На адвокатон Џан не му иде памет. И покрај тоа што Али Риза разговараше со него, тој пак и вели на Лејла “изнајмив стан, сам сум таму“ Оној Јаман се прави невин, а тој го воведе Шефкет во комар и нема оправдување. Коцкањето не е добра работа. Во Турција дури се забранети со закон казина, така да, ќе да е нелегално тоа што се собираат да играат за пари. Секако, Шефкет самиот си е виновен зашто е глуп и никој друг, но Јаман се однесуваше како сите да заработуваат милиони на ден ко него.
Јаман има многу пари, и за бизнисмените тоа е како шега, забава, но Шефкет е сам виновен, не требаше да се впушта во такво нешто кога едвај врзува крај со крај.
Да, јасно. Но Шефкет на почетокот го одби, а Јаман инсистираше. И дури откако заврши партијата му кажаа дека играат за пари. Шефкет помисли дека е добар играч, се залета, а и мало дете знае дека кога некој почнува, му попуштаат дури да го навлечат, за потоа да го соголат. Не може тој да биде подобар во играта од оние кои со години седат на таа маса. Не знам како не му работи главата, инспекцијата на работа изгледа им дојде зашто клиентите што ги правеше будали пријавиле. Тој си мисли дека така ќе помине.
Сигурно пријавиле клиентите. Директорот нели кажа дека не се сомневал во него. Друго, и Ѓулшен знае што прави, и јасно и е дека кога тогаш ќе го фатат. Тој оа нервозен, дрзок, сам се издава, не го фаќа место.
Да, знае таа за долговите на Шефкет. Инаку кога тој ќе заврши во затвор? Сега инспекцијата ќе го фати или подоцна, кога ќе ја превземе вината на Огуз?
Знам дека Ферхунде многу сплетки правеше ама таа не го натера Шефкет да кради и да се најди во ваква ситуација. Ова е негова вина, многу слаб карактер е.
Спојлерот е за наредните епизоди, кој сака нека прочита. Spoiler Шефкет една ноќ ќе се врати дома да ги собере работите за да бега од државата. Седеф ќе го убеди да се предаде и мислам дека со татко му ќе оди во полиција и ќе го затворат. Ферхунде е бремена, ама ќе абортира зашто немаат услови да го чуваат детето и тоа многу тешко ќе и падне. Таа ќе се вработи во една фирма и ќе почне афера со, мислам сопственикот, тој е роднина (брат ?) на оваа што му беше свршеница на Џем, нели Ферхунде ги следи нив во списанијата. Ама ќе имаат нестабилна врска. Ферхунде ќе крие дека е во брак. Хајрие ќе ја начека Ферхунде со него, ќе ја искубе и ќе ја избрка од дома, така Ферхунде ќе се разведе од Шефкет. Шефкет откако ќе излезе од затвор, ќе му каже се за неа на тој Левент, кој ќе се смири со својата бивша. И така Ферхунде и семејството Текин ќе бидат постојано во војна, нема да ги остава на мир. Отприлика вака ќе биде.
Meне ми е симпатично додворувањето на кафанџијата Ахмет и Неир. Разбиваат малку од трагедиите на семејството Текин. Хајрие пак мајка и бара да оди кај Фикрет и Таксин дома, кога гледа каква е Џеврие.
Spoiler Инспекцијата ќе го открие. И директорот ќе отиде со инспекцијата дома кај Шефкет, за да си ја призне грешката и ќе им понудат да платат и за да не го пријават во затвор да оди, мислам дека ваква понуда имаше, но кога ќе дојдат, Шефкет ќе избега низ задната врата. После ќе мора директорот да пријави во полиција и тој ќе има последици дека одма не пријавил, а на Шефкет, Седеф ќе го убеди да се пријави кога ќе сака да побегне надовор од земјата.
Па и директорот му нуди компромис, на рати да плати, да не им се уништи угледот. Требаше да го уапсат уште на работа, а не вака. Сите се виновни за она што ги снајде. Убаво му кажа Ферхунде на Али Риза, ако таа е виновна за Шефкет, кој е виновен за Лејла и Неџла.
Здраво на сите, со оглед на тоа што ја даваат повторно кога лисјата паѓаат, ме интересира дали знае некој кога ќе се смират Лејла и Неџла?
Она Ајше каков провокатор е само глупости тресе. И двете мали деца на Тахсин се некултурни, нема кој да ги воспита.
Шефкет е ѓубре, ја искористи Седеф, затоа што знае дека е добра и го сака. Арно рече Неир дека е идиот.
Мислам дека синот на Севда повеќе ќе го усреќел Али Риза од неговите родени деца. Сама го воспитала подобро отколку Али Риза и Хајрие нивните. Џеврие луда , од љубопитност се качи во автобус за Истанбул, им отиде дома. Онаа Фикрет и прави гримаси, после зошто не ја сака. Сваќа им е, што е страшно ако ги посетува....како мисли да се зближат и да ја прифати....
Сите проблеми во семејството произлегоа од Хајрие, таа мислејќи дека им прави добро на децата ако се богати, дека ќе бидат среќни, свесно ги туркаше во провалија, криеше се и сешто од Али Риза, и на крај се растури цело семејство а Али Риза дочека еден суров период каде сите го кошкаа и си замина човекот со грутки на срце од сите можни деца. Ептен беше емотивна сцената кога почина Али Риза, го преплакав, колку жално што не го дочека Шефкет од затвор и не дочека да доживее скромни и мирни денови во староста, наместо тоа, него го уништи прво жена му, а потоа и децата. Серијава е доста поучна, да, Али Риза можам да кажам дека беше премногу чесен и можеби закоравен за 21 век, но тој ги негуваше сите вредности кои одамна се загубени, сакаше така да прави и неговото семејство, ама едноставно родени беа во погрешен век и погрешен модерен град Се сеќавате кога играше серијава пред 10-11 години, кога почина Али Риза, на фб правеа посмртници, нешто некои ивенти организираа, до толку што навлегоа сите
Хајрие е лакома. Му предложи на Али Риза да ја стави Таксин под хикоптека нивата. Значи колку е од интерес, и арно ја подбра тој.