Овој Шефкет бетер од Неџла глупост направи. Има психички проблем, не за џабе си се нашол со Ферхунде. А семејствово ликува што Огуз е во затвор, само не знаат кој ќе дели ќелија со него.
Колку ме нервираа вчера ја прашуваат Фикрет дали го сака Таксин и дали ќе направат дете. Кои глупости. Девојката се омажи на слепо за да избега од дома, а тие па дали го сакала? Ферхунде го тера Шефкет да се коцка, а и Лејла сакаше да ја поттикне да се гледа со адвокатот. Али Риза и Хајрие колку се прости. Како не им стана сомнително дека во хостелот примаат само студентки.
Ферхунде можеше да се спаси дури беше в банка. Човекот со неа немаше да можи да направи ништо против обезбедувањето, плус ќе пријавеше в полиција и ќе го издадеше Огус.
Утре Огуз ќе ја претепа Ферхунде. Многу епизоди има серијава, не ми се гледа баш вака по втор пат, ама ја пуштам од носталгија.
Цимери во ќелија, да. И оној што го избоде Огуз ќе стане најдобар пријател на Шефкет по излегувањето од затвор.
И Фикрет претерува во грижата за своето семејство. Да ја носи Неџла во Ада Пазари додека да закрепне. Од што да закрепне? Од ашикување? Заборава каква е Џеврие. Плус кога Фикрет се омажи за непознат човек само за да избега од дома, сите се лутеа им забила нож во грб, а тие еднаш не ја прашаа како и е?
Оваа Лејла нема две чисти. И најдоа работа да му биде асистентка на Јаман, во таква огромна компанија и таа се лути и и љубомори на Неџла. Многу детско и незрело размислување има, не знам што очекуваше кога им рече да се врати дома Неџла, дека ќе ја камшикуваат и со камења ќе фрлаат по неа? Исто така и со тој адвокатот требаше да прекине контакт кога за малку ќе се бакнеа, а не сега да се прави наудрена и на жена му да и набива нож во грб. Фикрет е посебна приказна, не знам како планира со ваков инает и без никаков компромис да тера брак. Таксин и признава дека ја сака а таа не може да си ги искаже чувствата, па ќе тропне некоја глупост како -Сакаш да ти ставам чај?, Одам да им спремам доручек на децата, на сред важен муабет. Ако планира да седи кај семејството додека да ги решат сите проблеми и им поминат сите тешки моменти, и отиде бракот. Овие имаат проблеми и нервози од јутра до сутра, никој не може да ги опорави. Штета за Али Риза, паметен и начитан човек но, ова е доказ дека како што децата можат да те уништат и повредат, никој друг не може.
И на сите им го плеска в лице она: „Да не бев јас немаше да ја вратите Неџла“. Одма е љубоморна оти родителите ја погледнале и ја прегрнале. Иако Неџла направи голема глупост што избега со Огус, Лејла ич не е цвеќе за мирисање. Почна да се гледа со Огус знаејќи дека до тогаш со Неџла се гледаа. Па ни на другарка не се прави такво нешто камоли на сестра. Огус секогаш ја замолчуваше Лејла со пари кога ќе му се спротиставеше за нешто, Неџла повеќе карактер има и не можеше така лесно да ја лажи. Двете се виновни за тоа што си ги расипаа односите со семејството по еднаш и меѓусебе за маж што не вреди ни да го погледниш. Но мораме да признаеме дека вистина е она што Ферхунде и го кажа на Лејла: дека Лејла цело време го имаше семејството на нејзина страна да и дава поддршка, додека Неџла сама се снаоѓаше како знае и умее, и на крај ја снајде нешто што воопшто не го заслужи.
И двете се хаотични, затоа Огуз ги моткаше околу малиот прст и двете, виде колку им сече паметот. Па кога ќе ми текне дека Лејла пак ќе му се врати на Огуз, ќе имаат дете и овој ќе се изживува врз неподвижниот Али Риза...
