1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.948
    Допаѓања:
    111.602
    Пол:
    Женски
    Tessiе Неџла не стана проситутка, само живееше во пансионот, а пред да ја врбува таа Жулиде дојде рацијата и ги собра сите.

    Инаку според мене најодвратни ликови ми беа Лејла и Шефкет. Ко изгубени во свемир. Лејла, цел живот љубоморна на сестра и особено откако се преселија во Истанбул за Неџла да студира архитектура. Кога Неџла се фати со Огуз оваа одма се стрча да му се пикне, ама Неџла паметна беше, отиде со него, го виде што непрокопсан е, криминалец и се тргна свесно од него. Лејла се сплетка со оној адвокатот, мажот на психијатарот, па после го одби лекарот и пак се врати кај Огуз. Зашто?? Зашто беше слаб карактер. За разлика од неа Неџла имаше амбиција, да заврши факс, се запозна со Џем. Првиот пат веридбата ја прифати не спремна, апансас и дојде, ама после го засака искрено. И до крај го сакаше. Сакаше да направи нешто од себе. И направи. За жал судбината и била таква да остане сама. Иако на крај нејзината приказна со Али остана недокажана заради детето кое ќе ги спојува. Неџла не беше арогантна, на Неџла и беше дојде преку глава од тоа што само пари и бараа. Уште не оладен Џем и се насадија дома. На Лејла и на Шевкет им простуваше големиот Али Риза, а на Неџла не можеше. Тоа она не можеше никогаш да им го прости. Едноставно Неџла и Лејла се дијаметрално различни ликови. Неџла кога дојде во Истанбул ја свати играта на животот во големиот град, а Лејла луташе и секогаш си остана малото девојче од провинција.

    Шефкет, да не зборувам. Размазен мамин син кој нема никогаш свој став и може која сака да го вози. После војска ја виде Ферхунде, и одма падна во стапица. Како жена да не видел, а можеби и не видел од кај знаеме. После му дојде Седеф, различна од Ферхунде. Мирна, тивка дете на самохран мајка, која прв пат се заљубува во маж. Во неа тој ја гледа неговата идеа за сопруга, како мајка му олицетворение на домаќинка, а од друга страна е Ферхунде, како и самиот што кажа, сосема спритивна од жените во неговата фамилија. Отракана, фатална, самоуверена, му покажа дека нема само девици на светот кои гувеат и чекаат да се омажени туку има и ЖЕНИ со големо Ж кои живото го грабаат со двете раце.Како и да е сите ликови се комплексни, како што кажа нема црно бело. едноставно ликови кои се секаде околу нас.
     
    На JuLleE, A-j-a и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ах бе Ненче, не ме разбра :lol: . Викам и се одушевував што меѓу другото не подлегна на искушението кога беше кај Жулиде, а како што немаше скршен денар, ретки се оние кои не би подлегнале. Сепак, оние со цврст карактер се исклучок, а не правило, за жал.

    Ама, од лично искуство знам дека баш такво искуство кога си сам и никој не ти помага и ќе успееш да се избориш може да те направи подобар човек од порано, јас сум жив пример за тоа. Учев, работев и се грижев за мм без никаква помош од родителите и иако еден период не стоевме ама ич добро финансиски за да сето тоа може да се одвива (мислам на студиите), никогаш не подлегнавме на искушение да направиме нешто за кое ќе се каеме. И за тоа мислам дека можеби и најмногу е должна поддршката од мм и затоа не ми е сфатливо како можеше во толку негативна насока да се смени?
    Зарем толку добар маж како Џем не може да те натера да заборави на горчината и наместо да ја направи подобар човек, таа стана ужас невиден. Ама ете, ќе речам, тоа е мое мислење.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.948
    Допаѓања:
    111.602
    Пол:
    Женски
    Јас не ја гледам како негативен лик. Напротив, попозитивна ми е од сите. Прочитај погоре зашто мислам така. А и она им купи куќа, она ги ранеше, она све правеше. Кога Шевкет призна убиство мислам дека и се прелеа чашата. Искрено, си наоѓам дел од себе во тој лик.
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мене па ме нервира шо тоа што им го пружи низ нос им го извади! Па кој те тера, прекини уште одма контакт со нив и готово. Па и Ферхунде веќе така не прави. Имаше некои моменти кои и мене ме натераа да се подразмислам, како оној период за кој раскажав погоре, после кога ја запозна Лејла со Назми, ама таков мамин син шо се повлекува по првото оговарање за мене не е маж, па и ја не би останала со него. Ако тогаш правеше така, во брак којзнае кои циркуси ќе беа.

