1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога лисјата паѓаат (Yaprak Dökümü) [А1]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbica, 31 август 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Мене ни Али Риза не ми е јасен. Паметен и прибран човек да има онакви деца. Знаејќи дека Хајрие е проста, необразована, тој требало повеќе внимание да им посвети ним. Ама изгледа одбрал да си живее во фантазии.

    И многу е толерантен и наивен :( Кога му викаше на Шефкет зошто го поканиле Огуз на гости, Ферхунде им влета среде разговор, имале право да носат дома кого сакаат. Требаше да и рече, тоа кога ќе стане газдарица на нејзина куќа може да прима гости по избор, а тој се си премолчува и собира во себе.
     
    На eliesaab, Tanjamm и Amellie13 им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Ма со шамари би ги мавала бе, а не со поговорки ќе го воспитува, како да тие разбираат. Децата тотално се без осет. Лејла е толлку глупава, не знае да се откачи од стариот адвокат, а Неџла бар се боде околу Џем, сакала да се дообјасни. Што да му објасни брее, само курви бегаат со зетот. Џган се дефинитивно. И во право е Неир што се загрижи да не испадне виновна и Седеф оти му помогнала, Таа па будала го жали.
     
  3. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Кога Али Риза ќе добие мозочен/срцев удар?
    Го изедоа човекот и жената и децата.
    Камен да е ќе пукне.

    Харјие навистина е проста негледа дека фамилијата и се распаѓа, таа се на парите мисли.
    И постојано само кука Оф, лелеее. |(

    Џеврие царица, ме смее за сите пари што се вели. :rofl::rofl::rofl:
     
    На Hoping и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.497
    Пол:
    Женски
    Кога ќе оди Шефкет вторпат во затвор.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    А зошто по втор пат ќе отидеше во затвор? :?:
     
  6. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.497
    Пол:
    Женски
    За да не оди Огуз во затвор. Огуз ќе го убие газдата со кој ќе матат работи. По убиството прво ќе му каже на Шефкет, па ќе разбере и Лејла, се ќе биде истото утро. Планот на Огуз ќе биде да ги сокрие пиштолите во градината, притоа исчистени. Но кога ќе дојде полицијата кај нив, Шефкет ќе го земе од градината пиштолот и ќе се предаде како тој да го убил, со изговор дека постојано газдата ги вознемирувал, на цело семесјтво. Тоа ќе го направи да не го остави бебето на Лејла без татко, со изговор дека ништо не направил паметно во животот, на никој не бил од корист, барем сега на сестрата да и помогнел.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Џеврие барем не смее. Жената нема влакна на јазикот. Со пуштање на проблематични луѓе во животот како Огус, и Ферхунде ете до каде стасаа.
     
    На eliesaab и темјанушка им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Многу си лоша бе ти :tmi:

    Неџла си се снаоѓа, итра е и манипулативна повеќе од што изгледа. Знае таа и да плаче и моли за прошка, и да одигра недопирлива. Главен мотив и се парите. Огуз го немаше видено ни како изгледа, се што знаеше за него беше дека има скапа кола и почна да се слуша по тел.
    Додека Лејла не е некоја препредена, прави како што гледа од другите. На курс се запозна со проблематични деца и тргна по нивни памет, одма направи белја. А вака вообичаено, главна инспирација за глупостите и е Неџла.

    Тоа ќе се случи на крајот од четвртата сезона. Има многу до тогаш.
     
    На Glowy, Hoping, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Да, Неџла манипулира. Ако навистина се срами, таа ќе го избегнеше Џем, а таа откако дозна дека раскинал со девојката, па демек жал и е, па да се извини, а всушност сака да биде со него, не за друго, од интерес. Ферхунде виде дека тонат и сака да избега од нив. Тука ја оправдувам. Хајрие па глупава мисли дека Ферхунде ќе работи, и ќе плаќаат рати за кредит заедно со нив. Како да не. Не е должна да ги трпи сите нив, па и нејзиниот мутав син. Неџла и Лејла па ќе му помогнеле на Али Риза. Ќе плаќале заедно. Како да не. Тоа што тие го заработуваат е ништо, џепарлак, а и којзнае до кога ќе работат, додека едната не се врати кај Џем, а другата кај Огус. Тие воопшто немаат обзир кон родителите, а Фикрет има премногу и тоа ја уништува. Веќе е уништена. Од неа сите направиле стара мома и слугинка предвреме.
     
