1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    колку што се сеќавам крајот беше среќен нели она таман да се омажи за тој стариот, Онур дојде со децата и она ја напушти венчавката и замина во неговите прегратки, заклучок остана со него и покрај сите турбуленции кои се случуваа се до самиот крај.

    Мене поентата ми беше дека досега сите серии испаднаа нереални па и Шехерезд бидејќи перипетии имаше се до последен момент кои наеднаш се решаваат и крајот е среќен, а оваа серија испадна реална.
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не се сеќавам кога последен пат се изнаплакав вака..и заради серијата и заради сите други работи што ги потиснував во себе. Од една страна знаеш дека ова е само серија и сето тоа е глума..ама ние емотивните душички и тоа тешко го доживуваме.
    И ова беше прва и последна турска серија што ја гледав .
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Премногу тажен крај. Особено делот кога се испраќаа. И ми беше мило што се прегрнаа силно и со топлина меѓу нив, Неџла и Лејла. Шевкет не ни успеа да го види жив. Да се испрати со него.
    Но овој пат не успеаа да ме расплачат.
    Серијата остави голем впечаток кај мене. Колку и да била досадна на моменти, ќе ја паметам.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64

    Даааааа.Фала многуууууууууу. :inlove: :*
     
    На song му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    7.849
  7. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    Прекрасна серија и многу поучна(за разлика од другите).Најмногу ме трогна моментот кога од раце му падна поклонот на Шефкет кој го спремал за Али риза :( Ќе ми недостигаат.
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ах, се потресов...аман па и тој Шевкет мулето, шо мораше у матичното да оди, можеби ќе го начекаше татко му жив. По мое, згреши што не му кажа дека доаѓа, мислам дека човекот барем ќе имаше воља да поживее уште малку.

    И да, жалосно што Али Риза си ја сфати “грешката“ на самиот крај, ако воопшто може така да се нарече, моментот кога рече „Розите не цветаа вака јас кога ги гледав, исто и моите деца“. Понекогаш претераната грижа може да створи хендикеп кај детето.Убаво му рече Ферхунде на почетокот „Не бидете толку остар, се' во животот е за нас“. Многу ми падна тешко кога им рече: „Не ви оставив наследство, но оставив чисто име“ во сонот или што и да беше.

    А тој муабетот на Али и Ферхунде...се што рече Ферхунде беше на место.

    А моментот со бате Ахмет и Седеф ме потсети на еден мој муабет со свекор ми баш кога дојдов кај нив и кога ни правеа проблеми на мене и на мм ;( .
    А и бате Ахмет цел свекор ми. Таков друштвен, весел :lol: , секому да помогне, се покажа вистински татко пред се' со мм, а и со мене како и Ахмет со Седеф.
    Се' на се', преубава серија на која секогаш ќе се потсетувам, пред се' затоа што има премногу слични ликови околу мене.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Епа да ти кажам не се согласувам со тебе, и мислам дека не си у право! Знам дека секој нормално си ги олкува сите ликови на свој начин, али како и да е неможеш да кажеш дека Ферхунде е попозитивна од неџла, па колку и Неџла да беше ладна и арогантна, сепак се покаша дека има големо срце, само успеа многу полесно да не се носи со се во животот, и да се вклопи во гоелмиот град! Епа сигурно нема д и го остави бебето на ферхунде, која btw e најголема лицемерка, заборава кога она абортираше без и да му каже на Шeфкет, а тек па и тој да се согласи.Убаво и рече Неџла пред некоја епизода на ферхунде, секогаш си ги собирала остатоците од нас...и така беше.
    И мило ми е што му плесна во лице Неџла на али, сигурно нема да го моли да бида заедно, колку ладна и бесчутвителна да беше она, ја замени за 2 дена, епа куче да беше немаше одма друго да си купи, ќе почекаше да помине време! али безрамислување рипна во друга ''врска'' и самиот остана вчудовиден на крајот!
    и покрај се се изнаплакав на крај, ма низ цела епизода, ќе ми недостигаат нивните мудрости!
    имаше многу што да се научи од сите нив до еден!
    ;(
     
    На BeYourself, SunFlower94, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Мене Ферхунде како појава и како личност ми остави прекрасен впечаток од прва епизода и тоа ниту може да ми го смени некој, ниту да ми вика дека сум во право или не, такви се ликовите. Директна, самоуверена, не знае да ги сокрие емоциите (како што му рече на Али, не може да ја скрие ниту среќата, ниту тагата), ама не цмиздри над проблемите, туку ги презема работите во свои раце и се бори сама да ги реши.

    Извини на кого да му го оставеше Ферхунде бебето во тој змијарник во кој од прв ден сите ја гледаа со други очи зашто била еднаш мажена, а не можеше на маж и да му каже пошо нели кидна мулето, неспособно да створи ништо за сопствената жена, кога рече да ја продадеме куќата и да се одделиме (нормално 10 души седеа таму) како ја погледнаа ко да рече Let's eat Grandpa. Некој ќе рече што не си отишла сама да го гледа, ама вистината беше што не можеше да се помири така лесно со идејата да го остави Шевкет зашто стварно го засака. Затоа после им се врати на сите деца, кој од кој поразвратни, нема криминал и разврат што не го направија. Само Фикрет беше арна, ама џабе и беше кога беше за сите арна, само за себе не.

