Не е тоа тоа со новите гласови.. Не за друго, сега не можам да се шеткам по соби и само да си слушам, не знам кој зборува. А.. може и да се смени она А1, Сител направете го.. море не! Ние си ја сакаме А1 и Лисјата кога се емитуваа таму!
Бре! Не туку брмчете! Ви ја вратија серијата, па сега уште и гласовите не ви чинеле! Македонска работа, мора постојано да се буниме за нешто
Така е, за жал... ретки се луѓето кои толерираат. Кога ја немаше не им чинеше, сега пак не им чини. А за кратењето вечерва траеше саат и 15 минути меѓу кои само еднаш имаше реклами. А на А1 15 мин. повторување од претходната па 5 мин реклами, па 10 мин ново, па 5 мин реклами и после рекламите уште 2 мин и завршуваше... повеќе реклами гледавме одколку нова епизода.
Два пати нека имало ете ама три нема шанси, не спиев гледав А и два пати да биле не се сетија воопшто затоа што цел саат беше само серијата.
Пуштив сношти колку да ѕирнам што се случува и брзо исклучив оти имав поважна работа на компјутер Ќе ја гледам репризата после ручек
Кеф ми е што Лилиќ пак го позајмува гласот за Шефкет ,исто и за Бранко како Али Риза и Јелена како Фикрет. Тоа го чекав,тие се вистинските Ама за Ферхунде и за Лејла како ми е мака...Не е тоа тоа...
Стварно бе со гласовиве Малку фатив вчера, али доволно да се разочарам. Најмногу ми недостига гласот на Ферхунде, ко да не е она, многу безвеза. Пошто нема да ја фатам репризата, да си прашам, Огуз стварно се грижеше за Али Риза или ко да се заебаваше? Неможев да проценам....
Абе, кажаа ќе бидат истите гласови, а оно скоро сите сменети. Ферхунде со овој глас ми е многу рамнодушна (и Неџла исто). Како Ферхунде да не е истата лошотија и лисица. И ептен жал ми падна за Али Риза, жалче човекот, не го заслужи тоа.
Гласови не гласови, битно ја продолжија серијава...Мене целата идеја за синхронизација не ми се свиѓаше уште кога Лисјата ги даваа на А1, ама кога веќе сме тргнале вака, немаме избор...Или гледајте си на нет без превод
Аххх колку ми беше жал за Али Риза сиротиот, навистина и тој до некаде ја има кривицата што неговите деца се такви, но сепак, со оние милни очи кога ги гледаше Нехир и Ахмет.... А онаа Хајриеее Само мрчи, не знае како му е на човекот.
па да не бидеме толку критички настроени кон синхронизацијата и во А1 кога го сменаа гласот на Али Риза на Шефкет и уште некои исто така ни беше чудно и тоа не ни одговараше се знаеше дека некои гласови ќе сменат неможе истите новинари да бидат од А1 во Сител битно е што продолже серијата и мило ми е што стариот глас на чичко Али риза го слушам тој најповеќе и му прилега
Што ја утнаа работата со дел од гласовите ја утнаа, ама па Катерина Коцевска да синхронизира пола од женските ликови не иде. И бабата на Али, и Нехир и мајката на Ферхунде... Како и да е, одлично што се вратија гласовите на Бранко и Лилиќ и среќа што Џевријка не ја смениле зашто џабе ќе им беа на сител толку реклами, јас прва немаше да продолжам да гледам