    На Glowy, темјанушка и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    5.506
    Пол:
    Женски
    Ја гледам по втор пат и пак ми е поинтересна серијава од сите останати турски во моментов што ги гледам : Ангели црната хроника и Суровиот град која ми оди во позадина кога работам по дома. И пак ја доживувам како прв пат.
    Најмногу ме изреволтира тоа што Ферхунде ја обвинија за мизеријата на Шефкет, како тој да е мало дете без сопствен разум, та Ферхунде го натера да се коцка. Слабак е, таков карактер е и толку. Друго, Ферхунде го одвраќаше, ама тој продолжуваше. Располагаше со нејзини пари. Таа го трпеше и трпеше тој да им купува облека, книги, телефони и плаќа школување на своите сестри. Едно е да се учествува во храна и сметки во заедничко домаќинство, сосем друго е да ги издржува сестрите при живи родители. Ферхунде не е цвеќе, живее од уцени, но ми била и сега ми е омилена. Од една страна длабоко емотивна, од друга страна борбена, можеби на погрешен начин но таква е. И реална и непосредна.Грешка и беше што даде отказ да седи дома и да се труе со тапото секојдневие на Хајрие.Хајрие, пак не се трпи. Офка, туфка, само што миљето го вратила на телефонот. Една од оние зинати за пари, напаѓа се околу неа што не заработува доволно, а таа седи и лелека. Али Риза е таков каков е , затоа и децата ги направија тие грешки. Ги изолираше од целото опкружување, не ја изживејаа младоста, лажеа по дома за да не бидат прекорени. Неџла за да биде навистина со Џем мораше претходно да го изгустира Огуз. Тоа е се резултат на оковите и претераното морализирање и втерување страв во коски од животот. Од пустото да се зачува чесното име и презиме.
     
    На christinnn, firequeenn, Hoping и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Всушност, децата на Али Риза патат од комплекс на повисока вредност бидејќи татко им бил градоначалник. Очекуваа да добијат посебен третман од луѓето, сите да ги тинтраат и секогаш да бидат во центарот на вниманието. Така, Лејла и Неџла треба да ловат богаташи по секоја цена, Шефкет може да врши криминал и да верува дека не му следуваат последици, Ајше може да ги малтретира децата во школо, а на Фикрет откако поранешниот вереник престана да ја моли, остана да продава аристократски манири во некое село богу иза леџа.
    Ем се борат помеѓу себе за пажња во рамките на семејството, кој поголема глупост ќе направи, нему родителите ќе му посветат повеќе грижа.

    Ферхунде не ја бранам овој пат, зашто убаво и беше кога Шефкет добиваше на коцка во почетокот, тогаш не го разубедуваше. Знаеше дека крадел од банката и се смешкаше. Не требаше Али Риза да и се извинува за тоа што и префрли. На Лејла и Неџла им го переше мозокот дека немало ништо страшно во тоа да се гледаат со ист, така било современо (facepalm), да не останувале заостанати како сестра им Фикрет. Се за да му докаже на Али Риза дека неговите деца не се подобри од неа и успеа во намерата. Ферхунде си е уште дете во паметот, таа не созреала поради траумите што ги доживеала во детството и како тинејџерка крие солзи, неправилно менаџира со емоциите.
     
    На firequeenn, Hoping, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Алфа има најјаки технички проблеми :rofl::rofl::rofl:
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    54.920
    Пол:
    Женски
    Ии изгледа ја прекинаа епизодата предвреме. :D
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.840
    Допаѓања:
    12.396
    Кога ги гледам ликовите од серијата, си велам сите лоши навики кај нас се останати од пет века турско ропство. И кај нас народот глуми лажен морал, важно е што ќе каже народот, се озборува, живееме по неколку генерации заедно во иста куќа. Пиеме многу кафе, јадеме слатко, бурек. Дури она што денес го видов меѓу Лејла и Неџла, љубомората, и кај нас сум го видела до многу семејства, дека децата се љубоморни едно на друго, за образование, брачна состојба, имотна состојба на партнер и слично.
     
    На eliesaab, Hoping, Glowy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    Кога идам да сварам кафе ги заслушувам турскиве серии и истово сум го искоментирал на луѓе.
    Пет века си го направиле своето
     
    На Tanjamm и темјанушка им се допаѓа ова.
  16. joci26

    joci26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2020
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Sto kje se slucuva so Sefket vo zatvor, se sekjava nekoj?
     
  17. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.497
    Пол:
    Женски
    Нема нешто многу да се случува. Ќе се спријатели со еден што ќе е скаран со Огуз, ќе има малку мешаници, но ништо интересно. Потоа и со Огуз ќе бидат во иста ќелија, ќе биде напнато малку, но ќе се смири тензијата. Ферхунде ќе дојде ќе каже дека не сака да се разведе.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    919
    Пол:
    Женски
    Зошто нема да сака да се разведе нели целта и е да се омажи со Левент?
     
  19. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    6.497
    Пол:
    Женски
    Ќе сака двајцата да ги има во игра. А со Левент топло-ладно ќе биде.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.236
    Допаѓања:
    6.671
    Левент ми е право освежување во серијата!:D
    Презгоден, паметен и современ.:inlove:
    Сакам такви мажи што сто пати ќе размислат па ќе кажат нешто..Пополека.
    Баш ме интересира што ќе се случи меѓу него и Ферхунде.Познавајќи ја неа нема да и биде проблем да е со него додека маж и стапува в затвор.Сепак,како Левент ќе прифати тоа што таа е мажена ќе видиме.
    Сакам Неџла да се смири со Џем,не знам зошто, онака убав пар ми се.
    Лејла не ја поднесувам последно,само нешто не и чини, само нешто и боди око, мразам такви жени што за се имаат замерка.
    На Фикрет јака и душа со Џеврие,да ми е мене досега ќе си имав заминато од куќата.:rofl: