Aбе уште трипати нека ја дадат...колку само се соживеав со сите ликови, со сите. Да не се праи муабет дека глумата беше извонредна, каква што немам видено во другине серии ниту одблизу. Ах, многу ќе ми фали, ама ај на Хајат ќе си ја гледам ја пак *шмрц* Они на мене заврши лисјата, молим те
И по ваше мислење куќата на Алиризовци ја купи Ферхунде или не? по моја логика и согледување најверојатно не, таа само дојде да се соочи со спомените...
^^ Сигурна сум дека Ферхунде ја купи . Се се поклопува . Таа беше емоционално приврзана за куќата ја потсетуваше на едни убави времиња . Затоа и на крај ја покажаа во празната куќа , ја најде сликата жали за нив . И како што си беше Ферхунде Ферхунде докажа дека се што сака може да направи , а куќата и беше најдрага. Инаку вчера не знам дали некој не успеа солза да пушти мислам на редовните гледачи кои се поврзаа за Ликот на Али Риза . Ставрно жално не очекував таков крај . Ептен за никаде испадна . Нити еден среќен на сите им фалеше по нешто никој не успеа .
Дали некој може да ја постира песната од последната епизода Yoksun, ако ја има на превод македонски, како и другите песни со превод?
Јас мислам дека не ја купи, бидејки во последниве епизоди едвај крај со крај врзуваа со мајка и. Колата и се продаде но не верувам дека имала доволно за да ја купи
И јас мислам дека немаше пари од кај да ја купи! таа немаше 200 денари што се вика за такси, во псоледите епизоди, а тек па таква куќетина да купи! Само одите вајда да се збогува за последен пат со тоа што најмногу го сакаше, но сепак остана со празни раце! Мене па повеќе ме копка дали навистина она остана со Али...
Од една страна како влезе Ферхунде сама во куќата,но од друга па кај најде пари за да ја купи? Никогаш нема да заборавам кога Тахсин ја "пееше" `Билјана платно белеше`. Е ме насмеа до солзи. Не се нормални како синхронизираат.
Еј, абе стварно Алириза бил педер? Ауууу како баш на крај на серија дознав, а ја мислев со Феркунде се мувал о зошто ли зошто не дознав порано
Мислиш на глумецот? Од каде па сега ова? Читав еднаш интервју со него кај шо тврдеше дека бил голем љубител на жените ама не се оженил никогаш зашто не си ја нашол љубовта на својот живот А за Ферхунде не верувам дека ја купи куќата, тоа барем ќе го разјаснеа. Па и да остана со Али Сарпер, тој одма пари за куќа не ќе и дава .
Не бе глумецот, актерот се зезам, озбилна сум за тоа дека бил педер, сите се сомневале а он никогаш не негирал и се изнасмеав за тоа дека бил голем љубител на жените а не се оженил, дека е педер за тоа не се оженил. Јас мислам дека Феркунде ја купила куќата инаку од кај ќе се најде на туѓа сопственост, да ја разгледуваше само ќе имаше нели луѓе кои ќе и ја покажуваа куќата, она беше сама а и нели цело време викаше дека ќе им врати. Па и куќата од надвор не изгледа толку голема иако на крај ја прикажаа како палата, она мислам џип некој возеше сосема е очекувано џипот да вредел колку куќата, ако и недостигале пари може подигнала и некој кредит нели се вработи, плус мајка и има швалер, од кај знаеме може тој имал банка.
Епа не знам јас, така читав, тој така си изјави. Ех па и ти, ме збуни сега , прв пат слушам дека бил педер А за Ферхунде, абе мислам ќе кажеа таа да ја купеше. А и може само онака да си влегла, што може вратата ја нашла отклучена, или може замолила само така да влезе да види, Ферхунде е таа, си знае да се пикне . Па и куќата, не верувам да не беше вредна, јас мислам Огуз за скапи пари дека планираше да ја даде. Самиот рече дека сите ќе се офајдат од таа куќа. А и колку што се сеќавам, адвокатот на кој му имаше дадено полномоштво му рече дека воопшто не може да се продаде куќата. Мислам дека на крајот никој не ја имаше ни купено, нешто како напуштена остана, и онака Огуз е в затвор, па нема ни кој да се грижи за неа или да се заангажира да се продаде, нели Џејда се тргна настрана, а адвокатот други работи ќе си брка, не ќе се грижи за куќата дали ќе се продаде цело време. Јас така мислам
Не е достапна на т-мобиле пробај на вип, ја имав еден од космофон негде на почеток на серијалот ми го даде ама више не го користи изгледа. Абе ја купила куќата и на фб и пишува на профил.
И се јавив ист бил бројот Абеја ама поарно да не ја барав ептен беше нервозна. Земала кредит од Комерцијална и ја изгореле каматите . Со Македониј повеќе работа си немала . И така ви кажувам Не бре жени сигурна сум ја купи оваа цело време ја сакаше го фати Али си ја зема. Затоа инаку на крај ќе покажеа како е празна и пуста или новиот сопственик . Што е далеку пологично . Сакаа да кажат не падна во туѓи раце .
Не се мачете за џабе, Ферхи мења броеви ко мажи, е*ате плус стариов и го укинаа, беше у големи долгови да ти кажам, нема пари, ск е усукадија! А за куќата ич да не ми се секирате, ферхи наша премачкана со триста бои, ако не али, ќе најде она друг спонзор, не куќата, абе ИСТАМБУЛ ќе и го купи!
Кој измисли дека Ферхунде ја купила куќата и од каде излезе овој муабет? Куќата си остана така, не видовте сите врати испоотворени, овие излегле, Ферхунде си влезе да се присети, толку. Или мислите дека Хајрие немаше да ја спомне Ферхунде ако таа ја купила куќата? Или Огуз па баш нејзе ќе и ја продаде? Или на Ферхунде некој ќе и даде пари да купува куќи, па еве и Али нека е, баш таа куќа ќе и дозволи да ја купи... И онака куќата еднаш беше на Ферхунде па се виде и тоа каков крај имаше. Куќата остана напуштена, така е најлогично да се заврши серијата ако се има во предвид дека и на почетокот кога дојдоа беше напуштена. Со тоа на некој начин завршија и несреќите на луѓето што беа поврзани со неа.
Е да бе толкава куќа, толкав имот напуштен со отворени врати кој сака си влегува излегува смешки. Куќата беше на продажба ја продава агенција и кој сака ќе ја купи, штом Феркунде чекала пари од продажба на автомобилот очекувано е дека ќе има пари, се вработи, се средија а крајот намерно беше направен така, за да гледачите си направат свој крај на истиот, да си го претпостават идниот живот на актерите, ништо не беше конкретно направено ниту прикажано, и затоа сега по форуми си изнесуваме мислења. Ако беше крај како во шпанска серија, цел серијал трагедии и на крај сите ќе се земат и ќе се знае кој со кого е немаше да биде интересно и реално.
Абе доооста ми ја реметите бе Фецка паааа А за спонзорирање, немаше девојка која не беше спонзоруша на ваков или таков начин во серијава.