Еееејј да бе да, и ја тоа го имам забележано... Се некој нема пари а куќи купуваат ли купуваат гајле немаат. Трпезата секогаш полна со по 300 јадења. А работа па колку лесно наоѓаат, доволно е само да посакаат и веднаш некој ги вработува. А ние јаднички тука мора книшки или врски да имаме за да работиме Смешки
А да се ставеше клуч на темава ?? ИЛи следно ќе разглабаме со какво фигаро ги правела Лејла локните и со кој чешел Неџла се тапирала!!!
Ненке не биди расипувач на забави. Па мора малку и да разглибаме, сепак три години, ако не се лажам ја влечкаа серијава , и до фигарото ќе стигнеме, чекај па ти многу брзаш ... уствари ако подобро размислам ни даде на насока како да се развива темава и дискусијата. Он топик.... колку ми фали Џеврие , е женава закон беше, мене ми беше меѓу омилените ликови, мислам дека би сакала да си имам една ваква дома , ама нема да вртам очи и да преќутувам како Фикретка, колку само би ни било забавно можам да замислам
Зооошто бе клуч? Што смета темата? Нека си ја, баш убаво си коментираме од време на време, си се потсетуваме на интересните сцение у ЏЕВРИЕ секако
Една беше Лисјата. Ги гледам и новиве, ама во споредба со оваа серија, се нула. Пак си ја гледам на Хајат
Јас еве сега гледам епизоди од последната сезона во Бугарија,што ги немам гледано,што ги пропуштив...многу се жални бееее Ептен ја сакам оваа серија(и 1001 ноќ исто) Многу ги поштовам. Сега еве во оваа епизода,Шевкет ојде во затвор,а Али Риза остана инвалид Ќе си ги гледам до крај...
е па дури си имаме и ние во Македонија лисја и комшии нема клуч видете зошто ! http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=23
Серијава од време на време онака ќе ја погледнев,ама никогаш не сум седнала специјално за да ја гледам.А и многу сум среќна што заврши (затоа што ми се има случено многу пати искачаме и сеа една иста другарка постојано ни вика не не,не идам ја вечер има лисјата ) ама фала богу заврши веќе
серијава е многу интересна и понекад не ја гледав пошо немав време но најинтересна ми беше Џеврие хахаха многу беше срцка жената..
Драган Вучич со актери од Кога лисјата паѓаат Eве го и со Полат Можеби ќе добие улога во Долина на волците