Ова ми е серија за сва времена значи се беше одбрано и класирано под ред, од глумец до дејство до глума до се опседната сум со овај филм, сеуште си го гледам од почеток и до крајот на животот мислам ќе го гледам уште неколку пати
Yine ay doguyor - повторно месецот излегува yine gunler uzak - деновите повторно се далеку uzanir geceler ah huzune - тагата се шири во ноќите dolanir uykudan sabaha -залудно лутам до утро gunler geciyor - деновите минуваат bana hersey uzak - мене се ми е далеку dokurur yeni bir yaprak daha - паѓа уште еден нов лист vururken yuzume sobbahar - есента ми удира на лицето Преводот
серијава е нешто најдобро што сум го гледала од турки серии и мислам дека така ке остане пример од реланиот живот .....уште милион пати ке ја гледам и нема да ми досади
Кога Лисјата Паѓаат беше прва турска серија што ја гледав. Релативно добра. Омилена ми беше Ферхунде, јас по негативните некако, а ја мразев Неџла бидејќи беше разгалена. И смешките со Џеврие вредеа.
Карантина пуста да остане, пак почнав со серииве. И сакам да кажам дека Фикрет све си заслужи што ѝ дојде на глава. Све. Што ѝ правеше на Ферхунде кога ќе ми текне, како ја понижуваше пред Седеф, а знаеше дека Седеф го сака Шевкет. Еднаш Ферхунде (со право) ѝ рече на Седеф: ,,Ама, нели е срамота мене дадо ми викаш, а на Шевкет бато не му викаш'' , на коешто Фикрет ѝ рече ,,Па и тебе нека те вика Ферхунде.'' Па драми, па или она или ја, ради неа избега сцени...на ти усисај не знам шо Џеврие за све ѝ наплати ич не ми е жал. Ферхунде... жално што жена со толкав потенцијал налета на бербат фамилија. Од Огуз се бетер. Душичка, од дете желна за семејство, самата толку тоа го збореше, а сите како ја шиканираа. Хајрие жими ќерко шо ѝ викаше. На Фикрет Дениз ѝ го исчува детето дур дремеше на телефон, или трчаше у Стамбол при секој трач. Другиве не ги коментирам. За сѐ што ја осудуваа Ферхунде им се удри од глава.
Ама и Ферхунде не беше цвеќенце, и таа се рчкаше со сите и им правеше сплетки во семејството...самата си е виновна што остана сама на крај, всушност таа беше гладна за љубов и семејство, ама на вагата повеќе натежнуваше нејзината жед за сплетки и аздисот по пари... И иако беше негативец, жал ми беше кога на крајот отиде во куќата и седната на земја плачеше држејќи ја во раце сликата во рамка од цело семејство Текин...
Доста истрпе Ферхунде според мене. Сите дистанцирано се понашаа, Фикрет најлошо. Не се ни поздрави асално кога се упознаваа. Арно ѝ викаше Хајрие со тој змиски јазик дома ќе останеш. Али Риза не се симна на свадбата. Кутрата како нула ја третираа. Од што многу на големо се фалеа како нивните деца се светици во споредба со неа, жената им покажа какви се уствари На Нехир и Седеф ја оговараа. Седеф дежура на прозор, го зјапа Шефкет при Ферхунде до него. Во многу позлобна куќа влезе одошто е лоша самата. Направи глупости, точно, ама душата со памукче ѝ ја извадија, арно истрпе. Џем они го цркнаа, ко црна чума се. Све викаа мрзлива мрзлива, све она служеше гости кога има. На Фикрет поќеркана Дениз слугинка стана у таткова куќа. Логика не работи кај фамилијава, ако те нејќат - те нејќат. Ти најдобар биди. И обратно. Митхат колку им правеше чест, Али Риза дури ,,газда" го викаше, кога видоа колку убаво се сложува со Џеврие одма спушти Хајрие: ,,Џеврие намерно е фина со него зашто ние го нејќеме." Шо има да му нејќете бе? Шо не ви даде ем пари ем куќа, е кај го има тоа? Седеф ја сакаа, на сите прљавштини замижаа, од тоа подмукло запознавање на Огуз со Неџла до пробување да растури брак на симпатијата со којашто пак не се зеде. Ферхунде бар не се праи светица. Ферхунде налета на бербат фамилија. За неа некој како Јаман само. Да ѝ даде дом,но и материјално достојно да се носи со неа. И Левент ѝ беше грешка по мое. Откако Јаман се разведе од Џејда може него требаше да го лови.
Како подмукло Седеф ги запознала? Зошто јас мислев Седеф многу е добра, одамна ми е гледан сум заборавила?
Јас разбрав пон-пет, 16.30. Ќе ги гледам само првите епизоди, оти тогаш не ја почнав од почеток, ама цела да ја гледам, нема шанси....многу беше долга.... Ова беше прва турска серија која ми беше интересна....тие пред неа не ми привлекуваа внимание ич....
Сега кажете дали Алфа ги синхронизира турските серии, и по колку трае епизода на тој канал? Ги цепкаат или ги пуштаат цели?
Најдобрата турска серија без сомнение и музика и атмосфера, се. Вчера видов дека уште од прва епизода го задржувала вниманието. Не знаев дека Али Риза бил градоначалник на Трабзон Чесен во политика, хмм....малку нереално. На Фикрет “стилот“ не го можам, можеби ќе претерам но дури и мајка и подобро се облекува од неа Неџла итро делува како за 18-19 годишна. Лејла е поглупава.
Пред некој ден ми текна на серијава. Си мислев колку е предобра и неповторлива. Пак би ја гледала без сомнение. Ферхунде ја обожавав и иако не сакам надсинхронизација Гордана Ендровска е совршена за нејзино покривање (како што беше на А1). Дали е и тука?
Ферхунде не се појавува во првата епизода и уште не го чув гласот, но не верувам дека Гордана Ендровска е ангажирана за сериите на Алфа. Сега надсинхронизира во канал 5 (Азиме во Една е мајка). Инаку истата го позајмуваше и гласот на Седеф на а1, само многу го преправаше , а овој сегашен глас на Седеф слично звучи како тој тогаш, ама мислам дека не е таа. Од гласовите единствено Владо Јовановски го препознав (Али Риза), другите најверојатно прв пат ги слушам.
Сум ја слушала Гордана и на серии на Алфа, мислам за серијата Моето име е Фериха. Е сега, бидејќи ги гледам тие на Сител, не и на Алфа и Канал 5, па не знам каде и како е ангажирана.