Денес ме примораа да гледам...гостите...нема везе...сакав да ви мрчнам.. Серијава ме депримира и имам впечаток дека постојано си се самите на себе на гости.Се истопорени седат на тоа неудобната гарнитура. Друго,Ферхунде е закон.За разлика од сите други,женскава знае што сака.И јас не би му ги дала парите на тој копукот.Кај не знае да ја претстави пред семејството и да и го фати крајот како прав маж,па и за нејзини пари ќе се кара. Трето,Лејла ми е најодвратниот лик,а дада и Неџла заедно со фамозната Ферхунде ми се во топ два лика. И четврто...стварно серијава ќе не убие...се чувствувам како болна кога ќе поминам низ куќа,а моите не трепкаат,тишина и само слушам Леле што не снајде,врискање,пискање и музичето (кое е ок,ама е премногу за секој ден да го слушам)...нека заврши побрзо и нека почнат нормални серии да даваат во прајм тајм.
малце ќе бидам офф, ама веруј дека понормални серии нема да има веќе... започна ерата на туски и индијски серии хахах
Денес Лејла ја слушав до кај мене во соба...не можам да учам од што ме вознемируваат ликовиве!На 100ка моите телевизорот! И што е најтрагично...решавам задачи некои,како ја слушам така инает ме фаќа да испорешам се,ме мотивира на сета мака! Толку глупаво,себично и безобразно суштество не сум слушнала!Се соживувам со ликов од проста причина што е тип на човек кој во реалноста би го кренала на клоци.Се за свој гз и цел живот жртвено јагне. Господееее спаси ме,нека заврши серијава...сега на ред е бате Полат...ќе се џитнам од балкон.Научник ќе станам од серииве веќе...
Како и да е, денес Неџла ме доведе до солзи... Колку трогателно беше онаа сцена со татко и'... А забележавте на почетокот дека во пред собата на Лејла врнеше снег, дрвјата беа покриени со снег, а во ходникот каде што поседе татко и кога излезе од собата, гранките на дрвјата беа само без листови а снег никаде немаше?!
абе цела серија тоа го приметувам, и да ти кажам се изнервирав колку време е снимана оваа епизода? на секои 5 минути различно годишно време. надвор демек снег до колена а кај нив во двор зеленило... цутот на пролетта и ваму на лејла прозорецот, вее снег
Улала серијава не е измислица ниту пак е далеку од суровата реалност .Честитајте ми само што запознав една Неџла во реалниот живот . Сестра и ,ајде кога веќе тргна работата Лејла ќе ја викаме, имала дечко со кој била во врска цели осум години ја оставил на олтар за кого ?!..брејј за Неџла Си отишле дечкиве на веќе платениот меден месец , се задржале подолго од планираното и се вратиле со бебе. Страшно ,а и морничаво како нејзините успеале да и простат Незнам дали сум го сместила ова во соодветната тема , преместете , избришете , ама јас морав да си споделам
Не ти е за оваа тема ама добар е коментарот и заклучок серијата е многу реална за разлика од индиските. А инаку ме интерсира дали некој знае што ке се случи со Џан и Лејла? Дали ке бидне нешто а за подоцна знам дека Лејла И Огус ке се заедно и ке имаат бебче, Али Риза ке остане парализран и има една сцена како Огус го шета Али Риза по обалата а тој е во инвалидска количка
Ја мразам Лејла ! Каква фаца направи кога се појави Неџла на врата...А претходно цмиздри демек жал и е што нема да дојде,а во себе се радува уште малце и плех музика ќе викнеше! ААА! Прав волк маскиран во јагненце,глуми жртва!Не ја оправдувам и Неџла баш баш ама она прва беше со Огус и дефинитивно Лејла САМА СИ ГО БАРАШЕ!
Не сум многу голем љубител на серијава, но кога сум дома ја гледам.Имам нови информации, само незнам колку се проверени Демек Лејла ќе се смирела со Огус, Неџла ќе била со Џем, но тој ќе направел сообраќајка и ќе умрел, Шефкет се развел од Ферхонде но се наоѓал во затвор( врска немам зошто).Најстарата сестра ќе била бремена од сопругот и многу ќе се засакале.... И најбитното Али риза ќе онемел е сега колку се точни информацииве ќе видиме.
Лејла ептен ме нервира она е крива за све,а не Неџла.Ко прво Огус прво беше на Неџла а после Лејла и го грабна а на крај неа ја набеди за тоа.А инаку глеав на интернет Лејла и Џан ке бидат знаедно на крај
па не е лејла крива, сепак и таа тогаш не сакаше да и го "грабни" Огус туку тој прво и се упикуваше(ако се сеќавате, кога ја убедуваше дека немал ништо со неџла, дека неа ја сакал, па подароци, ова, она), а потоа тој ја силуваше, па така да лејла воопшто не е крива, а неџла, не само што избега со мажот на сестрата, туку и џем го вмеша во сето тоа, кутриот, колку беше добар леле ама џеврие денес
Џеврие денес и мене ме многу нервираше..а видовте за времето, вчера снег, денес ведро небо, па дури и црцорење на приците