    На Лејла никој не и даде шанса да се поправи. А се трудеше...таа ги замоли од дома да ја вратат Неџла, таа и го спаси животот на Неџла, таа и покрај се, дојде да изрази сочувство ама ја истретираа како последно ѓубре. Донекаде имаш право, да, не се навикна на животот во голем град, затоа што е суров и немаше место за нејзината искреност и емотивност.

    Но, ете ќе речам мое мислење. Никој не може да има погрешно мислење на темава затоа што такви се ликовите, мошне реални и комплексни.

    Али никој не може да ми рече нешто лошо за Џеци :lol: па животот ми го продолжи кога беа кај Седеф, тресе срцето зелени а мртва озбилна...ме насолзи од смеење тогаш :lol:
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.948
    Допаѓања:
    111.602
    Пол:
    Женски
    Џекица ќе ми фали да ти кажам искрено. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. VictoriaSecret

    VictoriaSecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    еј луѓе што се случи вчера во лисјава? неја гледав а ме интересира дека е претпоследна еп. :)
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    како за прво браво за алитичките коментари во последните неколку поста, ми требаше еден краток Flesh back на сите ликови во серијава.
    Епа си направила мал пропуст, не е баш така како што кажа! Според мене има и ликови кој се за мене позитивни, целосно. Сите ја заборавате Фикрет! На таа жена бе треба да и се дигне споменик. Дома кога гледаме сите унесени и дисутираме, сите се согласуваме дека е еден од најпозитивните ликови! Целиот живот само се жртвувала за некого: Прво за боланта трудна мајка не се ни запишала на факултет а е пемтна и способна да го заврши. И откако се преселија во Истамбул, по кого се викаше цело време, по Фикрет. Кој чустеше, переше, готвеше, и помагаше на Ајше-Фикрет, А другите што правеа-уживаа.
    И после и пукна филмот, сите на неа и ги кажауваа тајните а она не смееше да ги издаде нормално и дури а обвинија дека е љубоморна ан сестрите :^) Ајде бе. И и пукна филм и се омажи со Таксин. И таму чуваше туѓу деца како свои и направи се за да ја засакаат. И сега и покрај се успеа да му прости на таксин за неговата глупост(глуп испадна малце и наивен,ама не е лош ни негативен, барем јас така не го доживувам)и покрај се им помага на Лејла и на Хајрие и пред се го обожава Али риза. :clap: Јас и се дивам и мислам дека таков лик навиисна не постои во вистински живот. И колку ме изневрира пред некои време Хајрие кога рече леле се е на Фикрет ама ако она може :@
    И кога сме кај Хајрие, мислам дека се имам искажано и погоре, мене ми е една од најодваратни линови во цела серија. Себична, живее само за народот и за тоа што ќе кажат луѓето, еднаш не им пружи права подршка на нејзините деца и на Али риза, и само што зане е да се жали, кука и да се распарава.
    И да не зборавам ПРОДаДЕНА ДУША!! Ејјј ги викаше синко Огус само зашто имаше пари ги издршаваше, па уште и му готвеше омилеи јадења :^) :fubar: Кај го има тоа, нигде па ни таму :lol:
    Нехир е еден од позитивните ликови во серијава-браво на тој што кажа дека треба да и дава лекции за мајчинство на Хајрие! Секогаш ја подржувашњ Седеф во се, не крена џева кога реши да ен се вери со тој, а Харие ќе умреше кога Неџла реши да не се мажи со Џем првиот пат, дури и ја истепа ако ви текнува :| Во се ја подржуваше, па дури не ја ни напињаше многу кога го сакаше Шевект, иаку беше против таа врска не и ја расипа она нити пак ја подбуцнуваше, ја остави сама да си одлучи! И си имаше среќа си најде добар човек за да не биде сама во тие години! права мајка, која не беше нешто многу богата и сама си ја одледуваше ќерката ама ја испрати на прав пат.
    И се согласувам со Nena според мене Шефкет и Лејла ми се најглупави, најмрзливи и најискористувачи во цела серија! Не ми се негатвини како Огус и Фeрхуде, но се дегинивтно најглупи, нјапродадени души!
    Прво овој Шефекет-татино галениче, неискусен во секој поглед на животот, мислеше дека сите се неисквареи и добри како него, ферхунде мн добро си го фати, го изманипулира и го искористи до максимум! се што направи беше погрешно и ништо не му тргна од рака, секој бизис и секоја врска ја пропадна и ја уништи :!: И на крај мислеше дека направи добро дело и испадна херој, е баш напротив, испадна ПОГЛУП и од Лејла! :fubar:
    Лелја- неспообна, љубоморна и завидилва на сите, одобено на сестра и, сакаше се што има Неџла но на крај остана остана со прстото во уста :doh: За огус се фати како да е последниот маж на светот, какод а нема пникој друг, сите иг обвниуваше за нејзините грешки и нејизините неуспеси, а заборави дека тој прст требаше да го сврти спрема себе! Не беше воопшто амбициозна, не зпроба низа да се запише на факулет, апа тек и да го заврши, и виситнско достигнување е што се омажи со богат криминалец и што имаше најубава кола и што научи да вози! И моментот со новото крзно и со старото палто е историски! Никој не би заборавил такво омаловажување!
    Неџла имаше многу грешки,првата што падна на огус и направи погрешен чекор што избега со него! и да малце стана арогнатна и заљубена во професијат и им сврти грб на сите па и на али што нависитна не е лош човњк. Но мислам дека сега во предпоследната епизода ссвати што занчи семејство и дека најголемото достигнување е да имаш и да оджиш семејство заедно едно 40-50 години.
    Оваа серија многу ме потсеќа на нашите тредиции, има многу сличности со некои наши роднини, пријатли, познаници(барем јас имма некои во фамилија што се како пресликано на Хајрие, Лејла, и од сите по нешто) или ми имаат кажувано многу слични ситуации како во серијава!
    невистина ќе ми недостига и има многу работи кои ме наведоа да рамизлам подлабоко и да сватам некои работи!
    Легендарна серија и засекогаш ќе ја памтам и ќе ја зборувам!
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.061
    Да не ја цитирам Нена бидејќи е голем текстот, ќе кажам дека во целост се согласувам со неа, за дадената анализа на Неџла, Лејла и Шевкет. Го делам мислењето, и сега кога заврши серијата, тоа е тоа, и анализата на ликовите заврши. За мене ликот на Неџла ќе остане единствениот лик од семејството кој созреа и кој Истанбул не успеа да го проголта, туку таа научи како да живее во него.