    А шо па Ферхунде ќе му направеше на бебето од Неџла, да не ќе се замараше со него...навистина толку да сакаше да чува бебе, едноставно ќе имаше. Ми е жал, таква жена силна како карпа се скрши од љубовта кон Шевкет. Кога застанала на нозе од тоа што го преживеала во минатото, а успеа да се скрши пред Шевкет и да си го растури бракот со Митхад, значи навистина премногу го засака.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ферхунде дефинитивно ме изненади на крајот многу жална и впечатлива слика остави во таја празна и ладна куќа
    за Текин семејството што да кажам жално без Али риза понатаму би лутале само во животот (тој ги водеше на ваков или онаков начин)барем сложно завршија на крајот...
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Јас и напишав не си прочитала, СЕКОЈ СИ ИМА ПРАВО ДА ГИ ТOЛКУВА ЛИКОВИТЕ, и фала богу дека нема да ти го мењам мислењето! у принцип вака имаме доста слични имсчења за други теми, ама сега сум сосема спротивно!
    Како и да е ќе се сгласам потполно, Фикрет како најисправна особа, се грижеше за сите, а после тоа сте и го свртеа грбот! Барем на крај се смирија и си ја најде спреќата со Таксин!
    А Неџла, настрана глупавата грешка што не и требаше Огус, ми е екстра личност: Самостојна,амбициозна, и истрајна! За разлика од другите си стои на свои нозе и нема потреба од мажи да ја издржуваат. И знае да признае кога некој ќе и помогне, како на пример дека името на Али и отворило врати, но способна е сама да успее без ничија понатамошна помош!
    и како и да е, и Ферхунде свати колку и вределе Текин, само касно беше веќе за било што да направи!
     
    На interesna и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Неџла воопшто не е самостојна и на свои нозе. Да не беше првиот па и вториот сопруг ќе видевме колку е на свои нозе .Влезе во светот на угледните и потоа и беше веќе се полесно.Баш мажите ја изржуваа... Благодарение на нив таа стана самостојна,да не беа тие ќе се вратеше и таа со своите. Остана да живее со парите од сопругот со кој се разведе.....
     
    На tessie и eli25 им се допаѓа ова.
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Признавам дека последните епизоди ми беа досадни, ама последнава ме остави без зборови. Премногу тажен крај. Се изнаплакав. ;( А Али Риза барем да успееше да се види со Шефкет... Тоа ме погоди најмногу од се. На крај сцената со Ферхунде исто така... :(
    Се на се, ова беше една од моите омилени серии, може да се рече единствената турска серија што навистина ми се допадна. Ќе ми недостига дефинитивно...
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Hipster Не си ме сфатила убаво, сакав да кажам дека не постои некој кој е во право или во криво за било кој лик бидејќи се такви ликовите, комплексни, може да се гледаат од милиони агли. Нејсе, за муабетов...

    Дали Неџла се' сама постигна во животот? Епа ајде да почнеме отпочеток:

    1. Факултетот со кој толку се прави важна. Сите дојдоа во Истанбул поради нејзиниот факултет. Родителите и' овозможија да ги оствари своите амбиции и таа маестрално им врати за тоа. Се' им вадеше низ нос што правеше за нив, а заборави дека да не беа тие, немаше ни таа така лесно да просперира.
    Од друга страна пак, Ферхунде се' што постигна, постигна сама без ничија помош. При починат татко и мајка затвореник, поприлично време била препуштена сама на себе во животот.

    2. Нејзините мажи. Си доби привилегии и финансиски и кариеристички и од двата брака, нема муабет за тоа. И двајцата мажи ја обезбедија и и' помогнаа на секаков можен начин.
    Наспроти тоа, што доби Ферхунде од мажите во нејзиниот живот? Oд трите подолгото со извинение.
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.899
    Допаѓања:
    123.123
    Па и чудо беше како Али Риза сеуште е жив ,покрај сите проблеми :|
    Филмов стварно испадна без везе,обично од секој филм се влече поука ама од овој? :wasntme:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно...уште таа нашла да збори за Ферхунде дека ги земала туѓите остатоци. А тогаш што праеше лешинарчето Неџла?
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Неџла се страмеше од нејзиното семејство тоа е факт но глупачата заборај дека таа му го донесе еден од најголемите страмој во семејството Лејла буквално ја уништи но кога си ги најде мажињата богати кои и обезбедија буквално све дури и љубов имаше заборај на све а до тогаш како питачка се влечкаше од едно место на друго и благодарение на сестраму пак се врати дома го заврши факултетот и имаше успех оти си најде кој да ја намести на местото и да се покажи со обезбедена позиција углед све кога го увиде тоа парите и манаја во мозокот на пиле што го имаше и нејзиното семејство почна да и буде страм и товар мислам хелооооооооооооооо
    затоа од што беше толку паметна на крај остана сама и си легна на брашното дури и Ферхунде покажа дека има повеќе душа од неа на крајот барем таа секогаш беше своја :rock:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Муабет на место. Не треба да се заборават некои моменти:

    1. Ферхунде беше таа која му кажа на Али Риза дека син му не е убиец што му даде барем малку надеж на човекот

    2. Дојде да го посети и да му даде поддршка кога сите му се настрвија на човекот, самиот Али Риза рече дека дури таа има поголема душа од неговите деца. Сестра родена дозволи Шевкет да оди во затвор, а Ферхунде не се смири додека не го испита случајот. А милата Неџличка не сакаше да се потресува да го слушне на телефон.

    Eдит
    За разлика од Неџла, Ферхунде си остана покрај мајка си и никогаш не и' го триеше низ нос она што го правеше за неа. Се покажа вистински добра ќерка.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Многу ми е жал што заврши серијата и многу ќе ми фалат... :| Серијава имаше реален крај , што многу ми се свиѓа. Многу беше тажна и неможев а да не плачам... :| ;( Многу ми беше тажно сцената кога Шефкет дојде во дворот и му падна поклонот од раце и кога ги испраќаа Хајрие,Ајше,Шефкет и Лејла во возот за Трабзон.. ;( ;(