Исто и јас. Колку само поразлично сум ја сфаќала серијава.. Хајрие и Али Риза само си префрлаат за нешто.
Неџла испадна полоша од Лејла. Кога ќе избега со Огуз, Лејла мислам дека ќе се мрдни психички и таква ќе е некое време. Иако на крај навидум беше среќна во бракот, повеќе ѝ беше за парите. Неџла и Огуз ќе сакаат да избегаат Германија ама безуспешно, ќе ги запри полиција на аеродром за тоа што сега се случува со сметките на Огуз што го разоткри Јаман (а Ферхунде го потпали огнот откако Огуз не и даваше пари веќе). А Седеф ќе биди среќно мажена на крај ако не се лажам. Најмногу ми е жал за Фикрет во моментов, секакви срања трпи од сите и мора да молчи за мир в куќи, а знае сѐ скоро. Ради тоа ќе се омажи со Тахсин, само колку да избега од дома.
Жената ги чисти, ги пере, им готви, им мести софри и тие и се дерат цело време или и викаат дека им била љубоморна на мажите. Крива е бидејќи им ја кажува вистината во очи. И Хајрие како лошо се понаша со Фикрет, како да не и е ќерка, се завеала по паметот на Неџла и Лејла богати зетовци да земе и да ги обогати. А Фикрет нека и ја чува Ајше како нејзино дете да е..
Не разбрав зошто и ја раскинале свршувачката на Фикрет претходно? Многу ми е жал за неа, се прашувам некогаш дали би ја имала истата храброст да сум на нејзино место.
Мислам дека заради тоа што семејството на вереникот тогашен било вклучено во некој скандал, и Али Риза нормално не ја оставал Фикрет да оди со човек од такво семејство. А се сакале навистина, тој ја побара пак на почетокот, и таа потоа ко го виде со друга плачеше.
Spoiler Али Риза не престанал да ја сака пејачката чија плоча ја слуша. Хајрие понатаму од љубомора ќе ја искрши. Мене порано ми беше возбудлива врската помеѓу Неџла и Огуз сега ми е безвезе. Сфатив колку Неџла го прави ова за инает од сестра и, а Огуз за да се закача со Али Риза, што ќе се покаже во последната сезона Spoiler кога Али Риза болен ќе му падне во раце Неџла ми стана одвратна затоа што се обидуваше да ги одвои Али Риза и Лејла, откако се и простија. Сега гледам дека од порано си била одвратна, од татко и зема пари за да побегне со зетот, кој безобразлук. Хајрие на Огуз манијакот му се обраќа со “синко“ Таткото на свршеникот направил некоја проневера злоупотребувајќи го името на Али Риза кој бил градоначалник. Кога дознал, Али Риза од срам се пензионирал, а Фикрет сама ја раскинала свршувачката, немало потреба да и се рече.
Може ли некој накратко за сите деца на Али Риза да ми каже што ќе се случува натака? Бев дете кога се емитуваше, ја гледав, ама ништо не паметам.
Прескокнаа повеќе сцени. Џем се степа со Огуз, семејството на Неџла ко беа кај Џем и дознаа што се случило од родителите негови, Неџла и Лејла ко се караа дома пред Неџла да избега со Огуз и ко ѝ го фрли палтото, Лејла ко плачеше и ја зедоа в болница..
Вчера нели имаше прекин, имаа проблеми од тв? И пишаа известување дека денес ќе продолжи. После тоа ако го дале тоа е друго..
Леле, да и јас така мислам. Таа како да им е мајка на девојките, а Хајрие не е способна еден ручек навреме да зготви. Кога Ферхунде не сака да и помогне е ок, а кога Фикрет излегла да пазари, Хајрие збесна и вели „ахх Фикрет каде си, ќе видиш ти“. Фикрет и така рмба и е домаќинка, така што само реши да смени средина, а обврските секако ги има. Кога и рече Хајрие „ти си љубоморна на девојките“, уууф ф коса на глава му се крена, демек не си мажена, оа си љубоморна, а тие не се омажила поради нив. Хајрие е лакома за пари. Иако знаеше кој е Огуст, се смешкаше кога Лејла и даде пари. Добро и дојде. И даде нешто ситно, а оваа пресреќна.
