1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Абе ти што сакаш викај, агенција, куќата не успеа да се продаде, тие си се иселија, законски, немаат врска со куќата, Лејла не беше во брак со Огуз, не ќе се јавуваат во агенција да кажат дека си одат, па и да кажале овие одма ќе ги испраќаат. Ако е така кога живееја тука последните денови со Али Риза не им стоеја луѓе од агенција нив пред врата. Па и нормално е дека е само серија, и нема се да биде реално, не ни беше ;) Тие се обиделе уметнички да го прикажат тоа. Ферхунде нема шанси да ја купила куќата, да не случајно новиот очув куќи ќе и купува низ Истанбул :D , нема логика, или Али е толку наивен па баш таа куќа ќе и ја купи па за толку краток период. Тие ни врска немаа започнато како што е ред, не фантазирајте :D .
     
  2. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Што научив од серијава ...

    Дека кога ќе влезе гостин трчаш со папучите

    Кога ќе дојде некој домашен или гостин цела фамилија треба да дојде на врата за да виде кој е што сака.

    Комшиите треба да ти ги знаат сите проблеми и дешавки .

    Дека можам на сестра ми да и го земам мажот да побегнам со него и пак таа ќе ми прости и се ќе биде во ред.

    Приватноста е непознат термин .

    Иако бегаш со маж на сестра ти и го оставаш вереникот постои будала ( Џем ) што ќе ти прости .

    Од бездомник може да станеш сопственик на компанија.

    За убиство на криминалец да добиеш 25 години затвор .

    Ферхунде е непобедлива 8) .

    Секој лошко си го добива заслуженото .

    Ќе простиш неверство на сопругот иако длабоко во себе никогаш нема да простиш .

    Имаш милјеце на телефонот :lol:

    Ќе му простиш на мажот ти што имал љубовница и побегнал со сестра ти .

    Наеднаш некој може да те засака ова де затреска иако читав живот не те погледнувал :geek: .

    Рејхан цел живот чекаше принц на крај го зема ѕвеот и пак си е задоволна :!: :wasntme: .

    Може да се живее и без телевизор .

    Луѓето и на 90 години се менуваа читај (Џеврие )

    Има уште ама ај ... :D

    А сега серизозно серијава е доста поучна ама на крај идеш до заклучок дека Семејството е се и покрај се пак заедно се сплотени .
    Што рака на срце не знам баш дали е вака и во реалниов живот . Како и да е одлична серија :up:
     
    На LilBaby, crazylady, LaChiquita и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    АА теси да не ти дава тебе пари ферхи што толку ја браниш, или не уште подобро, да не си ти уствари ферхи! :lol: те нема , те нема оп одма од заседа рипаш а се спомне ферхи ;)
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Хехехе да не беше ти немаше да знам дека е ова серија и дека не е реална, ај немој толку стегнато и остро да коментираш демек сега само ти имаш право другите немаат, остави да си каже кој како си замислува дека завршила серијата, ништо не беше прикажано од тоа за што си коментираме, секој си го замислува крајот како што сака, тоа ми се допаѓа и во играните филмови кога го оставаат крајот отворен без разлика дали ќе има продолженија. Некој може ќе мисли дека не е така како ти што мислиш ама сигурно нема да ти каже да не фантазираш и да не се замислуваш. Па ова е само ебана серија за тоа ли треба очи да се вадат.
    p.s. Е кредит подигнала бе и точка, и колата ја продала и ја купила куќата :rofl:
    И ќе завршам со цитатот
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Новиот стабен кредит на стопанска банка, го искористила сигурно! :) ама пак не и стигнaле парите,ти што напраи, ова не е стан у скопје, куќетина во стaмбол град не се купува со 5 пари, слушна на луѓено 50 000 лири малку им беа и ојдоа у свирипичино назад што би рекла една досетлива феминка ;)
    И де не се муртете одма, амн се посмеавме малце на туѓа сметка, што лошо има во тоа ;)
     
  6. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Да бе, Ферхунде глупава е кредит ќе подига за куќата да си ја купи :)

    :D Де бре што се запали толку, па не биди осетлива мајку му, сум искоментирала остро, пак вадење очи? Како јас тебе да те навредив или да ти се обратив. Полека малку, смирено, серија е, си прајме муабет.