    едит: Јас никогаш не ја заборавам Фикрет, но таа е она што си беше и си остана, пожартвувана за сите други, но не и за себе. Сега кога гледав дека се жртвувала заради другите ми падна жал, но единствено за тоа ја обвинувам нејзе бидејќи таа никогаш не се изборила за тоа што го сака. Секогаш била покорна, ги потиснувала своите чуства и желби. Фала богу што на крајот размисли и му се врати на Таксин, што конечно направи нешто за себе, бидејќи иако Таксин ја изневери сепак без сомнение е човек кој ја сака и кој секогаш е овде за неа, и одлучи конечно да си го гледа сопственото семејство. Фикрет е лик кој предизвикува сожалување, но не е лик кој созреал во серијата. Таа е лик кој не учи какви не треба да бидеме во животот, бидејќи ако сме такви тогаш ќе живееме според желбите на другита, а не според нашите.
     
    На nena2010 и A-j-a им се допаѓа ова.
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Се, се, ама Неџла најпозитивен лик? Неџла уште од почетокот на серијата една работа имаше на ум - пари. Огуз не го ни познаваше кој е, во живот не го имаше видено, доволно и беше само да слушне од Седеф дека имал голем автомобил и многу пари па да почне "да го манијачи" по телефон. Јасно е дека после не се заљуби во него, затоа и го остави (неколку пати :!: ). Тоа што одвреме навреме се плеткаше со него пред да се земат со Лејла беше за инает од сестра и, затоа што се плашеше да не има нешто повеќе помеѓу нив. А исто така, кога се свршија со Џем и кога ги слушна неговите "фикс-идеи" за живот финансиски независен од неговите родители, и како тој сака се што ќе постигнат во животот со сопствен труд да го заработат, види коинциденција, баш тогаш и текна да бега со Огуз во Германија |( , да не зборуваме после како го промени односот и кон него кога тој остана без пари и како го остави... И повеќе не разглобувам, затоа што премногу би било долго, а и отприлика се е јасно, само ќе кажам дека не е ни Лејла цвеќе за мирисање, тие беа всушност исти, целото време го поминуваа во меѓусебен натпревар, само што Лејла со текот на времето се покажа дека е попожртвувана и поприврзана за семејството, да не почнувам ни за тоа дека Неџла и нанесе далеку поголема штета на Лејла, отколку што Лејла некогаш нешто и направила нејзе. Тоа што Лејла нема мозок е друга приказна