@Tanjamm затоа Хајрие ја истепа Неџла кога ги виде со Огус па рече дека никој не требало да знае. Се правеше дека сѐ е океј бидејќи не сакаше да се разделат Неџла и Џем, а семејството на Џем се богати луѓе. И за Фикрет кога се омажи прво праша дали сопругот бил финансиски ситуиран. Мислам дека отсекогаш ги учела ќерките да бараат пред сѐ богати мажи. П.С. Ја третираше Фикрет ко ѓубре во последно пред да се омажи, сега плачи по неа ѝ недостигала.
Огуз се вика, тоа е стар турски збор и име. Цел народ се нарекувал така. https://en.wikipedia.org/wiki/Oghuz_Turks
Оваа серија ја имам гледано како помала. Тогаш многу ги сакав Неџла и Лејла, затоа што тогаш гледав која е најубава. Не само јас, поголемиот дел на таа возраст гледавме така. Сега поинаку гледам на работите. Сега Лејла и Неџла многу ме нервираат, посебно Неџла. Ферхунде ми се допаѓа како глуми, но нејзиниот лик воопшто не ми се допаѓа. Се согласувам дека нема никакви манири, култура и морал, ама таа не е виновна за тоа. Таа го изневери маж ѝ со Шефкет за да биде со него. Ми се допаѓа што на крај ќе стане добра. Шефкет ми е многу глупав. Ферхунде го лажела дека е сингл, а тој ѝ простил, па и се оженил за неа. Хајрие за мене не е ни М од мајка кога го понижува нејзиното најстаро дете (Фикрет), а им се восхитува на Лејла и Неџла што се омажиле за богати луѓе. Материјалистка! За Али Риза многупати се прашувам во кој век живее, ама добар човек е. Фикрет беше прва што се спротистави за тоа Лејла да се омажи за Огуз, иако е конзервативна. И мене ми е многу жал за неа што како слугинка ја третираат. Џеврије ми беше најинтересна. „Си отиде, си отиде, нема да се враати!“ Еве ви нешто смешно зашто сум повеќе по смешките отколку по реалните сцени:
Хајрие е материјалистка. Лејла и Неџла исто, ама на нос им излезе. Кога дојдоа во Истанбул, тие први се вртеа и гледаа кој како се облекува, сакаа да бидат модерни, да имаат телефони, а Фрикрет не се занесуваше по сите тие материјални добра. И Али Риза е виновен, затоа што тој пред се му е важна честа, но честа пред другите, а инаку и тие испаднаа нечесни. Во право беше Фикрет, да не се омажеше Лејла со Огус, ништо од ова немаше да се случи. Ама на Али Риза му беше важно да не го озборуваат, а сега двојно повеќе штета ќе направи. Фикрет ја потценуваат како да никогаш нема и не може да се омажи, а всушност тие се виновни затоа што беше несреќна. Наместо да си го гледа животот, таа им служеше. И Али Риза како да е од минатиот век, навистина. Но, сепак е добар човек. Хајрие постојано му се жали дека немаат пари, а ништо не му помага на човекот. Шефкет е наивен.
Јас не ја сакам Фикрет, толку е опседната со фамилијата што се упропастува себе. Али Риза и покрај сите грешки ми е омилен лик и никогаш не мислев дека е строг како што велат многумина, напротив, проблемот со него е што е попустлив. И Неџла ми беше омилена затоа што ми е симпатична актерката, ама после некои постапки ликот ми стана одвратен. Кога ќе стане сопруга на Џем, неговото семејство ќе бидат ладни спрема неа и таа за тоа ќе се лути и ќе префрлува Нема образ, Лејла и Али Риза ќе и простат, а таа ќе сака да ги раздвои. Ферхунде си ја сакам, иако понекогаш не е во право.... сега приметувам дека и таа се однесува по малку малограѓански. Ферхунде на стари години би се претворила во Џеврие. Премногу е љубопитна, отворена и само нешто дофрлува. Ама да не беше таа, не ќе беше интересно. И снаодлива е, се може сама. И одлично изгледа. - Зошто седите сам тука, тато? - Го гледам дворот. - ...Ако, гледајте го. Дијалог на ниво
Сите се виновни што Шефкет украде пари од клиентот. И тој самиот е виновен. На сите им требаат пари, ама само Шефкет и Али Риза носат пари дома. Сестрите наместо да се тепаат за безвреден маж, можеа да работат и да помогнат на семејството.