Леле, кај го нашле тој дечкото на Дениз, никаков. А и каков ќе биде возрасен што трча по 16-годишни девојчиња. Нема вкус таа.
Стара серија која преку многу заплетки ни даде една поука, а тоа е дека во селата и помалите градови луѓето некогаш живеат подобро, одошто во големите метрополи. Стигнаа во Истанбул и постепено секој си фати свој пат, гледајќи се на разни идоли и примери. Никој не остана доследен на својата чест. Сите истата ја погазија ради пари, освен Фикрет која ми е омилена и ми е жал што на крај и на неа целата доверба ќе и биде срушена. Не го заслужи тоа.
И јас пак почнав да го гледам на алфа, доста поучен филм..и доста работи може човек да научи од оваа серија
Али Риза можеби не е во право за многу работи, но едноставно ако го слушаа, ако учеа, беа вредни, чесни, ако стоеја настрана од проблематични луѓе, ништо од ова немаше да им се случи. Мене ми е поучна од аспект дека чесноста и моралот не излегуваат од мода, и дека тоа е правилниот пат. Џабе се парите ако на крај завршиш во затвор, како Огус на пример. Џабе е фалењето на Лејла кога многу брзо падна на дното. Од ликот на Фикрет, колку и да е старомодна, сепак можеме да научиме дека трпението е исто така една добра особина. Трпение, толеранција, смиреност. Некои ја пофалија Ферхунде, но таа е злобна, негативен лик. Се омажи со Шефкет бидејќи лажеше, манипулираше. За неа Шефкет е привремена станица. Таа цело време гледа што се случува, и фаќа сеир, па и ги подбуцнуваше Лејла и Неџла да се тепаат за исти маж. Кога и рече на Неџла „ ма ајде каков е тој бакнеж со Џем, не е исто како со Огус нели?“. На другата и велеше „гледај си за тебе, Огус тебе те сака“.
Шефкет е многу глупав. Ако сакаше да заработи, требаше да се поврзе со господинот Јаман како што му понудија, ќе имаше грб од помоќен човек и не ќе го откриеја. Вака сам се впушти во криминал тој смотан. Виде дека жена (Ѓулшен) почнала да заработува повеќе од него и го фати бесот. Се срамеше заем да земе од женско, таа му понуди пари, тој не прифати, а директорот кога му понуди, не го одби. На Ферхунде не и дозволи да работи кај Јаман за висока плата. За Седеф да не зборувам, почна да размислува за неа откако му призна дека го сака, пред тоа не ја земаше предвид. Сега кога ќе чуе озборување дека имала момче, се лути. Му годи на егото што го сакаат настрана, да има нешто на располагање. Слабаци се децата на Али Риза. Затоа што кога ги советува и воспитува, се им кажува во завиена форма, одмерено, индиректно. Не е ни малку остар. Само оваа Фикрет е поинаку истерана, ама таа е уништен потенцијал. Требало за себе да се залага наместо за фамилијата. На пример, да запнела за факултет.
Јас па се си мислам дека Јаман ја почестил Ѓулшен затоа што го откри Огус со сметките, му даде се што треба и тaa си купила ѓердан. Не мислам дека е од акциите, но таа нормално дека нема да каже. Друго, Ѓулшен има само мајка на која и помага, не е како Шефкет со цела фамилија на грб. Не е исто. Нормално дека ќе и останат пари нејзе. Фикрет мислам дека е најблиску карактерно до Али Риза. Но, тие ја имаат уништено. Инаку, колку што знам од серијата таа е невработена учителка. Има факултет. Дури нели му помагаше на Али Риза со преводи. Лејла и Неџла тотални пропалитети. Не знам како Џем ќе ја прими назад Неџла. Семејството на Џем е ниво за нив. Богати, но кога им снема струја оти не ја платиле, дечкото не им се смееше, ниту ги потцени.
Ќе им се роди дете, па ќе отиде во кафана и ќе најде пејачка љубовница. Фикрет ќе си замине дома со детето, а Џеврие ќе отиде да ја среди пејачката. „Имам снаа алтан мори еј, го гледаш ли бастунот“, така и рече.
Фикрет останала без факултет, баш вчера му раскажа на Тахсин дека не се запишала за да ја чува Ајше бидејќи мајка и се разболела. Не го спомнаа тоа прв пат. За Ѓулшен сите видоа дека заработуваше на берзата, не е поентата дали парите кои ги вложила ги добила од Јаман. Шефкет го фати беснило кога виде дека таа прави пари, и почна да краде.
Али Риза ги растел децата под стаклено ѕвоно, им го раскажувал светот со розеви очила. Па кога дојдоа во Истанбул збеснаа одма, фатија работа со луѓе што видоа дека се наивни и ги искористија. Претпоставувам и во Трабзон не им било дозволено многу да излегуваат и да се дружат. Освен Фикрет што остана така приземна, другиве летнаа в облаци. Да беа малку како неа другиве деца немаше да му се случи ова што му се случува.
Не, не јас мислам дека таа си купила ѓердан со парите од Јаман кои и ги дал во знак на благодарност, ја почестил. Сите коментираа дека и се од акциите. Но, Шефкет не требаше да збеснува и да краде.
Уште колку има до крајот? Се мислам уште малку. Дали помина половина? Памтам на два дела ја даваа на А1.
Серијава ме навраќа во времето наназад кога носевме фармерки со низок струк, имавме мобилни телефони со копчиња и косата ја шишавме на степен... Убаво е да гледаш стари серии ќе направиш временски споредби.
Шефкет колку прост испадна. Ем краде, ем мисли дека нема да го фатат. А Ферхунде го охрабри да си краде, нормално тој ќе оди в затвор.