    А г-ѓа Неџла искрено не сакаше никого во животот, ни Огуз, ни Џем, ни Али, па ни семејството не го сакаше доволно. Тоа што си остана сама на крај е исклучиво нејзина вина, самата ги оттргна сите од себе, факт е дека има лош карактер, дотолку што за едно палто си го дигна егото, па сакајќи да и го упропасти бракот, всушност и го упропасти здравјето на сестра и.
     
    На Look и tessie им се допаѓа ова.
  10. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    :D :D :D АМИ АЈДЕ ЏЕВРИЕ ИЧ НЕ ЈА АНАЛИЗИРАВТЕ ХА,ХА.ХА ВО ПРИЛЕП СИТЕ СВЕКРВИТЕ СИ ГИ ПРЕКРСТИЈА ВО ЏЕВРИЕ ВО НЕЈЗИНА ЧЕСТ! :tmi:
     
  11. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Eпа си се изнаплакав на последната епизода... утре пак ке си ја гледам на сител :)
     
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884

    Да се надоврзам за Неџла..
    Дали паметите каква гримаса направи кога Џем и кажа дека сеуште нема сопствена кола и дека сака во животот се да постигне сам,со свој труд откако ќе го заврши факултетот.
    Одсекогаш основна,нејзина амбиција беа само парите.Разбра дека Џем е богат,па ја натера другарка и да ги запознае.Одкако свати всушност каков е (дека не е разгалено детиште како неа,па да троши од парите на мама и тато),наеднаш Џем почна да ја нервира.
    Е тоа е Неџла. :x
     
    На tessie и antilla им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Неџла подлегна на животните проблеми, бидејќи се соочи со голем град, беше неизживеана, невидена, затворена дома.
    За проблемите колку таа, толку виновна беше и Лејла. За нешто повеќе едната, за нешто другата.
    На крајот Неџла стана човек. Застана цврсто на нозе, а Лејла остана депримирана со тажна фаца девојка.
    Но Лејла, е многу погрижлива, почувствителна, а Неџла многу се крена на високо, почна да се занесува, се` околу парите да и` се врти. Заборави на домот, дури и кај татко и` на посета не одеше, ниту на телефон не сакаше да го слушне на крајот. За Али, самата е виновна, не знаеше да си го задржи бракот, а човекот од се срце ја зеде.
     
  14. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Многу тажен крај :worried: ;(
     
  15. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Е претераа веќе со тие рекламите за последната епизода во понеделник. Сите моменти ги прикажаа, тогаш што ќе ја чекам последната епизода кога видов што ќе се случи. |(
     
  16. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски

    Aко, пак ке ти биде интересна... и ако се соживуваш, ти препорачувам да си имаш марамици до тебе :)
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    И ја тоа викам, самата си е крива за Али, а не фаци ќе и праи на Феци моја :lol: како таа да и го растурила бракот, а таа го третираше Али како осуденик а не како маж. Али НЕ, Ферхунде е крива за се. :@
     
    На girl.23 и antilla им се допаѓа ова.
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    И јас. Посилно беше од мене, сакав што побрзо да го видам крајот. Не дека разбирав нешто, турски и албански дека на Алсат гледав. Ама... Тажно ептен. Ми потекоа неколку солзи. А пак како ќе биде на сител, кога ќе слушнам што се зборува... Премногу тажен крај.
     
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски

    И јас на Aлсат ја гледав и од 5 зборови што слушнав се изнаплакав, па утре ќе си довршам со преводот :) ... а како што сум во пмс х3 ми работат емоцииве :D
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Богами и јас се изнаплакав. Незнам колку пати гледав на јутуб, и колку пати се изнаплакав. Ама утре пак реприза од плачењето ќе има сигурно. И ќе си се бутнам сама у соба, со салфетки, да можам на раат да си се исплачам.
     
    На eemmiilliijjaa му/ѝ се допаѓа ова.