Јас еднаш реков дека ништо нема негативно да ми го смени мислењето за Ферхунде и остана така. Со секоја епизода се' повеќе и повеќе ми се допаѓа нејзиниот лик, а вчера убаво и го спушти на Неџлиштено. Молим те, уште таа и вика ти ги користиш отпадоците од другите, ама таа убаво и' рече, најде да ми кажува оној кој гради кариера врз наследство од мажите, барем Ферхунде се' сама си створи во животот, а не како овој лешинар. Ма, колку и да е успешна во работата, факт е дека не постигна се' сама, а Ферхунде е опасна, во секоја ситуација се снаоѓа, со сите умее, сите мажи успева да ги придобие...ма она си е супер, другиве се дебилчиња, кој од кој поповршни и потупи. Премногу вреди за еден мо*ан Шефкет. Најубаво ќе беше на крај да се споеја со Јаман, мислам дека најмногу ќе си одговараа Eдит Мене па баш тоа ми се допаѓа, демек на крајот да се покаже каде биле тогаш, а за периодот во кој живееја во Истанбул во што се претворија...многу убава серија, само четвртата сезона ми беше мн депримирачка, не можев да ја гледам (ќе си ги гледам репризите на Хајат ) а сеа си викам шо ќе праам кога ќе заврши пошо повеќето турски серии (бар по мое) се лимонатки, единствено оваа што е пореална. Ќе си се тешам со волците, шо да се праи Едит 2 А да, за малку и ќе заборавев. Огуз, ваков-таков сто пати поодговорен испадна од Шефкет кој кога Ферхунде беше бремена му ја кидна без поздрав (пред да го затворат кога бегаше), а Огуз барем се потруди и на двете негови деца да им овозможи барем нешто. И како фала што ги прибра од сокак, тие го пријавија, епа штом така сакаат, нека си делат со Џејда, тој им купи куќи и на двете деца. А дали Шевкет би го направил истото...како и секад, ко дебилче ќе избегаше од одговорност. Башка шо го криват Огуз, Шевкет сам се понуди да ја одлежи казната. Па нека му биде бе...искомплексирани створења цела фамилија, кој од кој, не знам од кого да почнам. Ферхунде е најкарактерно створење од сите нив.
Малку офф топик Ти ја препорачувам Љубов и казна. Јас ја гледам на нет со осрпски превод преубава е. Нашиве ќе ја усерат со синхронизацијата. Ако имаш време гледај ја .
Имам доверба во твојот вкус за серииве барем шо гледам на форумов, ќе и дадам шанса (се извинувам за офф) Ваква-таква, ама навистина ќе ми фали серијава, многу некако ликовите беа блиски на нашиот менталитет, премногу слични навики, размислувања и може баш заради тоа и ми се свиѓаше толку (сега гледам зашто си ја гледала два пати).
Се надоврзувам на Теси. Плус тоа, Огус сакаше да прекине тоа работата со мафиозото, ама он не го оставаше на мир. Го намести нели и со едни пари, како беше не се сеќавам. Крај краева, не е Огус крив зашто децата им се глупи.
Нели му се закани со животот на син му. За разлика од Шефкет, на Огуз стварно му беа важни децата. А иначе да, нели негови луѓе прати да као му ги украдат парите а уствари си ги подели тој со нив и него го набеди. Точно. Потполно се согласувам. Во серијава Ферхунде и Огуз им се дежурни кривци за нивните слабости, подмолност и меѓусебни предавства. А Ферхунде е баш фер, јас на нејзино место би испратила неколку баткици на она седефиштено па да ја видам дали ќе го ѕирка низ прозор и уште поише дали ќе му окапува дома по цели денови на женет човек, мислам ств треба храброст за тоа . Лично од мене поаѓам, мене брат ми ми има триста неправди во животот направено и уште ми прави, ама ни мм ни жена му не може да ме натераат да го замразам ко Неџла и Лејла шо се замразија, јас само го презирам и сожалувам...не е свесен колку глупи потези направи.
aaa не се сеќирај ..'' по барање на гледачите'' ќе ја дадат последната уште неколку пати,па ќе ја гледаш
Не помислив на таа опција, ама имаш право Теси, Богами за Седеф у право си, уште па и после толку буцки што правеше на крај го одјеба Шефкет и си замина во Италија кај што си најде друг. Па и Хајрие и сите останати од семејството буцкаа за Шефкет и Седеф да се заедно. И ете ја уште кмиши кај нив дома, Господ да чува
Седеф од старт ми идеше на нерви. Прво она го запозна Огуз па му даде број и му кажа дека се вика Неџла и така он дојде до контакт со нив. Одма му влезе во колата ако се сеќавате како беше. А овие глупи сестри бре Spoiler за кур месо да се искараат , тоа чудо нешто. Кататсрофа. Инаку генерално земено Хајрие е најкрива за тоа што се вакви децата. Алчна за пари и за луксуз. Бре, госпоѓа на началник станала, туф туф.
еее ја немам таа програма незнам ни дали ја фаќам ќе ја побарам пак би го гледала филмот многу реален ми беше затоа најповеќе ми се допаѓаше...
Одброени се деновите на лисјата. Него добро е што ја прекинаа па продолжија пак од есен, нели лисјата паѓаат во есен. Него не ми беше тоа муабетот, серијата е многу реална, блиска до нашиот менталитет, што мислите нема кај нас мајки како Хајрие, деца како Лејла и Неџла? Има. Има и полоши. Серијата е уништена поради сихонизацијата, со тоа некои ликови не се доволно доловени до гледачите. Кој гледал барем една епизода на турски знае дека е така.
Потполно се согласувам со болдираното. Особено делот кога неџла и рече на мајка и " не можам да го поднесам таквото негово зборување " за Али Риза, овде кај нас го исинхронизираа со ироничен тон а всушност она го кажа со тон дека не може да го гледа во такво издание. И Фикрет не е толку депресивна на Турски овде ја прикажаа како да е во хронична депресија.
Навистина убава серија, која за жал може да биде реална. Сметам дека Хајрие е виновна за се што им се случуваше во семејството,криеше многу работи од Алириза. А него да не го коментирам, највеќе во серијата ми е жал за него. Ама што да прави човекот кога си има работа со будали луѓе. Едно е сигурно дека ќе си се изнаплачам овие две - три епизоди до крајот. Баш би сакала да ја имам и книгата. Ми кажуваше една колешка дека малку биле различни книгата и серијата.
Прекрасна серија ама редно беше веќе да заврши. Жал ми е за Али Риза што ќе умре, а ќе ми недостига Џеврие
Многу ја одолговлекоа серијата и на сите почна да ни иде на живци но мора да признајам дека сепак ке ми недостасува .Ми стана секојдневие и ке ми недостасува гласот на Џеврие -Оваа со телефон на уво се родила. http://www.youtube.com/watch?v=bT7RUHLref4 А богами е нејзиниот танц Туку уште оваа епизода ми идеше да заплачам кога Неџла го милуваше бебето на Лејла а пак кога ке умре Алириза Ке ја направиме темава езерце