1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Кога Фикрет му ја допре раката на Али Риза почнаа солзите...многу не натажи крајот на серијата..сепак е најреален крај до сега што имам гледано и не се заврши со среќен крај што е типичен за сите серии...Ќе ми недостига многу бидејќи е поучна и многу убава... ;(
    Кога се прегрнаа Лејла и Неџла ... многу потресен момент.
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    RIP Ali Riza (A1 2010 - Sitel 2011)
     
    На PaLaVa и LaChiquita им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.180
    Допаѓања:
    23.175
    Пол:
    Женски
    Најтажен момент ко се гушнаа Лејла и Неџла ..сестра си е сестра, колку и да се караш џабе ти е ! :|
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.372
    Допаѓања:
    22.394
    Пол:
    Женски
    Иако на интернет ја имав гледано одамна последната епизода од серијава, денес пак се расплакав. Плачев ко кишна година :) Знаев како ќе заврши, го знаев крајот, а сепак ептен многу се растажив. Многу тажен крај, тажна приказна. Признавам дека некои епизоди ми беа здодевни, ме нервираше смената на гласовите на глумците, ме нервираа долгите реклами, ама сепак, оваа серија ја ставам во најдобрите што сум ги гледала од таков тип.
     
  5. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Многу тажен крај,али мое мислење за фамилијата на Али Риза е тоа што најголем кривец е Хајрие со тоа што таа нон стоп прикриваше све за да не пукне срам.....али еве на крај што се деси :(
     
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    не ја гледав али сочуство до сите што поминуваат низ тешки моменти.
     
  7. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    многу тажно заврши сакам да даваат реприза од серијава :(
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Според мене најубава и најреална серија што сум ја гледала. Не беше како многу други серии каде што се се сведува на љубов, на крајот сите среќни заљубени како на филм што би рекле.
    Беше многу поразлична од другите, поучна. Само Али Риза колку убави, вистинити и поучни мисли кажуваше.
    Од секој лик можеше да се извлече некоја поука, или пак да се пронајдеме во некој од нив.

    Еве некои слики каде што и тие се расплакале на завршувањето на серијата
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На femina11, interesna, mime87 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Искрено, ич не ја сакав серијава, не ја ни пратев, ама ја гледав последната епизода и на неколку наврати ми се насолзија очите.
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Ја гледав серијата и едвај чекав да заврши поради малтретирањето од 10 минути филм и 15 минути реклами.Уште една серија на Сител-строго забрането.Не ми се допадна како преведуваат некои работи,не ги доловуваа вистинските ситуации од филмот,на пример на крајот Ферхунде кога беше сама во куќата таа плачеше,ама ние не видовме т.е не слушнавме.
    Тажно беше на крајот,посебно делот кога патуваа и Хајрие се сети на доаѓањето во Истанбул,ама тогаш Али Риза беше со нив...Исфилувано со уште по тажна музика и ете ти. :)
     
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Се' на се' прекрасна серија со тажен крај од која можевме да извадиме многу поучни мисли и работи коишто се случуваат и во вистинскиот живот...серија која што не' остави без здив и верувам ќе ја паметиме секогаш!
     
  12. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Крајот беше фантастичен, но синхронизацијата на Сител уништи се. Јас на Алсат го гледав и иако не разбирав, повеќе ме погоди.
     
  13. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    Добро право си до некаде за Неџла, но Ферхунде се добиваше на нечесен начин, со уцени најчесто и тоа главна цел и беше изнуда на пари. Додека Неџла никому ништо не му изнудила туку се што доби е нејзино законско право .
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Со рекламите беа претеризам таман се соживееш и почнеш да заплачуваш по малку и ајдеее реклами |( после па одново додека ти текне шо се случо пред рекламите.... |-)
    Најмногу ми се плачеше кога Неџла и Лејла се смирија... ;(
    И Али Риза многу си го сакав, на меченце ми асоцираше, мирен, само да си го гушкаш :(
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Кога веќе тргнало критички да се осврнуваме, ајде и јас да се вклучам тука.

    И покрај интересните, пред се реални семејни моменти во серијата, во некои наврати ликовите одеа во крајности. Разбирам, традиционално семејство, почит кон постари и сето тоа, ама 30 годишна ќерка да го прашува татка си за да излезе на вечера, и притоа да и се јавуваат во 23:00h ми беше малку претерано. Како и преголемата загриженост околу дома што ја покажуваше Фикрет. Прднала Ајше, ќе оди да ја чува, и требала. Мајка и настинала ајде пак дома. Како човече остава дом, маж, деца, свекрва ајде, и пат под ноги ќе седам 2-3 недели кај моите. Мислам смешно.

    И покрај овие некои моменти, серијата ми го задржа моето внимание до самиот крај. Иако не почнав баш од 1ва епизода да го следам филмот, морам да признаам дека некако Ферхунде ме намами да го следам филмот чисто онака само слушајќи го гласот. Тоа е и маана плус. Кој сака нека каже, мене гласовите многу ме заинтересираа. Кај може овој глас да ја замени ароганцијата во гласот на Ферхунде и она коа му го лупна на Огус: „Што се мислиш бе ти? Ќе палиш, ќе гориш!“ :rofl:
    Или гласот на Нехир, ко од кенеф излезена. Нејсе.



