1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.499
    Пол:
    Женски
    Лејла по Назми, ќе се врати кај Огуз ќе живеат заедно, па ќе се врати дома бидејќи Огуз нема да може да се разведе од Џејда на која само пари ја интересираат, постојано на Огуз ќе му бара пари, дел од куќата, колата се што ја следувало. Семејството ќе и прости на Лејла, но ќе остане трудна и ќе се врати кај Огуз пак. Фикрет и Тахсин ќе бидат раздвоени, но на крај ќе решат да не се разведат, последната епизода мислам ќе е тоа, но никогаш нема да му прости.
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Кога ја гледав љубовната сцена со Фикрет и Таксин, баш беше грдо, барем за мене. Таа спремаше нешто како бовча, мајка ми вели дека тоа е чаршаф и ноќница, најверојатно е невина, па затоа тоа го зема. Уфф, баш грозно. Реално таа е ѕолку осамена што се радува на какво било внимание, а тој како и секој друг маж има потреба од секс. Сега ќе ја затрудни и ќе си најде љубовница. Таксин е мамино синче, не смее ни секс дома да има со жената, угодува на мајка си. Селанец во вистинска смисла на зборот. Лелја па тотална ретарда. Не сфаќа дека стариот адвокат само сака да ја легне оти е лабилна. Таа па како идиот не знае да се откачи од него, не може тој да и биде пријател, а згора на тоа се покажа неблагодарна и практично испаѓа како да го растури бракот на докторката.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Тахсин нема да најде љубовница :D, пијан беше и не знаеше кај се наоѓа. После пејачката му се закачи.
     
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Јас Фикрет не ја сакам како лик, не знам зошто тука многу ја бранат кога ни таа не е со сите. Очигледно има фетиш за постари вдовци, нели се надеваше дека ќе биде со тој што го носеше синот кај Али Риза на часови. Минатата сезона кажаа дека има 28 години, толку не можеше да најде некој на нејзина возраст во цел Истанбул, не знам. Со право домашните и се налутија, наместо да замине во пустелија со непознат човек да му ги чува децата за да го нервира нејзиното семејство, можеше да најде некоја работа и да се осамостои, да почне да запознава луѓе. Кога има за Лејла работа, што остана за другите.
     
    Последна измена: 25 март 2021
    На VDT2906 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Во право си. Кога рекоа дека има 28, јас се зачудив, мислев да не се 38 години. Постаро изгледа. Се облекува како баба. Ама и таа е очајна, се надеваше на тој човекот со детето иако и тој изгледаше повозрасно не беше за неа. Искрено не е ок и таа. Точно дека во Истанбул град со 15 милиони, таа најде на слепо да се мажи со вдовец кој има 3 деца и екстра напорна мајка. Уште и среќна е што успева да ја истрпи Џеврие и што нема таа да го растури бракот. Не е понетата некој да те третира како ѓубре, а ти да издржиш. Сите комплет имаат многу киксови. И Таксин јас не знам, не знае да се справи со мајка си. На што личи тоа? Никаков маж. Секогаш носи одела по еден број поголеми, клипаат на него. Арно рече Ферхунде се облекува како селанец.

    Лејла е навистина многу глупава. За што плаче и самата не знае. Сака тате да ја теши.
     
    На VDT2906, cresa-jagoda и Аргентина * им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Актерката е 10-тина години постара од ликот што го толкува, затоа изгледа така.
    Мене ми е мн антипатична во улогава, искрено. Од почеток до последна епизода ми беше антипатична.
    Таа си имаше умислено дека на 28 години е стара мома (facepalm) т.е. тоа и беше изговор да се пали на вдовци и да го комплицира животот. Од главата си пати, од што сака да биде пожртвувана страдалничка.
    Свршеникот го напушти поради нешто што направил неговиот татко, не знам што љубов ќе било од нејзина страна.
    Недостатокот на стил и го искоментирав уште кога почнав да ја посетувам темата. Родителите и се покул облечени од неа.
    Тахсин и Џеврие се такви какви што се. Таа не требаше да се вселува кај непознати. Тахсин го виде пред да се договорат за брак, знаеше дека не е Војводата од Кембриџ.
    Фикрет ми е малку како психо. Се сетив дека Огуз се плашеше од неа и и се обраќаше со “госпоѓо Фикрет“ :rofl: а тука негде се со години.
     
    На VDT2906 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Кога ја гледав бев помлада, а сега поинаку ја доживувам серијата. Сите се виновни за ситуацијата во која западнаа. Па и Али Риза кој се расфрлаше со зборови како „нечесници“, сепак не е во право за многу работи. Како тоа направил и 5-то дете по стари години и Фикрет морала да го чува, да готви, да не се запише на факултет. Сите живеат во заедница, па така и Шефкет кој е женет, го има теретот на семејството со многу деца кое не го створил тој, туку Али Риза. Буквално понекогаш Шефкет ја прашува Ајше колкиу пари треба пример за нешто во школо за да распоредат трошоци. Тотално нелогично.
     
    На темјанушка, mode-kristina, Glowy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Неџла е стока. Сега се присеќам поради какви моменти почна да ме нервира. Лејла е многу понаивна и глупава. Поради неа се разболе, а го замоли татко и да ја прими назад, и после тоа што и го направи и ова однесување со сиот ум ќе и прости. Да не заборавам дека ќе и го спаси и животот.
     