Ма и Неџла е ѓубре. Пријателот од барот, и даде пари, ја прими дома, а потоа заради неа изеде ќотек. Дојде дома се кара со Ферхунде. Уште има уста да зборува. Лејла како мало дете, само сака да ја сожалуваат, а и таа е исто виновна како и Неџла. Фикрет избега од дома, се омажи за непознат човек, а сега па не знае дома да се прибере. Таа непотребно се жртвува за будали. Мајка и не е способна едно јадење да направи. Кога си замина Фикрет, Лејла ја нападна дека го оцрнила Огус. Сега вели „ги сакам колачите на дада“. Абе ужас. Шефкет тотална будала и слабак. Има да го докрајчи Али Риза. Јас да сум на место на Али Риза ќе ги оставам со празна трпеза, па нека се снаоѓаат кога веќе знаат глупости да прават. Неир сама чува и воспитува ќерка, па девојката не прави глупости како децата на Али Риза.
И Лејла и Неџла се за никаде, меѓусебната љубомора ги уништува. Истите грешки ќе ги направат, прво Лејла ќе зборува како и простиле на Неџла, па потоа Неџла ќе зборува како и простиле кога ќе избега Лејла со Огуз. Дури и Неџла ќе биде позлобна, се ќе му кажува индиректно на Али Риза дека Хајрие се гледа со Лејла.
Чекај сега, по ова Лејла ќе бега со Огус? Јас ја имам гледано ама заборавив како одеше. И не знам дали Фикрет воопшто ќе се врати кај Таксин откако ќе имаат дете, па тој ќе ја изневерува. Инаку, и Лејла е многу проста. Се вработи па се перчи како да станала министерка. Јаман ја вработи оти е добар, а и Ферхунде го замоли, инаку кој ќе прими девојка која уште се лечи на психијатар. Гадна е самата помисла дека двете спиеја со исти маж, кој е никаков. Лејла велеше дека Огус е гад, ѓубре, и пак ќе му се врати. Неџла по сите глупости дома ја третираат како златце, како да дошла од печалба, а таа бегаше со зетот и ја фатија во бордел. И самата е виновна за борделот. Да имаше мозок брзо ќе сфатеше дека нешто е сомнително со тоа што само девојки има таму, и е многу евтино.
Spoiler Лејла ќе има еден свршеник, Назми, другар или роднина на Џем. Тој се вљубил во неа само што ја видел на слика од свадбата на Џем и ќе сака да се запознаат и ќе му се исполни желбата. Ама од него ќе кријат што се случувало во минатото. Кога тој ќе дознае, Лејла пак ќе доживее слом и не ќе може од срам да биде со него. Тогаш таа ќе им се налути на Неџла и на Џем како тие продолжиле со животот, а неа ја оставиле обележана. Огуз ќе ја моли некое време да се смират, и на крај ќе прифати и ќе се вселат во старата нивна куќа. Ама Огуз ќе биде во брак со Џејда, а таа нема да му дава развод и сите ќе зборуваат дека Лејла живее како љубовница на Огуз. Назми ќе загине во сообраќајка зашто ќе вози нервозен зошто Лејла му се врати на бившиот маж. Фикрет нема да му прости на Тахсин.
Крш се дефинитивно во секоја смисла на зборот. Не ми е јасно како Џем кој е ниво ќе биде пак со Неџла? Огус не сака никого, си бара жртви сами. Тој ја удри Неџла кратко откако живееја заедно. За Лејла не знам, може и неа ја тепал, не знам. Фикрет можеби е правилно да не му се враќа на Таксин, и тој не е маж, кога дозволува мајка му да се изживува со жената и да се швалерисува, се си има граници. Како би ги мавала со шлаканици децата на Али Риза, аауу, со исклучок на Ајше и Фикрет. Тоа е Турција, и тие се многу патријархални. Џем и Неџла се верија, а тој не ја ни бакна. Не знам каква е таа врска и таа веридба. Предбрачен секс е грев, никој не сака таква жена, а не пак жена која бегала со зетот.