И двете се виновни,и Неџла и Лејла,и на двете им простија.А сега Лејла заборави кога и простија па сега е љубоморна бидејки ја гушкале,и правеле јадења ...мислам стварно нема смисла да и љубомори па затоа ке се караат и ке има недоразбирања,наместо да продолжат со заеднички сили да се борат за иднина ке влегуваат во други проблеми. И да,денес забележав,сега ја бараат Фикрет а кога и викаа демек таа била виновна да не му се меша ...па сега ДАДО вака Дадо така и се жалат хах бе ццц... инаку и мене ме изнервира Џеврие денеска,неможам да ја гледам ми иди да влезам во тв да ја натепам,ако е вистина за крајот дека ја убила или незнам што направила секоја чест и јас на нејзино место би го сторила тоа,но незнам точно како е што е па не коментирам предвреме инаку онакви малтретирања незнам кој можи да истрпи до крај.поздрав до сите
Баш за тоа коментиравме за време на филмот, стварно знаеме дека е филм ама да направиле малку пореално. Се смеам викам денес ќе одат на летување
И двете се глупи и Лејла и Неџла сестри се, а меѓу нив постои љубомора, за секоја ситница а не па за маж сепак е филм и да не се глупи нема да биде интересно
Не ги гледав првите епизоди,дали лејла кога беше со огуз знаеше дека на неџла и се свиѓа или како било...?Како се вмеша меѓу неџла и огуз,намерно или ненамерно?
во секој слуЧај не ја оправдувам лејла со се вплетка со огус кога она скроз на поЧеток знаеше дека бил во врска со сестра и.и она не требаше да потклекне на лагите на огус,а инаку знам дека ја силуваше и сето тоа и пак не ми е јасно како се омажи за него не ми е јасно зошто толку се затуцани луѓево во серијава и мн внимание му посветуваат на она што др мислам за нив и со ке реЧат
Неџла прва се запозна со Огус и се засакаа, едно време беа дечко и девојка но немаше доверба помеѓу нив и раскинаа, за тоа време он ја заведуваше Лејла, а она одма наседна, во исто време тој се смири и со Неџла, и двете ги мавташе во исто време, потоа Неџла дозна и расчисти со него, а лејла ја викна во неговиот стан и практично ја силуваше, потоа престана да се гледа со него, но забремени. Кога отиде да му каже го виде со Џејда, тогаш падна по скали и го изгуби бебето. Не сакаше да се омажи со него но ја натераа заради тоа да не оделе со наведната глава лол
Како и да е јас навивам за Неџла Сеедно дали Неџла имаше раскинато со Огус или не,каква е таа сестра што ке и го преземе дечкото И колку се правеше важна кога беше богата,бре бре,сеуште памтам кога и го фрли старото палто на Неџла в лице-мене срцето ме заболе а не неа И сега што велите љубоморна.Еееејј овца една,па кога можеа на неа да и простат зошто да не и простат и на Неџла.Ц цц ц ц многу ме нервира
И мене ме лути Лејла, но како и да е, таа не е виновна. Нели Огуз ја убедуваше дека не ја сака Неџла. Згора на тоа ја силуваше Лејла. Таа за да не ја изгуби (веќе изгубената) честа, мораше да се омажи за него. Неџла е таа што и го презеде сопругот на сестра и. Но, срцево ми беше исполнето кога Неџла и го дрли в лице палтото на Лејла-за тоа заслужи, бидејќи се занесуваше со парите, кои сепак, повеќе ги нема.
Абе знам дека ја убедуваше,ама пак ке кажам.Каква е таа сестра што ке ти го преземе дечкото.И јас и сестра ми сме имале безначајни врски па никогаш не ни текнало да си преземеме некој бивши
Охх,да,знам...и самата на себе си се чудам зошто толку многу се нервирам за филм ама тоа ми е-таква сум
Мене ме нервираат двете, ама Неџла е повеќе виновна. Ни една не беше во право, ама сепак на почетокот ко се вмеша Лејла, Неџла не беше во брак со него, не дека ја оправдувам Лејла, воопшто не ја оправдувам. Уште тогаш требаше двете да му ги удрат клоците. Сепак тогаш двете беа жртви на неговите лаги, ама пак оваа избега со сопругот на сестрата, што е премногу. Знам дека е само филм ама и во реалниот живот се случуваат вакви работи...
самата на себе си се чудам зошто толку многу се нервирам за филм ама тоа ми е-таква сум [/quote] и јас се нервирам многу за филмот вчера дечкоми ме завркаваше кога ги дадоа фикрет и таксин за во следната епизода во добри односи ми рече не се секирај утре ке се смират
Лејла не е воопшто за оправдување! Многу е злобна и подла.И простија ама ништо нема да научи од својата грешка зошто (не знам колку од вас знаете дека) ќе му се врати на Огус! СО ЦЕЛ ПАМЕТ! .. И да.. ќе вози BMW! Додека Неџла ќе си биде со Џем и ќе си живее со нејзините. Oсеќам дека по утрешната епизода уште толку ќе ја замразам!
неџла многу ја сакам срцка ми е! ама оваа лејлааа ...... ако збориме искрено, неџла си идеше со огус, оваа се замеша и се случи се што се случи. на неџела и дојде преку глава од се, погреши, ама брзо се покаја ! а оваа е љубоморна, себична....ме нервира искрено лејла!
Стварно Лејла колку нервира, а има и многу глупи ликови, и знам што ке се деси...и пак ја гледам серијава у п.м.