А зошто Неџла и Али се однесуваат ладнокрвно,и многу малку ги даваат...Баш ме интересира зошто се имаат скарано И многу ми е жалосно да го гледам Али риза во таква состојба а онаа Хајрие ц ц ц за ќотек плачи,па гревота е човекот што му прави Дали ќе се открие дека Огус е убиецот и дали Шевкет ќе излезе од затвор???
^ Spoiler Огус ќе умре, т.е мафијата ќе го убие, а Шефкет ќе излезе од затвор последната епизода и тогаш Али Риза ќе умре Катастрофа
Spoiler Огуз нема да умре, ќе го упукаат, ама ќе остане жив и од болница право во затвор ќе оди. Дента кога ќе се врати Шевкет од затвор али риза ќе умре и нема да го дочека да го види синот слободен. Последната епизода се случува во 24 часа.
Е видиш тоа сум го испуштила, битно знам го упукаа. И мислам дека ќе се смират фикрет и таксин ама не сум сто посто сигурно!
Да точно, ќе пукаат во Огуз, но ќе остане жив и право во затвор ќе го однесат. Шефкет ќе излезе од затвор дента кога Седеф ќе прави свадба со Италијанецот и ќе ги гледа од далеку. Сите ќе бидат на свадба, и кога ќе се вратат Али Риза ќе биде умрен. На последната епизода Хајрие, Шефкет, Лејла со бебето и Ајше ќе се одат од каде што се дојдени, а на железничка станица ќе ги попраќаат Неџла и Фикрет. На крајот ја покажуваат Ферхунде во куќата како се шета низ празни соби, што значи таа пак некако ќе ја добие куќата. Тоа е се...
Колку е само тажен крајот од филмов. Многу ми е жал за Али Риза, најгрда работа е да разбираш се, а не можеш да кажеш ништо.. Хајрије се направи многу лоша. Што ти не му збори на Али Риза. Неџла исто така. Не ја интересира ништо. Па богата е де. ЦЦЦ искрено не ми се гледа повеќе серијава, некако ми е down..и мене ме растажува. Инаку да, последната епизода и јас ја имам гледано. Премногу е тажна.
Дефинитивно најјак момент во сезонава ми беше пред некој ден Хајрие кога рече „еднаш во животот оф не кажав“....a кутрата не праи друго де, офка само А понашањето на Неџла во последно време го израмнувам со нула, срамота! Една Ферхунде излезе 100 пати по-човек од неа, а таа кутрата им е дежурен кривец за сите слабости на семејството Текин.
стварно е патетична се нешто има се случува мислам дека во животот има и срекни моменти не само нешто лошо има се случува.Па секогаш последните сезони-делови од филмовите се досадни
Овие Сител едно добро ќе напраат, друго ќе дорасипат. Ма да не се они криви што гласовите се сменети, можеби некој не сакал да го даде својот глас, веројатно тоа е случај со Џамбазов и Михајловски, но не се само тие во прашање, само 4-5 лика си ги имаат своите стари гласови. Тоа даваше шмек на серијата. Пискавиот глас на Седеф, ароганцијата во гласот на Ферхунде што одговараше со нејзиниот лик, Неџла, Лејла исто. Им благодарам што Џеки (Џеврије) ја оставија. А онаа Хајрие ќе го доумре човекон. Низ нос му го вади инвалидитет. Ко он да сака да е таков неспособен. Тоа најмногу го боли, што не може ништо да превземе. Жалосна е цела серија.
Не жалосна туку ТРАГЕДИЈА Е!!!! Не можам да гледам човече, ме пукаат хормони во последно време и уште оваа ми фали, вчера се засплакав кога го носеа накај дома Али Риза! НЕ МОЖЕ ама нема асолутна шанса на некој да му тргне толку малерозно во животот! Ако ви текнува од првата сезона до денес што не им се деси! И оној Шефкет глуп да беше немаше вака да постапува. Преизрежирано и премногу ама ПРЕМНОГУ трагедии за едно семејство. И сеа и фикрет има проблеми, амн до кога. Хајрие ми е најодвратна, неможам да слушам и да ја гледам веќе, на човекот што до вчера го мразеа сега до го вика синко и даму готви омилени работи за ручек Дебил да беше немаше да падне ниско до толку!
Да не пишувам и да се повторувам, и јас се сложувам со горенаведеното од дветте. Затоа изгледа нема ни да ја пратам....