јас не ја гледав последната епизода. ќе сака некоја да ми каже што се случи (само знам дека али риза умре) за ферхунде ме интересира најмногу. да не пронајде нова жртва?
Искрено, малце глупо ми заврши. Очекував некој подруг крај - не знам каков, ама не беше она што го очекував. Се’ на се’ добра серија - прикажан реалниот живот, а не бајка.
Мислам ја дадоа на предпоследната сцена кога куќата ја даваа празна а таа плачеше во собата што м беше како дневна држејќи слика од семејството Текин, сама. Онака како што и сакаше,нели му викаше да се пресели со шефкет да бидат сами,ја сакаше куќата ете и ја сега,празна без ништо.
A кој па сака да живее у заедница жити се'? Никој. И таа беше дел од тоа семејство и имаше нели право да дава сугестии за подобар дом, а не толку шо се увредија ко им рече „куќава смрди на мувла“. Па реновирај бе човече лее, a не крени го носот ауу како можеше... (и пак пишав на темава )
Лејла и Неџла беа размазени до немајкаде, но Лејла беше татино галениче за се нешто одеше кај тате да плаче, се сакаше да биде по нејзино и болна беше за внимание, најмногу ми се изгади кога се омажи за Огус, виде пари почна да се занесува, покрај онаа сцена со палтото, ја памтам и онаа кога беа на прославата на Седеф додека беше модел, па Неџла нешто и се приближи да и каже, а таа не гледајќи ја ни во лице дрско и вели : НЕ МЕ ДОПИРАЈ! абе остај принцеза, како да не дошле од една иста утроба, па после Неџла се срамела од семјеството, мислам таа само им врати за се оддалечувајќи се од нив. Сепак најзапоставени беа Фикрет и Неџла, а Фикрет да не се кажува најгазена беше, а воедно најпримерен лик од сите во серијата и Седеф иако малку детинеста но беше супер и најубаво доживеа од сите, ептен за мерак си го среди животот. Ферхунде ми е лик пример за добро и лошо, јака личност која ме фасцинира со нејзината амбициозност да дојде до врвот, за што навистина успеа, да секоја чест, но амбициозноста која во многу случаи ги преминуваше границите ја доведоа и до дното. Од нејзиниот лик има доста да се научи. Шефкет пример за работлив и амбициозен маж, искрен, но премногу наивен. Огус физички убав, внатрешно гаден, маркантен и амбициозен кој за да добие се во брзо време игра нечесни игри на безчувствителен начин, без трошка совест, совеста го загриза само кога го уби мафијашот и кога ја остави Лејла.
Истото и јас го викам цело време. Не го покажаа за џабе тоа со Огуз и со адвокатот. А Али бракот со Неџла не го сфати сериозно, на Ферхунде ќе и купува куќи, и тоа која куќа... Бебе? Тебе ќе те биде за режисер ама на класични јужно-американски сапуници, може да те земат таму, ништо чудно. Па ни таму никој не купува огромни куќи преку ноќ, а до пред неколку дена едвај врзувал крај со крај. Ако, затоа викам да те земат, ќе им внесеш новитет, ќе им ги освежиш тамошните серии Абе ти не ме разбра изгледа, не се секирај за моето расположение, само викам дека нема да ги гледам другите турски серии затоа што сум се уште погодена од Лисјата и од фактот што Ферхунде не ја купи старата куќа на Текин. Крај.
Знам дека многу пати се поставувани песните од серијата, ама не можам сега да ги вртам страниците и да барам. Ќе може линк од таа што најлесто се пушташе, нешто јарареј јарареј се пееше
http://www.youtube.com/watch?v=elIMx3t- ... re=related Оваа ти е истата песна само во побрза верзија http://www.youtube.com/watch?v=mzOMDrDFn6o
Најдобрата серија што сум ја гледала! Само оваа серија успеа да ме расплаче на крајот ( на никој филм не сум плачела ниту пак на Титаник, а другарка ми цело езеро може да ти исплаче на Титаник.) И да ја даваат пак одпочеток би ја гледала и никогаш нема да ми е досадна. Многу поучна серија е и се пронаоѓаме во ликовите, едноставно се соживеав со нив. http://www.youtube.com/watch?v=CECHrQg_kKc а оваа песна е посебна, на крајот што ја дадоа кога Фергунде беше сама во куќата.
Добро бре Ферхунде НЕ ја купила куќата како да не таа ја КУПИ еве и зошто ! Дали само јас ја гледам огромниот ЖОЛТ ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА со број на телефон ? ! Ако не можела да се продаде , тогаш кој полов орган ќе има оглас ? Втора работа на крај ... Куќата беше ПРАЗНА без ништо во неа ако беше задржана од државата или што ти ја знам тогаш ќе требаше да има нешто а како трето ќе немаше пристап до неа а најмалку за Ферхунде !!! . Таа одсекогаш си ја сакаше таа куќа , после тоа си остана со Али и оп ПАРИ . Куќата се продаде и од тоа се поделија парите тоа Огуз ко кажа кога праша за Џејда . Ете така .... Е сега ако знае некој од кај можам да ги спуштам песниве особено важна ми е онаа постираната на Тереза добро ќе биде да каже ...
леле па не испадна добро...али риза се напред одисе и се борисе за синот на крај да умре али се несто турскиве серии вака заврсуват...
Во истиот тој разговор со адвокатот кога ја спомнаа Џејда, тој му кажа на Огуз дека куќата воопшто не се продава Задржана од државата не може да биде, куќата си е на Огуз и негова ќе биде се дури не се продаде (освен ако тој нема други легални проблеми и долгови, а колку што знаеме ние немаше). А Ферхунде тешко дека дошла до пари за толку краток период. Плус огласот беше тука и кога беше жив Али Риза, а куќата не беше продадена туку СЕ ПРОДАВАШЕ. Мене ме нервира тоа што не разјаснија други работи, како на пример што се случи со куќата каде што живееја Огуз и Лејла, таа што после и ја препиша неа? Да не сум пропуштила јас нешто, или ништо не кажаа што се деси со таа куќа?