1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Без сеќирации у понеделник е државен празник, не се работи не се учи само на лисјата ќе се мисли а и денес ќе биде уживанција, па моминска вечер па бања сауна трбушни плес, ете сестриве полека се смируваат ко за крај абе мераци :D Јаки момински прават, супер забава :rofl: must see
     
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Се се ,ама не можам да се вратам од смеење на бисерот на Таксим дека кога бил мал мајка му го терала да учи да ја свири на мандолина Билјана Платно белеше.хахахахаха :rofl: :rofl: :D :D :D
     
    На Miss-Independent, LittleDevil, LovelyGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    И Хајрие како се беше издотерала, изнашминкала туф, туф :lol: ни за свадбите не беше волку дотерана :)
     
    На femina11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.061
    На мене многу ми е жал за Неџла. Сама е, се разведува и плус трудна е. И никој не е до неа, сите се загрижени само за Лејла, бидејќи нели неа пак ја оставија и за Шефкет, „жртвата“. И после Неџла била арогантна. Па неа никој не ја ни приметува, им треба само кога имаат потреба од пари. А каде е сега госпоѓа Хајрие да и се јави и да ја праша како е, а не само да се грижи за парите на ќерка си. Мило ми е и за Седеф, сигурно дека нема да седи и да го чека Шефкет, де да се разведе, де да се одлучи. Шефкет ти е жива напаст.

    Инаку Сител барем последната епизода требаше да ја дадат цела, вака се губи смислата. Ама станува збор за Сител, кои ме отекоа со најавата за последната епизода. Аман!
     
    На Markusa2, A-j-a, WhiteAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Али ќе дознае на крајот дека Неџла е трудна? :?:
    Не смејте се, ама се засекирав малку :tmi: , а и тој што се затреска во Ферхунде сега :^) .
     
  6. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    Nesto slusnav dekakje bila trudan dali e tocno toa p.s izvinete za latinica pozz
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Во Алсат заврши. :worried:
    Крајот не ви го кажувам. :!:
    Баш последнава недела бев малку поредовна, само сакав да видам како ќе заврши.
    Вака, како серија е многу поучна. Дури татко ми ја гледаше. :D Не е типична ситуација-лоша и добра страна. Секој крие нешто и секој греши...
     
  8. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    И јас го знам крајот ама не кажувам бидејки нема потоа интересно да биди само знам дека понеделник многу солзи ке имаа :!:
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас мислам дека нема некој кој не знае како ќе заврши овој маратон на паѓање лисја.
    Ја претераа со кратењево, ама ајде, нека им помине магарето на мостот. Си бараат рејтинг сителовци.
    Инаку, од почеток до крај мене Седеф ми е најпатетична личност. А Неџла според мене воопшто не се смени. Тоа што сега има пари и не мора да питачи не значи дека станала арогантна и не знам каква.
    Сите ја бараат само кога се во криза, а после не ги интересира. Со право едно време не сакаше да чуе за нив...
     
    На Markusa2 и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Е аман де, им дала Неџла пари еее, па само таа ли им даде, а да не праиме муабет за тоа дека низ нос им ги извади. Мора да признаете дека самата Неџла ги постави така картите, така се постави кон сите, освен нејзините пари (што повеќето не се ни нејзини, да не и беа маживе двајца на што ќе ги заработеше така бргу) ништо не им понуди, сама одбива секаква комуникација со нив, сама ги игнорира не можам сега да зборувам душо на состанок сум, само ја користи Фикрет коа ќе ја заинтересира да собере информации, таа ги остави на цедило кога на Али Риза му беше најтешко, кога сите се изживуваа со него, таа само рече веќе ништо не правам за нив.

    Таа ги остави нив, не тие неа. Тие ја прибраа од сокак кога ја направи најголемата глупост. На Лејла колку пати и згрешија и и направија неправда заради Неџла, па таа пак со нив како ништо да не било, во ниту еден момент не ги остави; ја бркаа со најсурови зборови и таа пак им се наоѓаше секогаш. Никогаш сцената со погребот на Џем нема да ја заборавам кога сите ја одминаа, а таа дојде да изрази сочувство.

    Неџла е едно ладно, каприциозно суштество кое никогаш никој и ништо во животот не може да го задоволи и затоа вака заврши. Самата си бараше со боринче.
     
    На Look, Rubiii и antilla им се допаѓа ова.
  11. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Јас ги гледав 99,99% сериите даи сум пропуштила една али две ама мојт и да не сум пропуштила ич зш и реприза гледав Јас мислам дека не си сосема коректна спрема ликот на Неџла .Ај размисли уште малку !:?!?
    Неџла си го затвори срцето во конзерва заради поглупавата и сестра Лелјла !
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Али Риза...Али Риза..секој ден навика ми беше во 20h пред телевизор :?: ..Секоја серија мора да има крај.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.061
    Како бе ја гледате Лејла цело време како жртва? Лејла ова преживеа, ова и се деси, а уствари за се си е сама крива. Сама и никој друг. Лејла и го зема на Неџла дечкото, и потоа де раскинуваше де му се враќаше на Огус кој ја изневери со сестра и, па згора на се дури и дозволи брат и да оди во затвор.Заради едната и единствена грешка на Неџла, таа цело време е третирана како грешник, никогаш не и простија, нон-стоп ја тргаа на страна за Лејла да не се чуствува лошо. Боже мој! А Шефекет и Лејла што правеа грешка врз грешка, тоа никој не го сметаше, они нели се стално жртвите.
    И да, ја сакаат само за пари! Нејзе мажот и почина, овој ја остави, а овие само Лејла ја жалат.
    Баш и немаше што да направи кога мајка и беше заслепена од Огус и Лејла, таа не ни можеше да оди во куќата.
    Јас го сакам ликот на Неџла, таа згреши, ама призна каде згреши, скапо плаќаше за таа грешка, и покрај сите несреќи и неуспеси, сама се бори и продолжи да живее.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека и Неџла сама не си го бараше. Извини шо почна првиот нејзин маж да го цени ДУУРИ откако цркна, а другиов не го ни рецкаше, епа секој човек сака внимание бе. Па личеше ли тоа на брак? И беше важно само да се смести кај некој кој има пари и фирма која ќе и помогне да просперира. Кој нема да ја остави? Или можда мислела ќе најде уште еден Џем да го цркне пред време...епа ретко кому му се “насмевнува таква среќа 2 пати“. И не би рекла дека сама се постигна, да има еден лик сам кој си постигна и си створи се во животот без привилегија од презимиња - Ферхунде. Пошто факт е, квалитетни луѓе има многу, ама доблеста е во тоа да не ти треба нечие презиме за да се пробиеш.

