Јас сакам до крај да ја изгледам,ама веќе стварно претераа,и со реклами и со епизоди аман.Немам друга серија која ја следам па барем до крај да ја изгледам. Леле колку ме нервира Хајрие,досадна и проста жена,шо не ја убијат?
Овие нашиве оваа една епизода три дена ја даваат Уште четири епизоди цел месец ќе ги влечкаат, па после не ќе било досадно.
Ептен веќе почнаа да ме нервираат. Што ќе беше ова 30 мин даваат од претходната епизода а 15 мин. од новата, друго се реклами
Јас мислев дека А1 претеруваат со реклами, ама Сител бетер биле. 20 минути од претходната, 5 минути од новата, па 20 мин. реклами и 2 минути од следната епизода. И да сака човек да гледа ќе му пукне филм, налет и серијата и се.
Каде отиде она принципиелно семејство, каде секој го почитува секого, каде владее љубов и хармонија? Кде се знае редот, каде нема отстапки, семејство за пример, семејство кое ми беше ќеиф да го гледам? Каде?? Не, веќе не ја гледам серијава, веќе не е иста, всушност нема ништо од тоа што беа порано. Се изнопачија сите, се иснопачи серијата цела. Нема лезет веќе...
Кога видов дека серијава ќе продолжи, баш се израдував.Ама некако новава сезона не е нешто посебно,така да скоро и да не ја гледам, од време на време, само кога ќе ми текне.А и од тоа што го гледав, вчера на кратко, нема уште многу епизоди до крај-околу 5 или помалку би требало да се
Колку замараат со серијава еј! Претходно зборевме за А1 дека нон стоп давале реклами, а овие бетер се, даваат плус 30 минути од претходната епизода. Само за да трае подолго серијата. Бог да чува. Ајт нека заврши веќе еднаш, здодевна стана.
Да ги емитуваат епизодите како што треба, а не да ја кратат една епизода на 3 пати, нема да биде толку досадна и мизерна сезоната. Додека да дадат од претходната, да ти одмили. И само 30 мин. од новата. Срамота е ова. Баш во оваа епизода, на сред емитување, заврши едната и почна другата. Неможеш да се прилагодеш. Затоа ствара аверзија за гледање серијава. Се знае по колку треба да траат епизодите, па затоа треба да се даваат во оргиналната верзија и нема да се губи смислата.
Почнаа реклами, во меѓувреме додека траеја викнав такси, таксито стигна, се качив успат застана претрчав цигари да си купам, стигнав кај дечко ми и замислете - рекламите уште траеја
Не се секирајте ќе заврши уште малку, нема уште мн да ја тупат. Инаку се согласувам со сите вас дека ја отупеа, незнам колку малер да си па нема бе да ти се случат до толку мн несреќи Нема шанси ова не иде. Маки до маки ај на крај барел ќе се спаси али риза да не ги гледа што ќе прават после. Хајрие ми иде да ја убијам не за друго ме потсеќа на една моја роднина, абе портрет како да и правеле на жената! Македонскиот менталитет не е мн различен па затоа не врзува серијава
Во последниве епизоди серијата ептен ја усраа, од немање сценарио се навраќаат на старите сцени во облик на сеќавања, во ред и тоа е нешто, едвај чекам да го видам крајот иако знам каков ќе биде, серијава приметувам воопшто не ме интересира, повеќе од навика ја гледам и да ја догледам и ајт си пријатно со турските серии иако оваа единствена која ја следам. офф топик: Ми фалат старите добри амерички серии од типот на ЦСИ, Лост и сл. сакам да донесат некои од актуелниве што се вртат низ Америка, а не овие срања.
Филмот одамна не го гледам ама памтам додека гледав,Хајрие како ги организираше некој прави ручек,втор ја мести масата,трет чисти и тако даље,за на крајот пак да и се жали на Нехир како и отпаднале нозете и рацете од чистење и готвење. Башка и госпожата што ја синхронизира Лејла не можам да ја слушам. Звучи како вреќа мачки да влечат по автопат. Мизерна е!
Имате право. Веќе не е толку интересна како што беше. А за гласовите стварно многу лошо Особено на Лејла и Ферхунде Но, сепак сакам да ја гледам последната епизода и нема да биде фер ако заврши во четврток или петок, тогаш ќе бидам на екскурзија во Белград и нема да можам да ја гледам