирие, Неџла ке останат исти односно ке ги синхронизираат досегашните актерки..
Ахх леле, за се демотивација има... Бтв, какво отпочетоок бе?? Аа ако ја даваат од почеток еден гледач минус (да не речам јас)... Како да не, уште еднаш истите лигавења. Нека дадат што не видовме и ај чао, да не ми е мерак...
Никогаш не собрав доволно трпение за да го трошам времево на серијава,ама независно од неа,туку онака,ко заклучок по известувањето на мојата видно возбудена баба,едно ќе речам,Сител се бетер од лешинари. Језиво е.