    Традиционално до бескрај.
    Али Риза на крајот успеа да ги стави во строј децата после толку многу премрежја низ кои протера семејството Текин, но за жал не успеа да ги види сите деца на број. Тажни моменти во серијава колку сакаш. Кога умре Џем и погребот и се околу тоа, кога се испраќаа на железничка станица Фикрет и Али Риза, последнава епизода. Епа многу тажни моменти. Во некоја мала ситница луѓево гледаа светла точка, дека нештото ќе ги води напред, да процутаат. Имаа верба, никогаш не се откажуваа и покрај се. Многу трагична судбина имаа кој од кој. Фикрет од толку добра наивна ќерка, ми стана антипатична. Таа гордост до неба не можев веќе да ја трпам. Сепак ете остана најчиста од цела фамилија, зборувајќи за децата на Али Риза. Секој од децава правеа грешки, секој. Некогаш и Али Риза правеше, најчесто за да си го остави чесно името. Но поради тој понос, многу пропатеа. Имам безрој коментари за серијава, но да не должам. Една од најдобрите турски серии што сум ја гледала, а не биле многу.



    Ја ра реј, ја ра ра рааааааааааааа... :music:
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Чича мича готова је прича.
    Главна тема денес: леле лисјата завршија.
    Ам аман бе, октомври месец, есен, тамам време за лисја паѓање!
    Што сакавте, уште една година? Или две по можност? Е па њама!
    Али крпа умрел. Страшна работа. Болен човек, измачуван, никогаш раат од пустото му семејство, е па вечен не ќе е!
    Готово е се, барем нема да добивам |( поглед кога ќе кажам дека не ги пратамредовно турскиве серии!
    Уште една на сител! Никогаш!!
    Погрда синхронизација немам чуено!
    Се одјавувам од темава бидејки веќе нема што да се дискутира!!
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Не би рекла баш дека се' доби со уцени и закани. И таа поголем дел од серијата работеше, сепак да имаме предвид дека и таа е дури и пошколувана од Неџла (магистер по економски науки) и баш нели кога се вработуваше кај Левент, тој агентот што ги интервјуираше кандидатите за местото се изненади од резимето на Ферхунде, во кое не фигурира ничие моќно презиме, туку нејзин труд, школо и работа.

    Е тоа баш и ме изненади кај Неџла. Очекував да се дошколува, да запише магистерска, да се надогради самата себеси место да брка богати мажи и да им работи на високи позиции во нивните фирми додека не стане газдарица на истите. Да, законско право, ама на што личеше бракот на Неџла и Али? Како да го зеде само за да стане законски делител...лешинарски и грдо
     
  18. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Јас не се приврзав со серијата, последната сезона едвај и ја пратев... Некако се се вртеше една по друга несреќа и мислам тоа најмногу ги задржуваше гледачите, што секојдневните проблеми беа често дел и од нашиот живот. И сите барем некогаш сме запознале некоја бабичка што мрчи како Џеврие, некоја жена што туфка и не и е погодено како Хаирие, некоја смирена, љубезна, тивка како Фикрет, некоја убаво омажена како Неџла, некоја пакосничка како Ферхунде :D
    Ги има нели? ;)
    Мене ме гушеа сите тие тешки чувства во серијата, не беше ни малку релаксирачка.
    Сепак глумата беше оргинална, толку не внесуваше во приказната, ги содржеше сите човечки маани, што голем дел ги ставаа на срце долговите на Шефкет или караницата помеѓу Хаирие и на Седеф мајка и. :?:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Jас пак научив нешто од серијава :lol: (иако не знам дали повеќето работи што ги научив беа поента на самата серија или ете само некое мое гледиште на работите). Како и да е:

    1. Иако нетипично и големи се шансите тоа да не била поентата, сепак првото и основното што го научив е дека, иако, старите наши велат со луѓе се' бива, никогаш не смееме да дозволиме нашата приврзаност кон некого да стане зависност. Тогаш ќе нема место за топлина, туку таа топлина ќе се претвори во гушење и во сета таа еуфорија може да наштетиме на оној на кој најмалку му сакаме лошо. Истото важи дури и во едно семејство. Тоа е како во гнездо, откако малите ќе се научат да летаат, порано или подоцна ќе мора да заминат од мајчиното гнездо и да основаат свое. Тоа е природниот тек на животот и работите, природата така ни' налага. Само така постојат шанси никогаш да не им згрешиме на најблиските и да не дозволиме тие да ни' згрешат нам.

    2. Никогаш не смееме да очекуваме дека друг ќе не' обезбеди во животот. За едно пенкалце или за еден оброк, нека биде толку и за почеток, но мора да се научиме сами да си го правиме животот комфорен, да дознаеме што би не задоволило во поглед на комфор и да се трудиме тоа да го оствариме САМИ. И да, немам ништо против во тоа некој да си признае дека приоритет во животот му се парите, а не семејството, но барем кога еднаш си го зацртал тоа, не прај трте мрте кога ќе загусти и ќе нема кој да те прегрне зашто си сфатил (предоцна откако си им ја изгорел душата на сите) дека сувите банкноти го немаат топлиот мајчински бакнеж или силната прегратка на тато. Некои работи, ниту сите пари на светот, не можат да ти ги овозможат.

    3. Никогаш да не ја силуваме и предизвикуваме судбината. Имај си критериум ќе се омажам за човек со пари, океј, ама немој 24/7 само тоа да ти е во глава. Животот е прекраток и драгоцен да размислуваме и за туѓите достигнувања, доволно е да размислуваме за нашите.

    4. И конечно, како што рече самата Ферхунде, никогаш да не бидеме премногу сигурни и остри кон другите (па и кон себе јас би додала) затоа што никогаш не знаеме што може да не снајде во животот, „се' е за нас“. :)
     
    На Divinebutterfly и Fallin-ForHisSmile им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    кога пофторно би ја дале пофторно би ја гледала... :hai:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.