    Да не одам офтопик, Ферхунде не ја купи куќата, нема логика, таа сакаше, ама не може. :) . Немој сега да ми вадиш очи зашто така мислам :tmi:
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Не бре у недојдија отидоа, на крај се поздравуваа како тие што заминаа на бесење да отидоа :D и више нема да ги видат. Ама тие отидоа во наследената куќа зашто нели оваа ќе се продаде и поделат парите, ама па нели Неџла имаше куќа можеше да го остави ајшето со неа, да не оди таму во недојдија на бесење, мало беше.Којзнае на какво место се вратија па плачеа викаа како пред колење у возот. :D

    oktavija јас сум запалена ти само ме разгоруваш уште повеќе :D , немаш срам и осет, којзнае како ќе биде кога ќе заврши тој - кај ми е детето или љубов и казна

    п.с. е ја купи! и точка ставам, заклуч (смајли што вади очи)
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    дека ја заклучи, можи нема да те рчкам, ама да плукнеше онака јако, мислам дека ептен па ќе се сложев дека ја купи! И свирипичино е сега ти недојдија не е интeресно! ;)
    И ајде де шо убаво сега кажа, требаше да ја земе, срам да и е на Неџла, а не таму детето трамуми да доживува во свирипичино ;( И баш кога си одеа како да ги колат, ту мајката, па и свирипичено и место де де, имаат и таму луѓето куќи, работа и се што има стмбол град. Е сеа ја нема Ферхи :( , ама добро де ќе се појави некоја друга слична неа, сигурна сум ;)
     
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Значи колку се приврзав за серијава само....многу ќе ми фали :( секогаш кога ги гледав епизодите се чувствував како и јас да сум таму, како на мене тоа да ми се случува. За глумата на актерите немам зборови, вистински професионалци. Ама синхронизацијата на сител нула :puke: Крајот многу ми беше тажен, се изнаплакав ;( Е ај сега и јас да си кажам по збор два за ликовите:

    Али Риза- Многу ме потсеќа на мојот починат татко. Во смисла-мудростите кои ги кажуваше во текот на целата серија. Голем човек на кој семејството му е најважно, кој се направи за да им остави чисто име, за да ги држи секогаш заедно, за да направи чесни луѓе од нив. Трудејќи се да го направи тоа, постигна контра ефект. Мислам дека до тоа дојде поради големата строгост кон децата( и како што велат кај нас, после децата видоа голем град и како кучиња од ланец пуштени...). Би можела до утре да пишувам за него, ама нека биде само ова. Во секој случај ми се допаѓаше неговиот лик и многу ми беше жал кога умре, барем синот да успееше да си го види... ;(

    Хајрие- Еден од ликовите што најмногу ги мразам во серијата. Абе значи само гледаше да ги омажи ќерките, без разлика на тоа дали им е добро или не. Само нешто уфка-туфка, никогаш не е задоволна. Превртливка голема, и зинал газот за пари,ни сама не е свесна колку. И душата е во состојба да си ја продаде.

    Фикрет- Најстарата сестра која има направено најголема жртва за сите, а никој не ја рецкаше-барем на почеток. Тоа и ја натера да се омажи за Таксин. Силна девојка,која со подигната глава и колку толку храбро ги прифаќа работите за разлика од другите. Тоа се виде и кога го видоа татко им мртов-глас не испушти, тагата во очите и се гледаше. Е убаво се тоа,ама на почеток ко некоја светица ја прикажуваа(мислам таква и е улогата) што дури ме нервираше тоа!

    Шефкет- Ноу комент за него!!! Најглупав лик,заедно со Лејла, но не не,овој нема конкуренција. Значи каков глупак,малер,баксуз,абе се од беља иде еј!!!!! Лесен на памет... и убаво му кажа еднаш татко му, тој нема цел во животот,ниту пак има нешто корисно направено! Па одкако го сменија актерот, уште поодвратен ми стана. Стариот барем можеше да помине некако :D

    Лејла- Што да кажам, главно преземачка на мажи, глупава девојка! Жими оној што не го презема од никого, оној незнам како се викаше,што требаше да се венча со него па не успеа. А другите ги преземаше. Ако помните уште на почетокот кога дојдоа во Истанбул и го презема дечкото на онаа плава девојка, што правеа сообраќајка со мотор. Потоа и го презема дечкото на сестра и.Од колкав град, баш за него се залепи. Потоа на Оља и го презема мажот, мислим хелоооууу!!! Многу е љубоморна,што тоа и самата и го призна на Фикрет сега во последните епизоди. Секогаш била исплашена од конкуренција. Слаба личност што незнае да се носи со проблемите и последиците,па се некој друг и е крив! Покварена е.Никогаш нема да ја заборавам сцената кога и го фрли палтото на Неџла во лице. Ми се чини и мене ме погоди тоа. Лелееее бунда купила и ај го фатила господ за м**а! А да не зборувам колку ми беше одвратна кога молчеше додека брат и скапува во затвор невин. Жално е сето тоа што го доживеа, ама за се што и се случи самата си е крива!!!

