Ќе ми фали серијава, се навикнав на неа. Иначе многу ми се допаѓаат турските треилери за епизодите, еве го трејлерот за последната епизода http://www.youtube.com/watch?v=N3vXwp7H ... detailpage
A мене мн ми се допадна деталот што (во Турска) гледале последната епизода да ја емитуваат на 29 декември (датумот на судењето и ослободувањето на Шевкет, фактички последната епизода) мислам дека тоа додатно придонесува да се соживееш со приказната. Ама, не ми се допаѓа таму што ги давале епизодите еднаш неделно. Па не верувам некој да има толку живци. Еднаш неделно се дава серија што трае 20ина епизоди, а не 5 сезони од по горе-доле толку. А иначе свесна сум дека ќе има плачење. Па кога се собрале сите глумци заедно да ја гледаат последната епизода и тие се расплакале, сите до еден, шо еднаш поминале низ тоа, го знаат сценариото напамет и еднаш тоа го извеле; можам да замислам шо ќе биде дома...поплави (иако го знам крајот).
Еве без превод... Нормано ќе си идеш парт 2,3,4.. Тука е една епизода, ама кај нас секогаш ги кратат, така да се две кај нас. http://www.youtube.com/watch?v=NB47qspRr6A Јас си имам тоалетна хартија.
Многу тажен го направиле крајов ..Иако одприлика го знам крајот сепак сум сигурна дека вечер ќе се расплачам....
Вчера една другарка ми кажа дека ке се снимала нова сезона, јас па мислам дека ова беше крајот на серијата... имате вие некоја информација??
Досега три пати ја гледам последната епизода и секое гледање плачев.Такви се поголемиот дел од турските серија со тажен крај. Инаку ке ми недостига серијава многууу, најмногу Џеки и Алириза. Се договоривме со мајка ми вечер да ни биде пуштен тв колку само да слушаме,а да не гледаме. Јас вече секоја сцена на памет на научив.
И на паѓањето на лисјата им дојде крајот Навистина многу ќе ми недостига серијава... Уште малку и сите пред тв, последнава епизода е многу тажна и јас да си спремам палома
Баш ми е мило што серијава ќе заврши со реален крај а не како сериите од типот "си живееја среќно до крајот на животот"..