    Последна измена: 26 март 2021
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.920
    Пол:
    Женски
    Јас па Лејла не ја сфаќам ич. Влезе во врска со Огуз веднаш откако родената сестра беше со него. Тој секој сомнеж ѝ го замолчуваше со пари. Сакаше Неџла љубоморна да ја направи. Најголемата грешка на Неџла ѝ беше што избега со Огуз не сфаќајќи дека и неа тој ја лажи. Убаво ѝ велеше Фикрет на Лејла за Огуз, ама оваа не ја послуша и дури откако ја силува таа си продолжи со него. Дома таа им рече на нејзините да ја земат Неџла назад, сега мрчи и се кара со неа. Се зближи со женет маж знаејќи која му е намерата, отворено ѝ кажа дека му се допаѓа, не дека сака пријатели да бидат.
    Двете се виновни, ама во моменталнава ситуација мислам дека Лејла е повеќе виновна, за понатаму не можам да кажам.

    И оваа Хајрие колку ме нервира. Ја убедува Лејла да влези во врска со Џан бидејќи бил богат, на Неџла ѝ велеше дека Џем за неа сигурно се вратил Турција, уште сака да се пак заедно бидејќи е богат. Само во пари ѝ е умот и што побрзо да ги омажи ќерките да не ѝ бидат терет дома.
     
    На темјанушка и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    За тоа што Лејла се плеткаше со Огуз еднакво виновна е и Неџла, бидејќи и даде одобрение да прави со него што сака и го прифати тоа како да е нормално. После кога тој се скара со Лејла, Неџла пак излегуваше со него, па може да се каже дека и врати уште пред бракот.
    Неџла ја наоѓам за повиновна бидејќи е пресметана и нема здравствени проблеми како Лејла. Неџла е нелојална и не сака никого, со покајничкото лице само ги манипулира луѓето. Со Огуз избега за инает од сестра и, и од интерес, Џем и се виде досаден и скржав, мислеше Огуз ќе ја носи во Германија. И кога Џем ќе умре, таа за брзо ќе се премажи. Ова што се изнасмеа за менталната болест е дно. Лејла е поемотивна и поприврзана за нејзините. Неџла гледа од кого има корист. Самата и призна на Лејла дека на нејзино место не би ја примила назад.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Ужас се и двете. Никаков морал. Срам е непознат поим за нив. Прв пат кога се врати се срамеше пред Седеф, и потоа си тера како ништо да не било. Инаку, ми се допаѓа додворувањето на кафанџијата Ахмет на Неир. Таа е сама жена, без маж, па внимава како се однесува, не сака да ја озборуваат соседите.
     
    На Amellie13 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Џем ќе умре?
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Да, поради нив. Џем е срцево болен колку што помнам. Ќе биде нешто во врска со Шефкет, ама не можам да се сетам што. И оваа Неџла ќе наследи се негово и ќе има удел во фирмата, и таму, преку работата ќе си најде нов за кратко. Мајката на Џем ќе се изеде од нервоза.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Чума се семејството Текин, навистина. Седеф и Неир дури и премногу им посветуваат внимание, и им помагаат.
     
    На christinnn, Amellie13, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Има толку многу нелогичности во серијава.
    Фикрет глуми 28годишна, а изгледа како да има 40г.
    Хајрие и Али Риза, пензионери да речеме некаде околу 60/64, а имаат 10годишна ќерка. :?:

    Сакав да речам, не чудете се на некои нивни сфаќања сетете се само дека серијава е постара.
    Бидејќи и кај нас порано имаше исти вакви ставови кои сега ни делуваат чудни и заостанати.
    Како на пр. да се омажиш со разведен, вдовец, да имаш љубовница и сл.

    Многу нешта кои порано ги сметавме за неморални сега станаа нормални.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Мене ми е смешно тоа како наоѓаат вереници. Другар од факултет, се држите за рака, и ооппп вереник. Глупости.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Ги памтам Огуз и Лејла како одличен пар по смирувањето, едвај чекам да ги гледам и нив и бесот на Неџла која цела серија ќе се замара со тоа. :rofl:
    Неџла ќе биде многу смешна по некое време откако ќе се збогати, како тетка ќе носи некои бунди и пунџи, ќе и парира на свекрвата.
    Ама не си може со баба Фикрет мргодот.
    И Лејла понекогаш делува како покондурена сељанка со изборот на облеката.
    Ферхунде има најдобар стил во серијава, секогаш е топ скоцкана и се и стои беспрекорно, почнувајќи од фризура и шминка.
    Ама во табиет е како внука на Џеврие, па си сакаше да ја слушне на телефон :rofl::rofl::rofl:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Мајка ми цело време ми зборува дека жената која Али Риза ја сретна на пазар, има дете со него. Јас се си мислам дека така нема да биде. Шефкет претера ептен. Каков слабак.
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Али Риза нема дете надвор од брак.
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Многу ми беше смешно кога Ѓулшен му рече на Шефкер дека очекува да го унапредат, после контролата.
    Да и јас очекувам да го унапредат, само во затвор. :rofl::rofl:
     
    На stilas7 и Tanjamm им се допаѓа ова.