1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Филмот и онака ми стана досаден уште А1 кога го даваа, а сега со новите глупи гласови ептен е никаков.
     
  2. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Многу ми е жал за Алириза. ;( Хајрие-кучка :devil:
     
  3. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Супер си беше филмот, али со оние други гласови ич неможам да се навикнам. Особено на Ферхунде гласот :^)
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Али убаво и го спушти вереникот во петокот на Седеф....а вие од тука сте си се посматрале со шефкет

    конечно на напаста да и го спушти некој дежурањето на прозор...
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ууууф Неџлиштево одвратно!!! Сега има пари, не и требаат родителите, па ај ќе заборавам дека постојат...мореее, да останеше пак на улица, пак ќе и течеа лиги пред капијата на татко и, пак ќе цмиздреше и молеше, пак ќе и чинеа, пак ќе ги сакаше....уф, стока, поподло створење здравје! Сите ја прочитаа веќе и Џем, па и Али и сите сите...па дури и Џеци (уф што ме насмеа).
     
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Леле филмов веќе не е за гледање,навистина е тажен.Многу ми е жал за Алириза.Жално е и што во секојдневниот живот има вакви случки
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Огуз вчера и тоа како ме изнервира :@ А за Ајше многу жал ми падна, убаво велеше Али Риза наместо да си го проживее детството таа пати поради нивните проблеми.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ми се гади од Неџла :puke: кучка гнасна сега се занесва а забораби од каде е и што е го заборави татко му а благодарение на него голтарката стигна до овде благодарение на факултетот за кој таткому цело семејство го жртвоваше и го пресели во друг град глупачка,а и онаа Лејла бе колку била смотана абе што сакаш прави сонцето со еден прст неможе да се покрие овца,за Хаирие немам коментар цел живот како некоја крава ја хранеше мажот му се грижеше за цело семејство колку можеше и таа вака му враќа :x како човекот да е крив што доби инфаркт абе ајде сите издувани се
    напред Ферхунде коси све барем таја е интелегентна др.све тупаци зато стигнаја до овде
    жалам за состојбата на Али риза и за Ајше помалку и за Фикрет геотичка др.све во ѓубре ајт :rock:
     
    На esperanca, L0ve, eutixismena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.063
    Уф колку ми е жал за Али Риза, се измачи човекот, па и во дом го сместија. Хајрие е невиден матријалист, неа најмногу и одговара што живее со глупачата Лејла, може слободно да ја молзи колку што и душа сака. А оваа па Лејла, кој идиот е бе, дозволи брат и да оди во затвор, татко и во дом па и и на Ајше крена рака. А зошто? Заради Огус кој си игра со неа, ради нејзината болна љубомора, заради тоа што е завидлива, гази преку сите само за таа да биде среќна. Се сеќавам кога го кажа тоа. А оној будалата Шефкет несакам ни да го коментирам. Отиде заради убиецот, заради човекот кој му го упропасти семејството и раскара сестрите во затвор. Татко му заради него и Лејла доби мозочен удар. Пропалица! Нека остане таму, и така кога е надвор прави само штета.
    Неџла ме изненадува, не заради тоа како се однесува, туку како не знае да се снајде со болката и ситуацијата. Зошто плукате по неа? Па таа се промени по смртта на Џем за кого го обвинува нејзиниот брат, за притисокот од родителите на Џем и пак заради постапките на Лејла и Шефкет, обидот на Лејла да и го расипе бракот, алчноста на мајка и, нејзините преголеми апетити кои само направија да ја одалечат Неџла од семејството. Не ја оправдувам само што не го гледа татко и, сепак тој секогаш беше тука за неа. И Фикрет исто, можеше да си седи кај маж и и да го гледа татко и. И двете го оставија во рацете на Огус.
    Се надевам дека ќе се опорави. И има право, кога ќе останеш без пари гордоста е првото нешто што го губеш. Тие најубаво си знаат.
    Се надевам дека филмот ќе заврши брзо, затоа што веќе ме заморува. Многу е депресивен.
     
