^ Крајот никој уште не го знае. Сеуште се снима серијава. Јас на турска го гледам даваа дата кога ќе бил крајот ама дека не го разбирам јазикот не разбрав кој месец ќе биде крајот.
Лејла е себична љубоморна ме нервира , како татко и и прости неа така и на неџла ,крај краеви па и неџла прва беше со огус она и го превзема . Глупача ме нервира
Нема поубава серија од оваа. Неможам да и се изнагледам. Некако премногу ми е реална, и блиска до нашиот менталитет, не за џабе сме биле под турско ропство 500 години де. Се соживувам со ликовите, глумата им е прекрасна и тн и тн... Инаку на нивната официјална страна има едно клипче, мислам дека е од последната епизода и таму видов дека Spoiler Лејла е трудна, Огуз е таткото, Али Риза е во инвалидска количка, а количката ја туркаше никој друг туку Огуз , Неџла е богата, Фикрет има бебе од Таксим и така натака...
Јас го сакам Јамаааан Најубав ми е Spoiler Неџла ќе биде со Џем и ќе биде богата, ама после он ќе умре.. А Таксим и Фикрет ќе имаат бебе, ама Таксим ќе ја изневерува Фикрет.. ( Мене така ми имаат кажано )
Значи оваа Лејла колку ме нервира! Сите проблеми од нејзе започнаа, и простија, а сега ќе љубомори!! И тоа што го направи Неџла не е во ред, ама Лејла претерува!
Лелеее, штом Таксим ја изневерува Фикрет, толку добар, заљубен и повлечен човек се ми е јасно за маживе... Се извинувам за оф топикот
Еј, сега прочитав дека „Кога лисјата паѓаат“ е серија базирана на роман од турскиот писател Reşat Nuri Güntekin, напишан во 1939 година...хммм интересно! да се вратам на топикот не испуштам ни една епизода, а со душа чекам да видам што ќе се случи со Фикрет и Таксин...нив најмногу ги сакам...и така...поздравче
Во Турција серијата започнала да се емитува во 2006 и до ден денес уште трае, последната епизода таму ќе биде на 29 декември, серијата има 5 сезони што значи кај нас ќе заврши здравје боже за 2-3 години Spoiler Инаку, Огуз во приватниот живот бил зависник од алкохол, а Шефкет бил принуден да ја напушти серијата поради злоупотреба на дрога , но бил на тарапија се излекувал и сега глуми во друга нова турска серија "Љубов и казна" Ова го прочитав во едно наше списание... ( не кажувам кое да не испадне реклама ) Може малце оф- топик беше ова али ајде
А за Огус не ме чуди, толку ми е дебилен и одвратен блл Јас сакам да прашам зашто еднаш кога Али Риза се потсетуваше кога заедно работеле со Огус, овој му рече ќе видиш како ќе ти се растури дрвото како ќе му паднат лисјата и што сакаше да каже со тоа, од кај знаеше он дека ќе му паднат лисјата на Али Риза, првите неколку епизоди не ги гледавпа затоа мн ме интересира ако може да ми одговри некој. И бај д веј нели они дојдоа во Истанбул за да студира Неџла божеее, зар неможе само неа да ја пратат да си студира ко секој нормален човек па се влече по неа цела фамилија, хахаха мн ми е смешно ова
Огус го кажа тоа во друга смисла, дека ако нема пари родителот, нема со што да ги храни и тие ќе почнат да паѓаат како лисјата од дрвото. Али Риза му велеше дека пари треба да се заработуваат само на легален начин, а не како Огус со правење зделки. А мислам дека се преселија заради куќата, а и да избегаат од Селим, вереникот на Фикрет што беше, за таа полесно да го преболи А колку и да се правиме напредни и про западно ориентирани, сепак важно е мислењето на народот за секоја личност. Барем на Балканот е така. Само личност со премногу силен карактер може да ги издржи сите осудувања на околината, како на пример тоа со Лејла што се случи, па и сите дешавки на фамилијата Текин
Да така е на Балканот, и ништо лошо да не напраиш те гледаат настрана и со презир, а не па да напраиш нешто големо! Ама луѓево во серијава преголем акцент имаат ставено на тоа. Исто така сакам да кажам дека многу ме нервира овој Џан, наместо да си гледа жената и детето му лета паметот ко на пубертетлија, многу ме изнаервира кога девојчево му рече да и чита приказна а овој и вика чекај неможам за да чуе жена му што збори на телефон со Лејла, а и таа па толку и фали ќе се зацапа и Џан, смотана памет не и иде!
Јас таа реченица на Огус ја протолкував вака: Али Риза ја одби зделката која му ја нудеа заради тоа што чесно заработува цел живот и така ќе прави и понатака.Но Огус сакаше да му каже дека во денешно време од чесно работење нема никогаш да заработи толку пари и живеејќи во скромност децата нема да можат да си дозволат излегувања,разни дружења и едноставно да си приуштат се што сакаат.И кога еден ден ќе стапат во контакт со суровиот свет,кога ќе запознаат некој (во овој случај него) богат,убав,како кучиња пуштени од ланец ќе побеснат по него,лесно ќе бидат примамени од целиот тој луксуз и ќе станат многу наивни.Како што и сега им се случува.КОга лисјата паѓаат - децата се двојат од семејството (стеблото) и тонат или паѓаат во животот не знаат да се снајдат сами бидејќи цел живот биле заштитувани и чувани во стаклено ѕвоно.. бај д веј го сакам Огус.Многу ми е убав! Ама карактер бљак!