Не можав да ја гледам денешнава епизода. Ќе сака некоја да ми раскаже на кратко што се случи? Како дознал Али Риза за Шевкет дека е невин? И што е работата со Неџла и Али? Вчера имаа некако ладен однос.
Кога го осудија Шефќет, сите излегоа пред судот и како и обично, почнаа да урлаат по него додека го качуваа во комбето. Доби 24г. казна и Лејла беше мн лута на Огус, па почна да му префрла, така ли ке го бранел, нели тој адвокат бил најдобриот, Шефќет што сторил за него, му го спасил животот а овој вака му враќа, и Али Риза цело време ги слушаше од комбето и така дозна дека е невин. Така и заврши. Неџла и Али пак истите беа.
A добро, гласот на Лејла што е сега новиот, не синхронизираше порано Штрумфови и други цртани на МТВ? Мене така ми се чини... Инаку еве инсерти што ќе биде во следната епизода, мада кај нас како што го кратат ова ќе бидат две епизоди, утре и задутре http://www.youtube.com/watch?v=ezqAAd9c ... detailpage
Значи не можам да ве сватам сите што велите дека Али Риза си го кренал носот високо, како не бил благодарен.....па хелооооу син му лежи во затвор заради тој никаквец Огуз, а керка му Лејла ја знае вистината, а се прави на Тошо и уште има смелост да го гледа татко и во очи. За Огуз да не правам муабет, кај е на слобода и има шанса да биде со Лејла и да го гледа детето како расте......наместо да им биде благодарен на сите особено на Шефкет, тој уште се дрзнува да го потсмева и да си игра мајтап со Али Риза и наместо да се поправи, тој си тера по старо со неговите валкани работи, а за Шефкет со извинење к*р не му чуе. И после вие пак викајте како Али Риза не бил благодарен, со потполно право вика дека се наоѓа во прав пекол, никој не го почитува и секој си тера по свое освен Ајше која е единствената која мисли на таткои. А најлицемерна ми е Хајрие, наместо таа најдобро да го разбира како му е, си тера како и секогаш, само што сега најмалку од кога и да било го почитува и цени нејзиниот сопруг кој толку се трудеше да направи се за нив.
Не се скарани, само она никогаш нема да го засака Али вистински, како што го сакаше Џем. Она се омажи за Али затоа што во моментот кога умре Џем беше малтретирана од неговите, нејзините и се качија на глава и Али и беше џокер во покер па се омажи за него. Ама реалноста и иде на врата. А и Али е малку повеќе терсене, гледајте понатака ќе видите.
аман бре па тој што сега го синхронизира гласот на Али Риза и порано го синхронизираше кога работел во а1 ама откако а1 пропадна се префрлија неколку луге во сител и после го ставија Игор џамбазов на али риза па тој поарен да не беше... да и мене Хаирие ме нервира прво се велеше Аман молчи да не чуе таткоти,а сега бидејки тој е беспомошен душата му ја јадам мислиш тој сака да биде таков.ПОсебно ме изнервира кога му се дереше бидејки тој одбиваше да го слуша шефкет на телефон
Да гласов на Лејла е една девојка што порано синхронизираше цртани на МТВ убаво си запамтила! Ме нервира малце што на повеќето им се сменети гласовите особено на Таксин,господин Митхад,Неџла ама тоа е..епизодиве се толку тажни но ја прикажуваат реалноста..кога на некој сите бродови ќе му потонат!
Гласовите малку им се утнати, ама тоа е..... Инаку многу се нервирам со Хајрие , ептен ми оди на живци значи
Многу е глупаво со новиве гласови. Ќе чекам на А2,викаат за една недела ќе пуштеле со старите гласови
Баш добро што дадоа пренос во живо на Сител. Многу поважно е тоа во моментов отколку турскиот филм, нели?
Па не ми е интересен не се истите гласови.. ако им го смениле гласот на алириза и на џеврие филмот би пропаднаал..