^Нема проблем, си ја слушам затоа не ми беше тешко да ти ја постирам И мене на Ферхунде не ми се свиѓа гласот, инаку актерката што ја чита е Јелена Јованов, со Анџелина Џоли што имаше соработка за тој филмот во Босна што го снимаа. Другите, ајде, можат да пројдат, ама на оваа ич не и лежи Ферхунде, бе.
на крај фики излезе најдобра ќерка а Hеџла најлошо створење, ептен ме нервира значи, како нема срам јас не знам, толку е сменета да не ти се верува
Некако тие денови се со обврски и не ги пратам многу многу, ајде ако не му тешко на некој во спојлер или во ЛП да ми каже што се дешава на кратко. Инаку кога видов дека го однеле Али Риза во дом ептен жал ми падна, кутро човече не заслужил да бидат толку сурови. Зашто го однесоа во дом?
Јас да ви кажам право уште од почетокот на серијава ова семејство ме нервира малку. Се нив некој им прави нешто, се некој друг им е крив, а уствари тие им прават проблеми на луѓето,најмногу себеси си прават, ама и колку други луѓе имаат изгорено со нивните глупости . Али Риза ми беше најсимпатичен лик од сите и жал ми беше што дојде до онаа состојба ама па и тој ја претерува сега. Не дека го бранам Огуз, ама па тој не го натера Шефкет да се пријави, самиот отиде затоа што знаеше дека е пропаднат и дека за ништо не го бидува и тоа татко му му го стави тоа до знаење дента. И што сега, некој Шефкет треба да го спасува, а од кого? Од самиот себе и од сопствената будалаштина? Значи цело време од почеток Али Риза го напаѓа Огуз, заслужено, да, нормално не викам да го сака тој него или да го прифати откако му одеше со двете ќерки, далеку од тоа, ама па заборава колку му се децата всушност нетокму, и тоа сите, со исклучок на малото Ајше. Онаа Лејла пак, ај што ми беше далеку посимпатичен лик од сестра и Неџла, сега и таа иста испадна. Не можам да го сфатам она нејзиното што го направи, отиде го пријави, па сама си става јамка околу вратот, неа кој ќе ја рани сега? Неспособниот и брат Шефкет можеби?.. Глупава А баш убав пар ми беа некако со Огуз откако се смирија.. ама таа кога нема среќа, па остави што нема среќа уште и глупаво постапува... Е ич не ги жалам Текин, па и Ферхунде некако почнува да ме нервира, во секоја манџа таа мора да се вмеша... порано ми беше закон ама сега откако почна сезонава не знам што е работата... А можеби и поради гласот почна да ми скача на живци
леле она Неџла неможам да ја поднесам бе неможам одвратно стварење арно кучката на крај пак сама ќе остани тотално сама почнува расплетот во серијата атмосверата се загрева :geek: :geek: боооо копиле онај Огуз бе по по по ама ги сети бе ги сети,до кога ќе бега бе до каде?готов е
Тоа што ве нервираат е потврда дека се добри глумци Инаку што се случи сношти?Што бидна откако Лејла го пријави Огуз
Го пријави дојде дома со полицијата му кажа на таткому тука беа и Фикрет и Нехир сите како и по обичај кога ќе се направеше скандал полицијата Лејла ја однесе горе кај сефот да ги предаде парите,но кога го отвори сефот што да види празен Огуз ги сети и претчуствуваше дека нешто не е во ред така да човекот со Хаирие патувњето го искористи за да побегне ја остави сама во хотелот со чантичето полно пари му ја кидна ете му го синко синко Сега ќе има како потера по Огуз треба да го најдат и да му кажат дека е обвинет да оди во полиција и да даде изјава Шефкет даде изјава дека е невин и дека ќе се бори а Али Риза конечно после ова најде малку спокој и му се насмевна лицето...
Уште точно 15. Зашто нашиве ги кратат епизодите на два дела. Јас некако не сакам да заврши, пак ми станаа интересни дешавкиве...
Последниве епизоди интереснисе ... а последната ептем тажна е и нема да ја гледам зашто знам дека ке плачам
Значи така испадна како што мислев: испадна дека Ферхунде (па и Ајше иако е најмала) имаат повеќе милост и душа од сите разгалени девојчишта на Али Риза сосе женаТА му во пакет.
Spoiler Сите се во потрага по Огус тој уште бега, но за малце ќе биде фатен, незнам што ќњ се деси ќе виидме утре. Огус исконтактира со Џејда и така му го следеа повикот. таа пак ќе се скара со ферухунде и буквално ќе ја исрфли од канцеларија и така ќе го преинат партнерството. Таа пак глупавата ќе оди на адвока да и ја земе куќата не лејла, зашто е на мажот и. но нема да може ништо да направи. али риза е среќен бидејќи сите се окулу него. дури неџла ќе му прати неувателка. Лејла е малку депресивна. На тоа ми текна сеа др незнам дали имаше нека ме доплни некој ако сака