    А Лејла ако ништо друго барем е искрена и не е подмолна. И да, да преземеш дечко-рацедржач шо не те ни бацил и да преземеш маж на кого емотивно и секако целосно му се имаш предадено се две дијаметрално различни работи.

    Ја би рекла дека баш беше обратно...колку пати Лејла ја бркаа од дома? Колку пати ја понижија да изгледаат повисоки во очите на нивната мила Неџла...пак ќе ја спомнам сцената со погребот. Примитивизам!
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  15. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Лелеј ја уште сега почнав да го жалам Али Риза,осеќам ќе има плачки во понеделник,а пошто нејќам да цмиздрам пред сите на серија,сама ке си гледам :lol:
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.061
    Како и да е, јас така ги доживувам ликовите на Неџла и Лејла. Ниедна не е подмолна, туку двете беа неиживеани, глупи и лесни, Неџла се оправи, ама Лејла остана теле. Сепак филмот нуди разни ликови и карактери, кои пред се рални и секој различно ги доживева.
     
    На WhiteAngel и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Абе да не ги доживувавме различно работите немаше ни да постои форум затоа што не би имало никаква смисла. Ете и јас си кажав како ги гледам ликовите, не дека сакав да нападнам некого :) Бате Ахмет :lol: и Митхад ми се најдобри ликови од машките, а Ферхунде и Нурдан од женските. Нехир ми се свиѓа што е баш онаква мајка каква што треба да биде секоја мајка, не и ставаше стеги и ограничувања на Седеф, не паѓаше во несвест коа оваа лудуваше по Шефкет (женет маж), не и бранеше да биде модел, ја остави сама да учи низ животот и оп-си се намести иако триста бруки направи, мислам се труеше за женет маж, ако така гледаме на работите, можеби и Хајрие и А.Р. поинаку да се поставеа, можеби децата ќе се оправеа. Како и да е, ако ништо друго Нехир може да и држи часови на Хајрие по мајчинство.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.061
    Така е, мене ми е мило да има мислење различно од моето. Јас сум ти Неџла фан :lol: .
    Сепак, за се останато во овој пост ќе се согласам со тебе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Секој од своја страна го гледа филмот ама да не ги превртуваме улогите..Али риза и хајрие беа примитивни луѓе небеа навикнати на живот во голем град ама никако не ги воспитуваа патријархално децата и им дозволија да си ги изберат своите патишта сами,овие залутаа,не беа изживејани,беа млади и нови во средината не обвинувам никоја од сестрите двете се добри и еднакво имаат правено грешки главно по вина на друг.Ферхунде и Огус беа тие што беа алчни за пари,газеа се пред нив без никакви манири ниту жал(сега при крајот на серијата Ферхунде одкако ја напуштија сите омекна).Седев и Нехир се прекрасни личности се најдобро за нив.Жел ќе ми биде за Али риза најмногу си го сакав :worried:
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Седеф растурикуќата прекрасна? Прекрасно е да окапеш дома кај женет маж (а притоа да му имаш кажано дека го сакаш)? Женет е бре, не е твоја територија, гуд бај! Па се труеше за него, па му цмиздреше, па го ѕиркаше од прозор, а сега кога е повеќекратен затвореник, пропадна и нема кај да седи веќе не го сака...абе ајде, ко шо имаше една тема тука да дефинираме што е курва (значи курва, не проститутка или мераклика) еве оваа е типичен пример, се праи изгубено у свемир, наивно, а брак растури.

    Ај Неџла донекаде разбирам, еден период искрено и јас и се воодушевував (до пред да ја вратат дома), кога студираше и работеше и не подлегна на искушението кај Жулиде мислам се викаше таа од пансионот, ама после тоа цела слика ми се сруши за неа. Ама СЕДЕФ прекрасна...не.

    И да, оваа појава во средно учевме дека се вика тродимензионални ликови, кои секој може дијаметрално различно да ги перципира, кај кои има борба меѓу спротивности. Такви се и овие ликови.

    Кој ја сфатил убаво серијата, ќе знае дека нема поз. и нег. ликови и дека не е можно да се извртат работите бидејќи ликовиве се така дизајнирани за да бидат вака дискутирани. Сите имаат и нешто поз. и нешто нег. во нив, поминуваат низ процес на развој на личноста и се менуваат и тоа овозможува да ги гледаме на свој начин. Затоа и ми се допаѓа оваа серија во која за разлика од другите, нема бабароги и добри вили, туку луѓе од реалниот живот со кои колку-толку може да се поистоветиме.