    Неџла- Еден од моите омилени ликови. Не целосно,но каде каде подобро се снајде во големиот град од другите во семејството. Вистина е дека се што постигна беше со помош на нејзините мажи, но се гледа дека и самата е способна да стои на свои нозе. За бракот со Али самата си е виновна, но Џем навистина го засака! Во врска со семејството до некаде ја разбирам. Амбициозна е и паметна, после секој проблем знаеше да стане и некако да продолжи понатаму. А не да цмиздри ко Лејла! Не ми се допаѓа што по смртта на Џем, се омажи така на брзина, се претрупа со работа, што ни самата не беше свесна колку е несреќна. Убаво и го спушти Емир муабетот кога беа кај неа! А ми се допаѓа што на крајот одлучи да ја напушти фирмата на Али, и да проба сама да се снаоѓа. Доста храбро и гордо од нејзина страна.

    Ферхунде - Нејзината злоба просто ми ги кинеше живците!!! Убаво тоа што е упорна,храбра,издржлива,амбициозна и разбирам дека имала тешко детство, израснала во дом, била препуштена сама на себе да се снаоѓа, но тоа не и дава право да гази по кој стигне. Работите што таа ги правеше воопшто не ги оправдувам. Змија што секаде сака да си го пика носот и никогаш од ништо не и е доста. Семејството Текин за неа беше спас, но за жал доцна го сфати тоа. Али ок, важно го сфати. Каде и да одеше, што и да правеше, секогаш и недостасуваше тоа семејство, но кога беше таму не знаеше да си ја искористи шансата. Приврзаноста за тоа семејство и се виде и на крајот кога ја гледаше нивната слика. Лоша личност е. Како само и светнаа очите кога го запозна Шефкет и кога слушна дека е син на началник- а какво и стана лицето подоцна кога виде дека состојбата не им е сјајна! Таа дури подоцна го засака Шефкет! Митхат го искористи само за да влезе во куќата, само за тооооаа,па зарем тоа е добра личност?! Се мажи само за да се освети на некого. И единствената пријателка што ја имаше ја изгуби поради нејзината злоба. Дури и мајка и е свесна каква е таа, но ете мајка е, па мора да ја трпи! Е веќе во последнава сезона малку од малку ми се поправи сликата за неа. Ете малку подобра стана. И баш ми беше криво кога глупавата Хајрие и отиде дома и почна да и вика и да ја обвинува за нешто за кое таа воопшто не е виновна.


    Ете толку. :) Доста е.Другите ликови нема да ги коментирам. Само ке кажам дека најпозитивен ми беше меанџијата Ахмет. Секогаш весел, спремен да помогне, абе срцка. Ајше најмала ама најпаметна богами од сите сестри. За Џеврие што да се каже :rofl: она ептен на почеток кога ја покажуваа малку ме нервираше, но после тоа абе животот ми го продолжуваше... :D :rofl:
     
    На tanja6 и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100

    Уф, ме погоди, сега. Зошто? ;( Ме потсети на моментите кога Али Риза им укажуваше на останатите како го повредуваат ;( ;( ;( , кога му ја газеа гордоста, ама ни тој не се разгоруваше до толку де за да вади очи :rofl:

    А тие Каде е казната или не знам што не планирам да ги гледам сега за сега. Немам сила за уште потресни моменти, доволна ми е тагата од Лисјата за Ферхунде, што немаше ни пари ни услови да ја купи куќата на Огуз. ;(

    :)
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Абе пу јаз`к значи, Алириза барем им го остави чистото име ако не друго, ако не куќа, стан, кола, лири, името им го даде, и презимето. :x
    Тој каде ми е керката се викал и нема да трае долго затоа почни да го гледаш, ма да можеш да се уклопиш и при крај. Не знам што се стресе толку на лисјата не беше толку потресно, ете Ферки успеа, им врати, куќата нејзина стана ;) , Али го присвои, се што сакаше и се исполни само нејзе, сеа и бебенце може ќе си имаат со Али, така да развесели се и појди во нови турски авантури. :emo:
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Од каде ви е тоа дека ферхунде ја купи куќата!!! Ферхунде не ја купи куќата, ако слушнавте убаво ќе го слушневте адвокатот каде што му кажува на Огуз дека куќата уште не е продадена. Ферхунде отиде да ја види куќата, зашто немаше лице да се поздрави со цела фамилија кога си одеа, а и немаше да ја примат.