    На A-j-a, Danilela и BoaVista им се допаѓа ова.
  10. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Хајрие- продадена душа.Оваа жена страшно ме нервира.Еднаш вели на Али Риза, јас тебе не те оставам, а после цуп у дом. Само се жали, само се дере. За пусти пари и душата на ѓаволот ќе си ја продаде.ццц :x
    Али Риза- сироткиот што дочека.Многу ми е жал и грев кога го гледам ваков.Никој не му верува.Човекот цело време се обидува да докаже каков е Огуз, а тие улав го прават. Од страв од него и во дом го пратиа. :tmi:
    Лејла-за овој криминалец Огуз, со цело семејство се скара. Не знам како не ја е срам татко и во очи да го погледне.Го лаже човекот и истовремено во очи го гледа. Само прее колку ме изнервира кога и крена рака на Ајше. :@
    Огуз- најголемиот криминалец во филмот.Човекот толку ми стана одвратен, тоа е страшна работа.
    Ама колку е уплашен и гаќите му се тресат од страв.Толку глуми дека се грижи за АлиРиза што ќе пукне од лицимерство. На крајот ќе си ја добие заслужената казна.
    Неџла-и оваа препотентна, амбициозна, ненаситна девојка страшно ме нервира. До вчера денар немаше, а сега се дигна, божем кралица на Турција е.Да не сака на татко и да помогне. Да не беше тој проста и неписмена ќе беше.Неблагодарни сушества и таа и сестра и Лејла. :x
    Ајше-ова дете ми е омилено од семејството Текин. Најхрабо е од сите. На сите им ја кажува вистината в лице, ама затоа па сите се обидуваат да ја замолчат.Ми падна многу жал, кога виде дека татко и го нема, дека го однеле во дом. Па и во право е што сака да си оди од куќата, каде никој не и верува и сите цело време и се дерат, ја караат, ја замолчуваат .Алал да и е. Сите треба од неа да гледаат и да учат.
    Ферхунде- како Ферхунде. Не ја бива ако секаде не се замеша. Ама овој пат ми е мило што се меша. Се надевам дека ќе успее да докаже за невиноста на Шефкет, барем така ќе му се оддолжи на семејството Текин за монгуте штети што им ги направи. :o
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Не ми се варува во што се претворија Лејла,Хајрие,Неџла...за пари сите газето ќе си го продадат! Бедни души..Али Риза..што доживеа,опкружен со најголемите непријатели,најблиските му станаа најголеми непријатели..Ферхунде се менува и сеа и текна да станува ок лик на крајот..тоа е,сега се кае ама касно..така е и во животот затоа велам дека серијава ја прикажува многу добро реалноста во која живееме!
     
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Огуз ме нервира многу. :@ :@
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не знам кои актери ги читаат гласовите, ама Ферхунде - ако читаш Фемина, дај намали малку со брзото зборување. И дај малку емоции.
    На Ферхунде најмногу и е `расипан` гласот.
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Мене од Лејла ич не ми се допаѓа гласот и од мајка е на Ферхунде :puke: :puke:
    Не можам да ги слушам повеќе.

    Иначе многу ме нервира Лејла во последно време и тоа повеќе од Неџла по нерви ми оди заради Огуз со цело семејство се скара. :devil: :envy:
     
  15. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Девојки да ве прашам да не знае некоја од вас како се вика песната што ја пуштаа во денешната епизода кога таксин и кажа на фикрет да се разведат...ако ви текнува која е...преубава ми е,незнам зашто и на последната епизода ја има на крај ама неможам да ја најдам, ај ако знае некоја од вас нека ми каже :*
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Луѓе не гледав денес, ај пишете детално што се случи знам дека Лејла го пријави Огуз само од шо видов вчера за денешната епизода, ај плииииииииизззз :wasntme:
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    На мене ми станува досаден филмот...Дали затоа што ги сменија гласовите или пак до филмот е?
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Го пријави и така заврши. За утрешната епизода покажаа како полицајците дојдоа во куќата, а Лејла ги носеше по скалите за да им ги покажи скриените пари т.е. доказот за Огуз.

    Пс. И мене ми е досаден, повеќе ме нервира отколку што ме релаксира, ама ете кога сум дома вклучен е, го гледам....
     
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Вчера и денес го гледав филмот,гласот на Ферхунде :x чиниш некоја невина душа,жртва,наивна...Не и е таква улогата како што и е гласот сега.
    Гласот на Нехир,по мрзелив не може да биде,смешно ми е кога ја слушам.

    Жими еден турски филм и јас гледам,и баш тој ете уште што не доживеа,семејството еден куп маки,а и нашите бога ми не се мали.Го гледаме веќе 2-3 години,не измалтретираа со постојано менување,чекање,де на лето не го даваат,де гледајте сител оваа недела за да видите кога ќе почне филмот,де нови гласови....абе маки невидени. :D
     
  20. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Татко и ја побара Лејла кај него и ја тераше таму да пишува на таблата нешто, изгледа така ја наговори да го пријави Огуз. Фикрет се зближи со тој комшијата, неженетиот, им тргна муабетот зашто тој бил некој писател, таа имала прочитано некои книги негови, па Тахсин дојде, ги виде како се смеат заедно, и се налути на Фикрет и си замина па после се скараа по телефон и и побара развод. Митхад беше излезен на вечера со Рејхан, внука и на Нуниш и во истиот ресторан дојде и Ферхунде да вечера со тој Серхат или како се викаше, брат му на Сејфи, и се гледаа напреку со Митхад, ама не беше тоа нешто важно... Хајрие утредента замина со Огуз во Трабзон да средат околу куќата што ја добила во наследство, па Фикрет дојде во куќата со детето да го чува татко и Хајрие дури не била тука, па и овие беа собрани таму кафанџијата, Нехир и конзулот. За тоа време Лејла отиде и го пријави Огуз и така заврши, утре полиција ќе оди во куќата и таа ќе им ги даде парите како доказ.

    Mислам оваа дека беше
    http://www.youtube.com/watch?v=9qq8NmYU ... detailpage