    Ферхунде ја купи куќата и остана со Али колку што Фикрет ја уби Џеврие и отиде во затвор.
    Значи како за оваа серија што се вадеа трачеви тоа чудо нешто. Бре што менатитет ќе бевме !!!
     
    На JuLleE, oktavija, antilla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Ееее сеа па и ти, тоа било на средина на епизода ова со феркунде беше на крај (простор во кој можеле да се променат работите) и никој не може точно да знае кој што направил и дали она на крај не ја купила, може само да си се препираме тука вака беше онака беше.
    А и некако многу несредени беа на крај, стварно беа повредени ама какви ги направиле во фаците како баби, а претходно цело време беа стокмени, нашминкани со фризурчиња.
     
  14. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    значи Ферхунде можеби ја купила куќата зш тоа не се случува баш кога али риоза умре тоа се случи после неколку дена а и не е логично во куќата може да влезе само сопственикот и тој што го има клучот ,а клучот го има сопственикот на куќата и плуц ферхунде сеа има пари за куќата.
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ферхи да дава на некого пари, што ти е на тебе бе :D Не бе, ко шо има Неџла-фанови, Лејла-фанови, јас сум ти Ферхунде фан :lol: Богами не сум Ферхунде, ама им се дивам на тие што се, а верувам дека баеги Ферхундиња има по светов.:lol: То ти е то.

    П.С. Не ставив смајлиња пошо имав проблеми со редактирање, ама немој да мислиш дека озбилно се потресувам за тоа шо „ми ја реметите Феци“,, не сум дотолку внесена па и ти :lol: Поздрав, толку од мене за темава (засега, освен ако не ме фркне некоја носталгија :lol: )
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=cp26ay7haVY

    Текст на Турски

    Yoksun
    Küçücük yüreğim
    Yorgun, çaresiz, yalnız
    Vurunca kapımı aşk her uyandığımda
    Yoksun, yoksun ah
    Her gün bir damla yaş
    Akar yüzüme vurur
    Susunca şehir bak
    Ben burdayım hala
    Yoksun, yoksun sen ah
    Aşk ellerimden giderken
    Duvarların dili susarken
    Ben başucunda ağlarken
    Gözyaşımdaki ayrılık ölümden beter
    Yine sen yoksun
    Yine sen yoksun
    Yine sen yoksun, ah yoksun
    Yine sen yoksun,
    Yoksun


    Превод на Македонски

    Те нема
    Моето мало срце
    Е уморно, тажно, осамено
    Кога љубовта тропа на мојата врата јас се будам,
    Но те нема, те нема
    Секој ден капнува солза
    Низ моето лице,
    Навечер, кога градот е тивок
    Погледни јас сум уште тука,
    Тебе те нема
    Додека љубовта се лизга од моите раце
    И зидовите молчат
    Плачам блиску до тебе
    Разделбата во мојата солза е полоша и од смртта
    А тебе повторно те нема
    А тебе повторно те нема
    Те нема, те нема
     
  17. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    На темава слободнo може да се стави КЛУЧ доста со лисјата та лисјата, завршија готово попаднаа сите :)
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.930
    Допаѓања:
    111.429
    Пол:
    Женски
    Сум ставила погрешно видео. Сега е таа песна.
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    А шо има врска кој ја купил куќата кога серијата е завршена ? :) Да има продолжение па ај да нагаѓаме , ама вака , нема смисла :)
     
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Нашиве `преведувачи` на крајот кога умре Али Риза изглумија многу глупаво, вештачко, ич не ја доловија атмосферата. Оргиналот е многу многу поубав.

    И, ме изнервира Ферхудне кога му рече на Али дека `Неџла не е жена што дома ќе седи и ќе чува дете`, дека ќе и го земел тој детето потака....